|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Осип после висока температура

Редакција Рингераја, 26.2.2014
Розеола, исто така позната како шеста болест (exanthem subitum и roseola infantum) е вирусна болест кај мали деца. Се карактеризира со висока температура која трае неколку дена, по што се јавува осип по телото

image
/11


 

 

Која е оваа болест?

Два тесно поврзани вируси можат да предизвикаат розеола: вирус на херпес  Тип 6 и Тип 7. Овие вируси припаѓаат на истото сеејство познато како Херпес симплекс вирус (HSV), но  HHV-6 и HHV-7 не предизвикуваат рани и херпес на гениталната област како HSV.

Типично за ова заболување  е што високата темпертаура трае 3-4 дена, а потоа ја нема, но се јавува осип кој брзо се шири. Затоа и се нарекува тродневна грозница. Кај бебињата може да се јави и оток на лимфните жлезди, течење на носот и пролив. Осипот не чеша, за разлика од алергијата.

 

Како се пренесува?

Лесн – преку контакт со заразено дете. Бидејќи оваа болест е честа појава кај предучилишните деца не се ретки мини епидемии по детските јасли и градинките. Инкубацијата на вирусот трае од 5-15 дена.

 

Колку дена трае осипот?

Неколку дена и потоа исчезнува.

 

Дали моето дете е опасно по околината?

Додека детето има температура и осип тоа може да ги зарази здравите деца од околината.

 

Има ли компликации?

Компликации се случуваат исклучително ретко и тоа кај бебиња или деца со оштетен имунитет.  Продолжената висока температура  може да предизвика благо и минливо оштетување на црниот дроб.

 

Може ли детето повторно да се разболи од истата болест?

Не може. Оваа болест остава траен имунитет.

 

Дали се дава антибиотик?

Бидејќи е во прашање вирусна болест, антибиотикот нема да помогне. Антибиотиците не влијаат на вирусите.

 

Дали може да се очекуваат фебрилни конвулзии?

Болеста еxanthem subitum е придружена со многу висока температура, па кај оваа болест може да се очекуваат фебрилни конвулзии. 5-35% од децата добиваат ферилни конвулзии, но тоа најчесто се деца кои во семејството имаат историја за оваа состојба.

 

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Прескокнување на срцето - Екстрасистоли
На многумина од нас сигурно ни се има случено некогаш да почувствуваме како срцето да ни прескокнува или пак како да ни ...
8
9 природни лекови против грип и настинка
Студеното и непредвидливо време во текот на зимата често е главна причина за настинка. А сезонскиот грип е нешто што мно...
4
Казни за родителите кои одбиваат вакцина!
Вчера на одбележувањето на Европската недела на имунизација, беше истакнато дека родителите кои одбиваат вакцинирање на ...
4
Родила два пара близнаци на ист датум
Четирите нејзини синови ќе слават роденден на ист ден. Ким Хефер 29 беше изненадена кога ги роди Девон и Логан на 18. ју...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?