|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Одлучив да бидам лоша мајка!

Редакција Рингераја, 29.5.2017
Кои се нештата кои една мајка ја карактеризираат како добра или лоша? Има ли учебник од кој една жена може да научи како да биде добра мајка?

image
/11


 

По општоприфатените норми и по оние на мојата мајка и двете баби, добрата мајка е онаа која цело време го посветува на децата, не пуши, не пие, се храни здраво, се труди нејзините деца секогаш да јадат домашно подготвена храна… Лошата мајка дава чоколадна торта за појадок и не се грижи премногу за децата. И да, излегува за викенд, а понекогаш оди и на патување со другарките.

Одбивам да се согласам со овие правила. Не ми се допаѓа дефиницијата. Добра мајка е среќната, лоша е несреќната и несигурната во себе. А дали ќе сме среќни или не, зависи од нас.

Еве јас и не сум најдобрата мајка: палам по некоја цигара со кафето, излегувам во викенд, не им дишам во врат на децата, знам да ги оставам кај баба им во петок навечер и да излезиме со сопругот или одделно, тој со другарите, јас со другарките. Ако сакаат да јадат благо, нека јадат. И јас сум јадела, па ништо не ми фали. Не можам да бидам среќна мајка, ако цел ден гледам цртани и слушам само детски гласови. Па, човек сум. И мене ми треба време за себе. Време за сопругот, време за пријателките, време за на фризер, време за на козметичар, време за добра книга или филм. Ми треба да разговорам со други луѓе, да се смеам на шеги за возрасни, да споделам став и мислење. Ако тоа ме прави лоша мајка, слободно така наречете ме!

Но, јас сум среќна жена. И мајка! Знам да го испланирам времето, да побарам помош кога ми е потребна, сопругот не ми префрла дека го имам запоставено поради децата, секогаш сум средена, свекрвата со задоволство ми ги чува децата.

Сметам дека не е важно дали поминуваш цел ден со детето или една третина од денот, важно е како го поминуваш тоа време. Дали за тоа време детето е среќно. Оти џабе е ако една мајка поминува цел ден со детето, ако таа цел ден гледа серии, тоа цртани…

Бела

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Официјален Регистар на педофили во Р. Маке...
Презентиран Регистар на лица осудени за кривични дела за сексуална злоупотреба на деца и педофилија.
4
Знаете ли кои се правата на вашето дете?
Никој нема право да ме купи или продаде! Имам право на игра! Имам право да имам мајка и тато! Ова се само некои од права...
4
Детски хороскоп: Дете Водолија
Оригинални, радознали, необични...Како да одгледувате дете во знакот на Водолија?
4
Зошто е подобро детето да оди во градинка?
Американско истражување започнато во 2013 година покажало дека едукацијата кој започнува во најраното детство има несомн...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?