|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Неверојатни состојки пронајдени во мајчиното млеко

Редакција Рингераја, 5.3.2012
Мајчиното млеко содржи 5 важни состојки кои му помагаат на бебето да расте, состојки кои не можат да се пронајдат во млечна формула, бидејќи не можат да бидат репродуцирани. Ви ги претставуваме петте состојки и нивниот бенифит во животот на бебето

image
/11


 

 

Протеини:

  • Протеинот кој го содржи мајчиното млеко полесно се вари, во нежното стомаче на бебето, од другите протеини.
  • Супстанцијата наречена таурин,  која е пронајдена во мајчиното млеко, е задолжена за правилен развој на мозокот и очите на бебето.
  • Лактоферин-от, врзувачки протеин на железото, кој е исто така пронајден во мајчиното млеко, го намалува степенот на железо кој е изложен на бактерии, виновни за анемија кај бебињата.

 

Дигестивни масти:

  • Мастите се составен дел на мајчиното млеко и тие се оние кои му ја даваат на бебето потребната енергија. Квантитетот на мастите е најголем на почетокот на доењето и се намалува со неговото привршување.
  • Липаза е ензим кој ги раствора маснотиите со цел тие да бидат полесно апсорбирани во крвниот систем.
  • Масните од мајчиното млеко се многу важни за правилен развој на мозокот на бебето.

 

Хормони и ензими

  • Овие два елементи, кои не можат да се најдат во млечна формула, се оние кои влијаат на метаболизмот на бебето, на неговиот ментален и физички развој.
  • Важна состојка, пронајдена во мајчиното млеко е лизозом, кој ги штити цревата на бебето од бактериска инфекција.

 

Витамини и минерали

  • Витамините и минералите се значајна компонента во мајчиното млеко. Тие се од голема важност бидејќи се веќе обработени и многу побрзо се апсорбираат во крвотокот, што помага за побрз развој на доеното бебе.
  • Значајни минерали кое се пронајдени во мајчиното млеко се: железо, калциум и фосфор.

 

Имуноглобулини

  • Уникатната состојка на мајчиното млеко се имуноглобулините. Тие можат да се најдат единствено во мајчиното млеко и се најдобри борци со бактериски и вирусни инфекции.

 

Ова се петте неверојатни состојки на мајчиното млеко, кои не можат да се најдат во млечна формула, ниту во ниедна друга храна, а кои се најважни за правилен раст и развој на бебето.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Стриите избледуваат со помош на мајчино мл...
Дали сте слушнале за ваков обид – избледување на стрии со мајчино млеко? Звучи по малку смешно а можеби се работи за нач...
4
Evy Baby - нови бебешки пелени!
Со комбинација од искуството и најновата технологија за среќни бебиња и мамички, Evyap ги вклопи сите карактеристики што...
3
Календар на исхрана од 4-12 месеци
Воведувањето на цврста храна кај доенчињата може да биде забавно, весело и интересно, но е предмет на сомнежи и двоумење...
3
Зимско мени за децата
Ниските температури го принудуваат детскиот организам да работи со двојно повеќе енергија, за да се компензираат енергет...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?