Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски го презентираше Регистарот на лица осудени за кривични дела за сексуална злоупотреба на деца и педофилија. “Потребата од постоење на ваков регистар е повеќе од нужна, но и недвосмислена за повеќе институции, а пред се за Центрите за социјална работа, училиштата, градинките како и за граѓаните воопшто преку достапност на информации за лицата кои живеат во нивната околина, а кои се осудени за кривични поврзани за сексуална злоупотреба на малолетни лица и педофилија”, рече министерот за труд и социјална политика, Ристовски.
Регистарот содржи податоци за името и презимето, датумот на раѓање, адреса на живеење, кривичното дело за кое е осуден и фотографија. Во моментов регистарот има податоци за 100 осудени лица по основ на сексуална злоупотреба на деца и педофилија.
Осудените лица се должни согласно со Закон за посебен регистар на лица осудени за кривични дела за сексуална злоупотреба на деца и педофилија по истекот на изречената казна најмалку еднаш годишно, пет дена пред нивниот роденден и до крајот на нивниот живот да се пријавуваат кај надлежниот судски орган. Со оваа законска обврска овие лица ќе бидат контролирани до крајот на нивниот живот, а се со цел да се следи нивната состојба, движење и местоположбата.
‘Она што е значајно е дека овој Регистар е од јавен карактер достапен е на сите граѓани кои преку пребарување во регистарот ќе можат на многу едноставен начин да добијат информации за лицата коишто живеат во нивната околина, а кои се осудени за кривични поврзани за сексуална злоупотреба на малолетни лица и педофилија и преку овој регистар се создава основа за воведување на единствена евиденција за лицата осудени со правосилна пресуда за кривични дела од овој тип”, потенцираше министерот Ристовски.
Истовремено, министерот Ристовски упати апел до граѓаните да не го злоупотребуваат Регистарот , притоа потсетувајќи дека сите оние лица коишто ќе ги злоупотребат податоците кои се содржани во регистарот, со цел заканување, заплашување, вознемирување на осудените лица или на членовите на нивните семејства или на друг начин ќе ги злоупотребат објавените податоци ќе бидат казнети со парична казна или затвор до шест месеци.
Регистар на лица осудени за кривични дела за сексуална злоупотреба на деца и педофилија официјално ќе и биде достапен на јавноста на www.registarnapedofili.mk.
6
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Најчестите причини поради кои бременоста доцни
Доцнењето на бременоста е чувствителна тема за многу парови и може да ...
Емоционалниот товар на неплодноста
Неплодноста не е само медицински предизвик, туку и длабоко емоционално...
Пливањето и менталното здравје. Ослободување од стресот
Пливањето не е само физичка активност, туку и еден од најдобрите приро...
Втора недела од бременоста, што се случува?
Кога се зборува за втората недела од бременоста, многу жени се изненад...
Како летните горештини влијаат на бременоста?
Летните горештини можат да бидат непријатни за секого, но во бременост...
Дали вашите момчиња си ги допираат пенисите?
пеперутка16
Моето три и полгодишно дете постојано си го допира пенисот и не престанува. Пробав разни начини да го спречам, но не функционира. Не боли, не чеша, добро е. Хигиената е на ниво. Би сакала некој да ми пише како ја решил. Ви благодарам.