|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Основни хигиенски навики пред и по секс

Редакција Рингераја, 21.8.2014
Што треба да се почитува задолжително?

image
/11


 

Сексот е неопходност, која ги задоволува  не само физичките, туку  и емоционалните  желби. Тој е важен за здравјето на организмот, бидејќи за време на интимниот чин, како и по него, во организмот се ослободуваат хемикалии кои ја подобруваат целокупната работа на органите и системите, а го зголемуваат и расположението.

За да се радувате на среќен и здрав сексуален живот потребно е  да се почитуваат некои хигиенски норми. Кое се основите на хигиената на кои треба да се внимава секогаш пред и после секс?

За жените е важно да се напомене дека стриктното миење на гениталиите пред и по секс е многу важно заради превенцијата на различни видови инфекции, најчесто габични. Препорачливо е вагината и вулвата да се мијат веднаш после сексот, за да не се задржуваат излишни секрети кои се предуслов за размножување на бактерии.

Ако двојката практикува анален секс, хигиената на анусот треба да е на многу високо ниво, за да се избегне пренесување на опасни анални бактерии кон вагината.

За машката половина е важно да се напомене дека миењето на глансот на пенисот е од огромно значење. Потребно е да се извлече кожичката, за да може миењето да биде поквалитетно. Мажи, не заборавајте го ова!

Кожичката е осетлива на мртвите клетки, бактерии и телесни течности и е соодветна средина за размножување на микроорганизми и појава на инфекции.

И двајцата партнери треба да ги мијат рацете и претежно да ги чистат под ноктите пред и по секс, бидејќи преносот на бактерии на овој начин е исклучително лесен.

Во летната сезона, важно е да се отстранат влакната на генитални делови, бидејќи се предуслов за задржување на влага по интимните места. Топлината и потта можат не само да доведат до појава на црвенило и акни, но се и предуслов за појава на инфекции.

За да се избегне лошата миризба е потребно да се избегнува сексот во првите два дена од месечниот циклус на жените.

Имајте на ум дека оралниот секс не е препорачлив, ако вашиот партнер има ранички околу устата или гениталиите. Ако тој или таа има некаква инфекција таа може да се пренесе и на вас.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

5 (Скриени)непријатели на кожата
Внимание!! Можеби ја мачите вашата кожа, а не сте свесни за тоа. Ослободете се од лошите навики – пробајте ги У&З решен...
3
Секс за време на бременоста: Што е во ред,...
Дали бременоста ви го зголеми интересот за секс? Или, сексот е последното нешто што ви паѓа на памет? Во секој случај, е...
3
Др. ОЗ: Најдобрите совети за слабеење
Конечно! Победете го вишокот килограми со советите на најпознатиот доктор на светот
3
На кафе кај Сања Поповска
Поповска Сања е 31 годишна девојка од Битола.Во моментов е актуелен нејзиниот роман „Девојката со портокалова марама", ...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?