|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Дневникот на Pepelaska###

image
/11


 

 

За миг ги затворам очите и полека вдишувам од студениот воздух кој бездушно се вгнездува во целото тело и ми ја допира мојата и така измрзната душа.
Одеднаш заборавам на овој студ и се сеќавам на таа рана пролет, на мирисот на тој штотуку расцветан јоргован, мирисот на  тој пороен топол дожд кој ветуваше многу, многу љубов. 
Во една таква пролетна ноќ те сретнав тебе, тогаш кога бев толку скршена, тажна и сама. 
Кој ли те испрати да ми ја смириш душата таа вечер и да ми го започнеш хаосот во животот. На нашата лудост и немаше крај. Бевме толку себични, знаевме само за нас, толку страст и љубов и толку многу лаги. Мои и твои. Заборавивме на се, не постоеја таа и тој, ни јас и ти, бевме само ние. Нашата љубов. Љубов за која ни сами не бевме свесни дека постои. 
Те засакав толку силно, толку невино како дете , толку искрено. Не знаев дека не ќе можам да се разбудам без твоите бакнежи, без да го слушнам твојот глас , глас кој и ден денес ми одѕвонува во душава. Гласот кој ме смири, кој ми ја даде љубовта која никој не ми ја дал.Човекот кој ми покажа како се љуби жена.Со цело срце, со цела душа. 
***
Си заминав без збор, без ниту еден збор.
“Јави се ако си сеуште тука“- тоа беа последните твои зборови.
Секој чекор кој ме оддалечуваше од тебе го чувствував тежок како камен, милион пати се покајав, но ниту еднаш не се завртев назад. Знам дека долго стоеше таму.....Знаев дека веќе нема да те видам...
***
Мил мој, гледам дека си среќен, од тебе зрачи живот, таа енергија , таа љубов кон животот  што ме натера да те засакам за миг. А ти тоа никогаш не го дозна. Но таа болно личи на мене... Знам дека и ти тоа го знаеш. Сега е доцна за се. 
Прости ми што никогаш не ти кажав колку те сакав. Не се борев за нашата љубов која беше толку силна а ни едниот ни другиот никогаш не призна....Остани засекогаш таму каде што и секогаш беше, во најголемата длабочина на моево растреперено срце.

Ваша Pepelaska###

 

 

Да бидеш автор е лесно! Автор може да биде секој! Секој кој чувствува, секој кој љуби, секој кој тагува, секој кој безмерно се радува...

Прочитај како и ти да станеш автор во текстот Станете автор на Рингераја


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Вежби за правилен изговор на гласовите
Малите деца понекогаш говорат неразбирливо. Колку и да ни е тоа симпатично, доколку не се надминува, треба да посетиме л...
4
Што кога детето се плаши од фризер?
Викање, плачење и тргање се најчестите “несакани ефекти”, кога родителите ги носат своите деца за потстрижување во фризе...
4
Двојазичноста во развојот на говорно–јазич...
Постојат многу истражувања за влијанието на двојазичноста во развојот на јазикот. Она што тие истражувањата го заклу...
4
Интервју: Влатко Лозановски
Влатко ни зборува за љубовта, кон музиката, кон семејството, љубовта која ја дава, а истовремено ја добива!
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?