|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Органската храна е вистинскиот избор

Редакција Рингераја, 11.9.2017
Со раѓањето на детето на секој родител му се менува животот, а приоритетите се подредуваат на сосема нов начин. Здавјето на детето доаѓа на прво место, а правилната исхрана станува еден од приоритетите

image
/11


 

Мајчиното млеко претставува оптимална исхрана за новороденчето, а во подоцнежниот период најдобар избор е храна готвена во домашни услови, која е еколошка и прилагодена кон потребите и возраста на детето

Најдобар начин да се заштити имунитетот кај дечињата е консумирањето органска храна бидејќи децата се посебно чувствителни. Најчувствителни се до крајот на првата година од животот, што се должи на физиолошката незрелост на организмот и брзината на создавањето на клетките т.е. зголемувањето на телесната маса, со тоа телото може да се снабдува само при правилна и квалитетна исхрана. Бубрезите на доенчињата помалку се способни да ги исфрлат штетните материи од организмот, додека црниот дроб не може да ги разгради. До шеста година од животот кај децата телото содржи повеќе вода отколку масти за разлика од возрасен човек. Мастите  кои во организмот ги „ловат“ и ги канализираат пестицидите, во детското тело се помалку способни за таа функција , па затоа токсините кружат низ организмот, посебно оние растворливи во вода. Присуството на токсини кај тецата може да доведе до слаб развој на нервниот систем. Затоа треба да се потрудиме децата да јадат и да пијат безбедна храна. Токсините во храната исто така можат да го нарушат и однесувањето на децата. Имено,истражувањата покажуваат дека хемикалиите како натриум моноглутаматот, салицилатите, амините, конзервансите , адитивите, вештачките бои и др. можат да придонесат за лошо однесување или да го нарушат однесувањето на децата. Исто така, може да се јави и хиперактивност како една од последиците при внесување на овие штетни материи. Од особена важност е интолеранцијата на вештачките бои кои се наоѓаат во слатката храна, поради кои децата реагираат хиперактино, што  претставува алергиска манифестација. Претераното внесување на слатки исто така придонесува за хиперактивност кај децата.

Советуваме ...

За да се прекинат овие нарушувања, потребно е да се промени исхраната кај децата и да се исклучат штетните елементи од истата. Може да се почне од најраната возраст  кога бебињата почнуваат да внесуваат храна покрај доењето, да им се даваат кашички од органски одгледани овошје и зеленчук, или да се купат готови. Во периодот на доењето посебно важна е исхраната на мајката, која мора да внимава каква храна внесува во однос на потеклото, се разбира и на квалитетот, бидејќи доенчето ја прима истата храна преку мајчиното млеко. Кај децата кои јадат с? внимателно треба да се одредат три главни оброци, со две до три ужинки. Оброците да се состојат од житарки, овошје, зеленчук, посно телешко месо, пилешко месо одгледувано во домашни услови, риба, легуминози.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Крвна слика кај децата и нејзино значење
Од наодите на крвната слика можеме да видиме присуство на анемија, инфекција (бактериска или вирусна), алергија, паразит...
6
Мир со свекрвата?
Има снаи кои ја сакаат свекрвата речиси колку сопствената мајка (дури и повеќе!). За жал, ова е исклучок. Обично односит...
4
Што мислев за бебињата, пред да станам ма...
Тоа ќе биде лесно! Нема мајка која не помислила дека кога ќе дојде бебето, ќе знае и умее се. Но, тоа баш и не е така, з...
4
Избираме најубава творба: Јана Најдоска
Уметничка творба на тема Правата на детето по повод одбележувањето на Детската недела ни испрати мајката на Јана Најдоск...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?