|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Охрид , бисерот македонски

Редакција Рингераја, 14.11.2010
Дајте ми крилја ја да си метнам и в наши ст'рни да си прелетнам: на наши места ја да си идам, да видам Охрид, Струга да видам.

image
/41


Охрид е град во југозападниот дел на Македонија со 42.033 жители. По него Охридското Езеро го носи своето име. Охрид и Охридското Езеро се едни од главните туристички места во Македонија.

Охрид спаѓа во редот на ретките балкански градови, како што се Солун, Едеса и Дирахион, кои без прекин живееле низ целиот антички период, jа преживеале  пропаста на таа цивилизација и под ново име постојат и денес. Врз почвата на овој древен град се менувале цивилизациските достигнувања, следени со неопходните пропаѓања и растења. Современиот Охрид е наследник на античкиот Лихнид. Градот се наоѓал на патот Виа Игнација, најстарата и најзначајната римска сообраќајница на Балканот. Таа почнувала со два крака од Аполониjа и Дирахиjа, па преку Кандавските планини доаѓала до Линхид, по коjа линија многу порано пред да дојдат Римјаните на ова подрачје, се одвивал сообраќајот меѓу приморјето и внатрешноста на илирската и македонската земја.

Охрид е колепка на македонската култура и духовност, изворот на словенската писменост. Во Охрид се ниже охридскиот бисер (направен од емулзија од крлушки), сe уште се изработува врвен филигран, а опстојува и резбата.

Со својата должина од 30 и ширина од околу 12 км, Охридското езеро е најголем воден базен во Македонија. Максималната длабочина изнесува 286 м., а езерото е светски познато по својата бистра вода и несекојдневна убавина. Секоја година, во август, на езерото се одржува Меѓународниот пливачки маратон.

Охрид е град заштитен од УНЕСКО, како дел од големото цивилизациско и културно наследство на светот.

Историја


Современиот Охрид е наследник на античкиот Лихнидос (латински: Lychnidos). Според податоците, градот прв пат се споменува 2.400 години пред новата ера. Лихнидос се наоѓал на патот Виа Игнација, наjстарата и наjзначаjната римска сообраќаjница на Балканот. Бригијците и Енхелеjците го сочинуваат наjстарото население кое може според името да се идентификува во пошироката област на Охридското Езеро. Бригиjците се исто што и Фригиjците. По Третата македонска воjна против кралот Персеј, Лихнид станува главна римска база во северните области на Македониjа. Тоа е времето кога за него наjмногу се слуша. Последната вест за Лихнид е веста за неговото разурнување. Во еден земјотрес, коj според историските извори се случил на 29 и 30 мај 526 година, настрадале повеќе десетици илjади лица во Лихнид. Потоа градот повеќе не се споменува во историските извори.

Охридската област во краjот на VI век била изложена на масовна словенска колонизациjа. Охридската област до 30-тите години на VII век била целосно колонизирана од словенското племе Берзити. Лихнид оттогаш го добил името Охрид.

Охридскиот краj уште во втората половина на VIII век станал привлечно подрачjе за бугарската држава. За време на бугарскиот цар Борис I Михаил македонските територии во воено-административен поглед биле опфатени во неколку „комитати“. Охрид бил во комитатот што ги опфаќал Охридско-деволските краишта. Во 886 година Климент, по краткото задржување во бугарскиот двор, бил испратен во Македониjа со важна државна мисиjа. Тоj бил испратен во областа наречена Кутмичевица како учител. Областа jа опфаќала Југозападна Македонија и Јужна Албанија, со главните градови Охрид и Девол.

Како учител и епископ Климент заедно со Наум ги поставиле основите на т.н. Охридска глаголска книжевна школа. Благодареjќи на деjноста на Климент и Наум, градот Охрид, во втората половина на IX век израснал во еден од наjразвиените и наjпознатите средновековни словенски културни центри.

Во време на царот Самуил, Охрид станал религиозен центар и главен град на царството. Неговите тврдини и ден денес стојат високо над самиот град. Есента 1015 година византискиот император Василиј II успеал да го заземе Охрид, но тврдината останала и понатаму под власта на царот Јован Владислав, наследникот на Гаврило Радомир, син на цар Самуил.

Императорот Василиj II Бугароубиец дозволил Охрид и понатаму да остане седиште на Охридската архиепископиjа.

Во 1202 година Охридскиот краj заедно со другите југозападни македонски области биле вклучени во рамките на Солунското латинско кралство. Во 1334 година српскиот крал Душан презел градовите Охрид, Прилеп и Струмица. Во 1378 година, била доградена црквата Света Богородица Перивлепта (Свети Климент) во Охрид.

Охрид не само што бил најважниот град во регионот, туку бил и најважниот образовен центар и извор на писменоста на сите словенски народи. Во Охрид се наоѓа најстариот универзитет во Европа (IX век), додека во местото Плаошник близу градот се наоѓа рестварираната црква Св. Климент чии наоди укажуваат на фактот дека пак таму имало универзитет од XIII век.

Кон самиот краj на XIV век турскиот султан Бајазит I успеал речиси насекаде во Македониjа да ја наложи своjата власт.

Охрид го опслужува аеродром Св. Апостол Павле кој функционира преку целата година.

 

Религија


Во минатото во Охрид имало 365 цркви, и затоа се нарекува „Европскиот Ерусалим“. На територија на општина Охрид постојат повеќе од 100 православни цркви од кои 60 активни, 10 исламски верски објекти - џамии и една католичка црква. Во Охрид се наоѓа седиштето на Дебарско – кичевската Епархија на МПЦ.

 

Годишни настани


  • „Прличеви Беседи“ – Денови на поетот Григор Прличев
  • „ЕКО Фестивал“
  • Mеѓународен фестивал од областа на екологијата и културниот туризам
  • Ден на Охридското Езеро
  • Балкански Фестивал на народни песни и игри
  • Охридско Лето – Mеѓународна музичко-сценска манифестација
  • Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура
  • Охрид фест – Фестивал на фолк и поп музика

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Боенка: Убавицата и ѕверот
Обојте ги убавицата и ѕверот
3
Девојчето и дванаесетте месеци
Македонски волшебни приказни
3
Никола, Никола
Никола, Никола, нешто чудно ми се случува
3
Малите рачиња играат и плескаат
Детско катче
2




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?