Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Концептот на палео-диетата се темели на тоа дека луѓето еволуирале милиони години пред неолитскиот период кога исхраната поради развојот на земјоделието значително се променила. Житните зрна не биле застапени во исхраната на праисторискиот човек. Човекот во исхраната ги вовел во текот на агрокултурната револуција пред 10 000 години. Во изминатите 200 години индустриската револуција уште позначајно ја променила исхраната на човекот, особено со појавата на преработувачката, прехранбена индустрија и употребата на вештачките адитиви кои го продолжуваат рокот на трајност на прехранбените производи. Овие промени според многу научници се причина за многу болести на модерната цивилизација вклучувајки ја и дебелината, дијабетесот, срцевите заболувања и ракот.
Многу научници кои се занимаваат со оваа проблематика тврдат дека човековата генетика најдобро е приспособена кон исхраната на нашите предци пред земјоделската револуција. Како таква палеолитската диета се базира врз јадењето храна која била достапна на луѓето во тоа време.Многу производи се забранети со оваа диета или забрана на сите производи кои се преработени, како шеќерот,солта, житните зрна и нивните производи (леб,пченка,пченица,ориз,тестенини...),млечните производи, квасец,кафе и алкохол.И компирот е забранет, затоа што е генетски и нутриционистички поинаков отколку во каменото доба.
Иако во оваа диета се елиминирани и преработените јаглехидрати, оваа диета е помалку ограничувачка отколку на пример Аткинсоновата, бидејки во неа се дозволени повеќето овошја и зеленчуци и тоа дури и во неограничени количества.
Дозволени продукти
Месото и јајцата се најважните компоненти на оваа диета. Се препорачува месо од органски одгледани животни.
Зеленчук .... се е дозволено, освен грав и компири. Смеат да се јадат и печурки.
Овошје.... ореви, бадеми, лешници
Мед и сушено овошје... во мали количества
Масла.... само некои, маслиново и ленено
Пијалоци.... вода и чај
Позитивни страни на оваа диета
Зголеменото внесување на протеини го намалува апетитот и го забрзува метаболизмот. Високопротеинската исхрана ја одржува мускулната маса. Ваквиот начин на исхрана особено му одговара на лицата со дијабетес, срцеви болести и рак, ја чува коскената срж и го намалува ризикот од заболување како остеопороза. Нема броење калории и мерење на оброкот.
Негативни страни на диетата
Диетата не се препорачува на луѓе кои не можат без јагленохидрати и скробни продукти.
Бара многу посветеност и придржување на менито, што во друштвени ситуации може да претставува потешкотија,
Бара период на прилагодување на организмот без кафе , шеќер и преработени прехрамбени производи.
3
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Втора недела од бременоста, што се случува?
Кога се зборува за втората недела од бременоста, многу жени се изненад...
Како летните горештини влијаат на бременоста?
Летните горештини можат да бидат непријатни за секого, но во бременост...
Краток водич - витамини од A до K
Витамините се неопходни за нормално функционирање на организмот. Секој...
Храна што е забранета во бременоста и зошто
Бременоста е период кога исхраната има големо влијание врз здравјето н...
Менување пелени, што да користите и што да избегнувате?
Менувањето пелени е една од најчестите и најважни рутини во грижата за...
Дали вашите момчиња си ги допираат пенисите?
пеперутка16
Моето три и полгодишно дете постојано си го допира пенисот и не престанува. Пробав разни начини да го спречам, но не функционира. Не боли, не чеша, добро е. Хигиената е на ниво. Би сакала некој да ми пише како ја решил. Ви благодарам.