|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Ова не го знаевте за породувањето

Редакција Рингераја, 24.3.2015
Породувањето може да биде неверојатно искуство, но и неубаво искуство. Исто како што нема две исти мајки и бебиња, исто така не постојат две исти породувања. Моментот во кој мислите дека знаете се за породувањето, е момент во кој не знаете ништо...

image
Породување
/11


 

Породувањето не е завршено кога бебето ќе се роди

Треба да ја породите уште плацентата, откако ќе го родите бебето, па немојте да бидете изненадени кога ќе ве натераат да напнете уште еднаш. За среќа, плацентата ќе излезе многу брзо, лесно и безболно.

 

Терминот за породување е преценет

Жените сакаат да го знаат терминот за породување за да чекорат кон него. Знаејќи го денот во кој ќе го донесат на свет долгоочекуваното бебе,  им помага да поминат низ деветте месеци. Како и да е, вистината е дека само 5% од жените се породуваат на терминот. Затоа немојте да бидете изненадени ако бебето не се држи до планот.

 

Ако имате епидурална анестезија не значи дека сте целосно вкочанети

Епидуралната анестезија е форма на сузбивање на болката, во долниот дел од телото на жената. Се администрира со игла во грбот на жената. Но тоа што имате епидурална анестезија, не значи и дека немате чувства. Известете го докторот ако ги чувствувате контракциите. Нормално е да не бидете целосно вкочанети, туку подобни за породување со минимална болка.

 

Не можете да јадете и да пиете со епидурална анестезија

Ова е недостатокот на епидуралната анестезија. Породувањето  одзема многу сила независно дали со епидурална или не, но кога тоа се прави на празен стомак е уште потешко. Изедете добар оброк пред да се упатите кон болницата, ако планирате да се породувате со епидурална.

 

Бебињата можат да изгледаат како да се прекриени со урда, кога ќе се родат

Не, кожата на вашето бебе нема секогаш да биде таква. Оваа прекриеност со бела материја почесто се гледа кај бебињата кои се родени пред 40 недела. Позната е како верникс, што претставува заштита на кожата на бебето додека е во материцата.

 

Бебињата може да имаат влакна по целото тело, не само на главата

Можно е вашето бебе да има влакна на рацете, рамената и грбот, кои можат да бидат прилично темни. Овие влакна исто така ќе отпаднат со тек на време.

Формата на главата на бебето ќе се промени

Ако се породувате вагинално, коските на главата на бебето ќе се компресираат , за да можат да поминат во породилниот канал. Тие нема веднаш потоа да добијат тркалезна форма. Всушност, формата на главата на бебето може да биде прилично конусна неколку дена. Овој ефект може да биде и полош ако се употреби вакуум за време на породувањето.

 

Папочето на бебето не заздравува веднаш

Папочето на бебето ќе биде врзано веднаш по породувањето, но ќе стои неколку денови, додека се исуши и падне. Тоа ќе биде малку крваво и со темна боја и воопшто не е симпатично.  Докторите ве советуваат да не го допирате. Послушајте ги.

 

Породувањето може да биде неверојатно искуство, но може да биде и неубаво искуство. Исто како што нема две исти мајки и бебиња, исто така не постојат две исти породувања.  Моментот во кој мислите дека знаете се за породувањето, е момент во кој не знаете ништо. Затоа не треба да се грижите што не сте експерт, само длабоко вдишете, бидете храбри и енергични и подгответе се за изненадувања.

Среќно!

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Може ли бебето да почувствува кога го гала...
Ова е класична поза за бременост: трудница која го гали стомакот, со насмевка на Мона Лиза на лицето
3
Тeoecar: Мојата породилна приказна
Моментот кога јас се претворив во “ние”
3
За Милица, која ја запознав во породилната...
Влегувам во породилната сала...На столот за породување стои млада личност која има дваесет години, слаба, со пропаднато ...
3
9 засрамувачки симптоми на бременоста
Еве неколку од нормалните симптоми на бременоста кои ги засрамуваат трудниците:
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?