|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Оживеа бебе прогласено за мртво!

Редакција Рингераја, 17.7.2013
Малата бразилка Yasmine Gomez престанала да дише по кратко време откако се родила, а потоа болничката сестра го оставила нејзиното тело во болничката капела...Но, се случило чудо!
Клучни зборови:

image
/11


 

 

Изгледало како семејна трагедија – бебето е прогласено за мртво откако се родило во болницата во бразилскиот град Лондрина. Медицинската сестра која асистирала на породувањето немала срце да го стави малечкото тело во мртовечница, туку го ставила во кутија на олтарот во болничката капела.

Мајката Џенифер била вон себе. Таткото Cleverson Carlos ја дознал трагината вест додека чекал во ходникот. Потоа отишол во капелата.

“Го видов безживотното тело на моето мало девојче. Не можев да стојам таму и истрчав со солзи надвор од капелата”.

По нешто помалку од три часа по девојчето дошла нејзината баба Elza Silva заедно со семејната пријателка Rosilis Ferro и заедно отишле по мртвото тело на бебето. Меѓутоа веднаш откако го зеле во прегратка, бебето ја помрднало ногата.

“Не можев да верувам, тоа беше многу емотивен момент, почнав да се тресам”, рекла Rosilis Ferro  и додала дека веднаш ја викнале медицинската сестра.

Таа не верувала дека малата е жива и мислела дека се работи за посмртен грч. А тогаш малата Јасмин ги отворила очите, рекла Ferro , која веднаш почнала да ја гушнува и бабата Elza од радост.

“Твоето бебе е живо” истрчал некој во собата на мајката Џенифер, која била опкружена со семејството кое ја тешело и почнало да ја извикнува радосната, чудесна вест

“Не знаев што да мислам, мојата реакција изостана. Но пота не можев да ја совладам сопствената среќа”, се потсети мајката на тие неверојатни моменти.

Детето било веднаш пренесено на интензивна нега, во друг одделение и неговата состојба е прогласена за стабилна. Докторите и сестрите не можеле да веруваат што се случува.

“Беше мртва, ве уверувам, сите нејзини витални знаци покажуваа потполно отсуство на живот”.

“Знам дека сите за овој случај ќе имаат свое мислење, но само ние сме тие кои знаеме што се случи. Во 20 годишната медицинска пракса не сум видел ништо слично”, изјавил за новинарите доктор Aurelio Filipak кој заедно со својот тим безуспешно се борел за животот на девојчето еден час откако престанало да дише.

Мајката Jennifer Gomez објаснила дека враќањето во живот на нејзината ќерка е Божјо чудо и тоа и е сосема доволно.

“Чудата можат да се објаснат. Се случуваат кога Бог ги сака. да беше негова волја таа да умре, ќе морав да го прифатам та. Но ТОЈ ја врати во живот, што на сето ова му дава некаква подлабока смисла”, рече мајката и додаде дека на својата ќерка ќе и даде второ име Victoria (Победа), за да го одбележи нејзиното враќање во живот.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Дијареа (пролив) кај децата
Летото е сезона на цревни инфекции. Високите температури придонесуваат за размножување на бактериите, вирусите и цревнит...
4
Бебиња на познатите во 2012 година
Многу познати личности можат да се пофалат со најубавите подароци кои ги добиле во годината која е зад нас – слатки, пре...
4
Здравствени проблеми кај недоносените бебиња
Недоносени бебиња се сметаат оние кои се родени пред 37 недела. Поради поминат краток период во стомакот на мајката, им ...
3
Каков треба да биде првиот разговор со пед...
Тргнувајќи уште за првиот прием кај педијатар, секоја мајка би сакала да знае каков лекар ќе има нејзиното дете
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?