|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Осумте лаги на мајка ми

Народна мудрост, 10.5.2013
Мојата мајка не ја зборуваше секогаш вистината. Ме излага осум пати, во битни животни моменти.

image
/11


 

 

Приказната почнува со моето раѓање. Роден сум како син единец во многу сиромашно семејство. Сиромашно до таа мера што немавме доволно храна, а камо ли нешто повеќе. Во ретки моменти се случуваше да имаме малку компири дома. Мајка ми би подготвила скромен оброк и секогаш својот дел би го префрлила во мојата чинија говорејќи: “Јади сине, јас не сум гладна”.

Тоа беше нејзината прва лага.

 

Кога малку пораснав, мајка ми, по завршувањето на домашните работи, ќе отидеше до реката, која се наоѓаше блиску до куќата, надевајќи се дека ќе улови риба, за да јадам здрава храна и да се развивам како и сите други деца. Во една прилика успеа да улови дури две риби. Побрза накај дома, ги подготви рибите и ги стави во чинија пред мене. Јас малку по малку јадев од рибата, а мајка ми го јадеше она што остануваше на коските. Гледајќи го тоа, моето срце затрепери и другата риба ја ставив пред мајка ми, а таа ми ја врати велејќи:

“Сине, изеди ја и другата, знаеш дека јас не јадам риба”.

Ова беше нејзината втора лага.

 

Поминуваше времето и дојде денот на моето поаѓање во училиште. Бидејќи немавме доволно облека, мајка ми отиде во еден дуќан за облека и се договори со сопственикот да продава облека по куќите на богатите луѓе. Една ладна и дождлива ноќ, мајка ми се задржа подолго на работа. Чекајќи ја дома се загрижив и излегов да ја побарам. Ја здогледав како носи торба со облека и тропа на вратите на луѓето. И викнав: “Мамоооо, дојди. Да си одиме дома, доцна е и ладно е. Можеш да продолжиш утре наутро!”

Таа се насмевна и рече:”Сине мој, не сум уморна”.

Ова беше нејзината трета лага.

 

Дојде денот на полагање на испити во училиште. Иако беше многу жешко, мајка ми сакаше да дојде со мене на училиште. Сонцето ја пржеше земјата а површината на песокот трепереше од жештина. Влегов во училиштето, а таа остана да ме чека во училишниот двор. Кога завршија испитите, излегов од училиштето, а таа ме дочека во топлата мајчинска прегратка, исполнета со љубов и милост. Во рацете држеше ладен и свеж сок, кој го купила за мене. Кога почнав да го пијам, се завртив и погледнав во неа: по целото тело и течеа капки пот. И го подадов шишенцето и реков:”Мамо, напиј се”, а таа рече:”Сине, пиј си. Јас не сум жедна”

Тоа беше нејзината четврта лага.

 

По смртта на татко ми, мајка ми го живееше тешкиот живот на вдовица. Ја презеде сета одговорност за водење на домаќинството, едноставно – мораше да се грижи за се. Животот стана тежок и често гладувавме. До нашата куќа, беше куќата на вујко ми, инаку многу добар човек. Често ни даваше храна да го убиеме гладот. Кога комшиите увидоа дека нашата ситуација е претешка, ја советуваа мајка ми, која сеуште беше млада, да се омажи за некој човек кој би ни помагал. Меѓутоа мојата мајка го одби овој совет, велејќи:”Јас немам потреба за љубов”

Ова беше нејзината петта лага.

 

По завршувањето на факултетот, добив добро платена работа во една фирма и одлучив да ја преземам грижата за домаќинството. Бидејќи мајчиното здравје ослабе, таа повеќе не можеше да продава облека по куќите, така што почна да продава овошје и зеленчук на тезга. Кога го одби мојот предлог да престане да работи, одвоив дел од својата плата и и' дадов, а таа одби да го прими, велејќи:”Чувај ги своите пари сине, јас имам доволно за себе”.

Ова беше нејзината шеста лага.

 

Без оглед на тоа што добив добра работа, продолжив со учењето и набрзо магистрирав. Постигнав голем успех и моите приходи се зголемија. Една фирма ми понуди добра работа во своето седиште во Германија. Навистина се израдував и почнав да правам планови за новиот и среќен живот. Откако отпатував и ја средив својата состојба, ја повикав мајка ми да живее со мене. Таа не сакајќи да ми пречи рече:”Сине, јас не научив да живеам богато”.

Ова беше нејзината седма лага.

 

Како времето минуваше, мајка ми се повеќе старееше и набрзо заболе од карцином. Во тие тешки моменти некој мораше да и помага. Што можев да направам кога меѓу мене и мајка ми беа многу држави? Оставив се' и се вратив дома. Ја затекнав мајка ми во постела. Кога ме здогледа, се насмевна. Срцето ми се кинеше бидејќи беше исцрпена и слаба. Тоа веќе не беше мајката која ја познавав... Солзите почнаа да ми течат по лицето, но таа се обиде да ме утеши велејќи:

“Сине, не плачи, не чувствувам никаква болка”.

Ова беше нејзината осма лага.

 

Откако го изговори тоа, ги затвори очите и повеќе не ги отвори.

На секој, кој е благословен да живее со своите родители, му порачувам:

Чувај го ова богатство, пред да тагуваш за него откако ќе го изгубиш.

 

На секој кој ја изгубил саканата мајка, му порачувам:

“Секогаш сеќавај се на неа!”

 

+++

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Жените го враќаат сексипилот 409 дена по п...
Во просек 409 дена се потребни за да можат жените после раѓањето да се чувствуваат посакувано и да ја вратат социјалната...
5
Децата мора да седат во скутот на Дедо Мраз?!
Ние не сме против децата да седат во скутот на Дедо Мраз или да добијат прегратка од него, ние сме против децата да бида...
3
Колку сте полоши со детето, полошо станува...
Рускиот психолог Јулија Гипенрејтер својот живот го посветила на проучување на односот помеѓу родителите и децата. Нејзи...
3
Балкански родителски лекции
Ако детето случајно падне, удри го за следниот пат да внимава?!
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?