|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Остеовитал

Кенди, 10.10.2011
За прв пат таблети со изофлавони - природната замена за естрогените

image
/11


 

 

Најголемата предност на овој производ му ја дава уникатната формула на присуство на изофлавоните диадзеин и генистеин кои придонесуваат за одржување на виталните женски функции, ублажувајќи ги менопаузалните симптоми, но тие имаат и јако антиоксидантно дејство, како и значајна улога при намалување на холестеролот во крвта, и најважно:

ГО СПРЕЧУВААТ РАЗВОЈОТ И СИМПТОМИТЕ НА ОСТЕОПОРОЗАТА, ОСТЕОАРТРИТОТ И РЕУМАТОИДНИОТ АРТРИТ

 

Остеопорозата и артритисот претставуваат комплексни заболувања кои  поради својата честота и хроницитет претставуваат еден од врвните приоритети  во медицинската и фармацевтската дејност.

Остеопорозата е сложено заболување, предизвикано од низа фактори, при кое остеоидната коскена срж и коскените минерали претрпуваат деструктивен процес, што доведува до намалување на севкупната коскена маса. Со тоа се нарушува балансот при изградување и разградување на коската.

Ако се има предвид дека коскената загуба е процес кој напредува со зголемување на возраста, исклучително е важно, преку соодветна профилактика и третман да се зачува постоечката коскена маса како оптимална и функционална целина. Во спротивно, доколку постои намалување на коскената маса, коските не се во состојба да му ја дадат на скелетот потребната механичката потпора и цврстина, па така при развој на остеопоротични промени може да се добијат фрактури и како последица на сосема безначајна траума.

Во текот на животот жените губат околу 50% од својата спонгиозна коскена маса и 30% од својата кортикална коска, а кај мажите тој однос е респективно 30 со 20 %. Кај жените имаме и додатна специфика, која се јавува поради намаленото ниво на естроген при што се јавува типична постменопаузална остеопороза. Ова посебно се однесува и на фактот дека кај повозрасната женска популација се редуцира и активноста на јајниците и со тоа се создаваат додатни предуслови за развој на постменопаузална остеопороза.

Во оваа област иклучително се големи трошоците поврзани со третирање на ваквите заболувања.Така на пример само во САД трошоците поврзани со остеопорозата и нејзините третмани изнесуваат фрапантни 18 билиони американски долари годишно. Спречувањето на остеопорозата може да се постигне на неколку начини, како на пр. преку умерени вежби, но и преку соодветна хранлива профилактика како и преку дејството на одредени додатоци во исхраната.

 

На нашиот фармацевтски пазар од неодамна се присутни Остеовитал - Форте таблетите. Тие до сега беа присутни во форма на ефервети, но сега може да се најдат и во форма на таблети. Составот на Остеовитал Форте таблетите е следен: 

- калциум - калциум карбонат - добро познат како основна и најважна состојка на коскеното ткиво

- магнезиум - магнезиум сулфат - ги активира ензимите кои имаат улога во синтезата на колагенот. Недостатокот или недоволниот внес на овој витамин - на калциумот и магнезиумот предизвикува пореметување на нормалниот коскен метаболизам и коскената формација, што доведува до кршливи коски

- 40% изофлавони - замена за естрогените хормони - клучни за ублажување на менопаузалните симптоми, како и за спречување на развојот на остеопорозата

- витамин Б6 - има улога при синтеза на колагенот, а воедно и индиректно влијае на формирањето на остеокалцин

- витамин Ц - неопходен при формирањето на колагенот

-витамин Д - одговорен за апсорпцијата на калциумот и фосфорот и изградбата на коскеното ткиво

- витамин К1 - има улога при синтеза на протеинот на коската – остеокалцин

 

Водени од сето ова го препорачуваме Остеовиталот како препарат кој пред се влијае врз спречување на развојот на остеопорозата,  но и врз одржување на хормоналниот баланс.

 

Остеовитал форте таблетите се препорачуваат:

- за превенција на остеопороза

- како неопходен превентивен додаток на жените во менопауза 

- за забрзување на процесот на заздравување на скршените коски и на останатите повреди 

- за спречување на промените кои можат да настанат во структурата на коските, кај оние кои страдаат од тиреотоксикоза, дијабетис, како и по долг период на лечење со кортизони 

- во случај на коскени промени предизвикани од повреди, хируршки операции и сериозни заболувања за кои е потребна континуирана имобилизација 

- како поддршка во процесот на изградба на коскеното ткиво и забите 

- за нормализација на метаболизмот на калциум и фосфор 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Зошто моето бебе дише толку брзо?
Одличноооо, таа спие сега конечно можам да се одморам!Чекај, дали се уште дише? Па, да, градите и се креваат.Сег...
4
Домашна VS супа од кесичка
Ширум светот, во различните цивилизации и култури, супата отсекогаш била исклучително ценета заради своите закрепнувачки...
4
Како ни помагаат зелените и црните чаеви?
Малкумина знаат дека зелениот и црниот чај се всушност листови од истата билка, Camellia sinensis, а се разликуваат спор...
4
Кога во семејството имате близнаци
Уште од самиот почеток на бременоста животот со близнаците е покомплициран и бара поголем надзор.
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?