|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Обновување на сексуалниот живот

Редакција Рингераја, 24.10.2021
И покрај тоа што Вашиот сексуален живот за време на бременоста се одвиваше нормално, сексот по породување е веројатно последното нешто на кое што мислите!

image
/11


Причините се различни. Раѓањето е физичко празнење и многу емоционален процес, така што тоа е нормално. Вашето тело има потреба од реконструкција. Покрај тоа, нивото на хормоните значително се менува по породувањето и се разбира, потребно Ви е време на адаптација со бебето.

 

Зошто не чувствувате потреба од секс?

Нормално е да не чувствувате потреба од секс неколку денови, или недели по породувањето. Некои лекари советуваат да се воздржувате од сексуални односи до првиот гинеколошки преглед – 6 недели по породувањето. Сепак, би требало да се почека до конечното запирање на крварењето после породување. Тоа може да потрае од 2 – 6 недели, а кај некои жени и повеќе. Би требало да се почека до целосно заздравување, ако сте родиле со царски рез, ако имате епизиотомија, или при раѓањето е користен вакуум.

 

Некои од причините заради кои не чувствувате потреба од секс:

  • Замор и нелагодност
  • Болка или напрегнатост предизвикани од шевовите по породувањето.
  • Низок степен на природно влажење во континуитет од 8-10 недели по породувањето, обично кога мајката дои.
  • Се чувствувате неатрактивна, заради физичките промени на телото по породувањето.
  • Вознемиреност и загриженост за бебето
  • Неспокојство заради плачењето на бебето и непреспиените ноќи.
  • Губење на либидото, од страна на партнерот. Тоа е честа појава и не треба да биде примена лично – запомнете дека Вашиот партнер исто така се прилагодува на бебето.
  • Сеуште имате чувство дека сте бремена – контракциите може да продолжат додека доите.

 

Кога би требало да воспоставите нормален сексуален живот?

Нема правило кога треба да го обновите Вашиот сексуален живот, кај сите парови тоа е различно. Во општ случај тоа ќе се случи откако ќе се почувствувате физички и емоционално подготвени.

Запомнете дека партнерот исто така може да не чувствува желба за секс. Треба заедно да разговарате за да дознаете кога сте и двајцата подготвени за водење љубов. Добра идеја е да разговарате и за другите проблеми, поврзани со тоа, ако ги имате.

Обновувањето на сексуалниот живот има свои предности. Хормоните кои се испуштаат за време на секс предизвикуваат контракции кои и помагаат на матката да се врати во нејзината нормална состојба и се разбира, физичката близина ќе ја зајакне и емоционалната блискост помеѓу Вас.

 

За контрацепцијата

По породувањето овулацијата може да започне во секое време, дури и ако доите. Заедно со партнерот и со Вашиот гинеколог треба да разговарате за соодветни контрацептивни средства.

Контрацептивни таблети кои содржат естрогени не се препорачуваат за доилки, бидејќи можат значително да го намалат количеството на излачено млеко.  До Вашиот прв гинеколошки преглед – 6 недели по породувањето, единствена алтернатива се презервативите, кои може да се комбинираат со контрацептивен гел или крем. На овој преглед може да разговарате со Вашиот лекар за употреба на дијафрагма, или други контрацептивни средства.

 

Совети:

  • Споделете ги чувствата со партнерот. Бидете нежни еден кон друг и градете ги нештата постепено. Избегнувајте длабока пенетрација или орален секс првите неколку пати.
  • Одвојте повеќе време за бакнување, милување и љубовна игра.
  • Додека нивото на хормоните не Ви се врати во нормала, нема да имате природно влажење на вагината, па обидете се со користење на соодветен гел.
  • Ако сте имале епизиотомија, кажете му на партнерот да биде нежен.
  • Топлата бања и масажата може да помогнат во будење на сексуалната фантазија.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Кортикостероиди за дерматолошка примена
Кога ќе се спомне кортикостероид, кај родителите веднаш се појавува страв, недоумица и се поставуваат безброј прашања - ...
8
Вака изгледа еден обичен ден кога имате бебе
Оваа мајка направи комичен распоред - како изгледа животот на мајката од утро до вечер
7
Лазењето го стимулира развојот и интелеген...
Лазењето е едно автономно движење на четири нозе. Повеќе лазење = повеќе стимулација
6
Дали е загрижувачки ако вашето бебе има ра...
Синдром на рамна глава, исто така наречен плагиоцефалија, се развива кај бебињата поради надворешни притисоци врз мекиот...
6




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?