Многу мажи денес одлучуваат да живеат неодговорно. Не се грижат за иднината и за последиците од своите дејствија, се додека не дојде време за плаќање на алиментација.
Многу жени се нашле во ситуација каде што нивните партнери не покажуваат никаков интерес и подготвеност да преземат одговорност за ново настаната ситуација. Да очекуваш дете со човек кој е во постојано бегство од реалноста, може да биде полно со неизвесност и чувство на осаменост. Следниве ставови нека Ви помогнат во определување на вашите идни насоки :
- Разбирливо е на почетокот да постојат измешани чувства во врска со родителството. Потенцијалните родители често се плашат од губењето на сето она што до пред тоа го имале во своите животи – слободата, забавата и слободната волја. Да се стане родител може да биде застрашувачки , особено ако Вашиот однос со родителите бил полн со тензија и напнатост, па сето тоа резултирало врз вас како врз родител. Чувството на несигурност на партнерот не претставува ништо лошо - најбитно е како ќе се одговори на тоа чувство.
- Жените и мажите на различен начин се подготвуваат да ја прифатат новата улога на родител. Жените први дознаваат дека се бремени и полесно ги прифаќаат промените на сопственото тело . Мажите исто така може да забележат дека нешто се менува, знаат дека ќе станат татковци. Но, за разлика од жените не може да ги почувствуваат емоционалните и сензуалните промени. Дури и мажите кои морално се посветени на идејата за татковство потребни им се неколку недели и цели месеци за да ја прифатат во целост “промената“ и да станат татковци.
- Кога мажите не се во целост подготвени да станат родители, потребно им е повеќе време да стапат во брак и да ги прифатат сите одговорности и стравови кои се составен дел од секоја новонастаната ситуација. Во случај да се реши партнерот на бегство - идната мајка не само што ќе ја изгуби неговата доверба за љубов спрема тоа дете туку истовремено се рушат и нејзините соништа за заедничко одгледување на детето. За многу жени таквите загуби често може да предизвикаат длабока тага и депресија.
- Во ситуација на неодговорно татковство , немојте да молите и да си припишувате на себе вина за таквото однесување затоа што тоа се негови одлуки и Вие немате никаква вина за тоа.
- Знајте дека кога еден човек бега од татковство , неговата мотивација е стравот, а не лично отфрлање на мајката. Со други зборови (иако е полесно сето тоа да се разгледа во теорија отколку во пракса) немојте се да си замате при срце. Ништо погрешно не сте направиле.
- Бидете опкружени со луѓе кои ќе бидат покрај Вас и не плашете се да побарате помош. Бременостa е период на зголемена емоционална чувствителност и фактот дека таткото побегнал може да биде преголем залак за Вас. Ако чувствувате преголема тага потребно е да побарате стручна помош , подобро порано додека не биде предоцна. Ако е можно, пожелно би било доколку и таткото Ве придружува и заедно со вас учествува во надминување на сите стравови со што ќе се спреми за новата улога.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Слични содржини, кои ги читаат другите корисници
Како да се подготвиш за третиот триместар?
Третиот триместар е период кога возбудата расте, телото се менува побрзо од кога било, а мислите се насочени кон големио...
7
Големината на плодот во третата недела од ...
Моментот кога животот започнува да се развива иако невидливо за очите, промените се сепак огромни.
5
Триместри, што да очекувате месец по месец?
Иако бременоста трае околу 40 недели, најчесто се дели на три триместри и секој со свои карактеристики, предизвици и пре...
5
16 рани знаци на бременост што можат да ве...
Многу жени се прашуваат дали одредени симптоми значат дека се бремени, особено пред да дојде моментот за тест.
4