|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Неверојатната приказна за Дени и Томи

Редакција Рингераја, 20.11.2014
Оваа неверојатна приказна, која беше прикажана во шоуто на Елен Деџенерис, ќе ги стопли вашите срца
Клучни зборови:

/11


 

Во шоуто гостуваат Дени, неговата мајка Џенифер и неговиот другар Томи.

 

Џенифер: Дени беше роден со мозочно крварење и моето прво прашање беше дали ќе преживее. Докторите ни рекоа дека ќе прежиивее, но да не очекуваме многу од него, дека можеби нема да може да зборува и да оди. Но како што гледате тој оди и ги победи скоро сите предвидувања на докторите.

 

Елен: Како дознавте дека децата на училиште го задеваат?

 

Џенифер: Кога ќе си дојдеше дома и откако ќе вечеравме доаѓаше во мојата соба и почнуваше да плаче и ми раскажуваше за работите кои му се случувале на училиште. Понекогаш децата му се обраќале и му велеле: “Зошто не зборуваш? Толку е лесно да се зборува. Зборувај.” Некои од нив му го ваделе шеширот и го зафркавале и тоа го правеше многу тажен.

 

Елен: Дени ти секој ден на училиште носиш одело и вратовска. Зошто?

 

Дени: Се чувствувам пријатно и ова одело ми е ново.

 

Елен: Ова изгледа многу многу убаво и незнам зошто сите деца на училиште не би носеле одело и вратоврска. Томи ти како разбра што му се случува на Дени?  Вие не одите во исто училиште, но одите во ист фудбалски тим. Томи ти играш во одбрана, а ти Дени што си?

 

Дени: Јас сум тренер.

 

Елен: Томи како ти дозна дека Дени го задеваат на училиште?

 

Томи: Мојот пријател ми кажа

 

Елен: Многу храбро од твоја страна што разговараше со целот тим и предложи сите да носите одело, вратоврска и шешир. Што мислеше ти Дени кога цел тим го направи тоа?

 

Дени: Бев многу среќен и знаев дека Томи е мој најдобар другар.

 

Елен: Јас имам подарок за вас. Знам дека многу ги сакате своите шешири, но мора  да имате за менување. Затоа ве молам донесете ги шеширите. Дени тебе може малку ти е голем шеширот. И уште еден подарок. Дали го гледате тој монитор таму? Сигурно го знаете фудбалскиот тим Patriots и нивната одбрана Tom Brady?


Tom Brady: Томи, ја слушнав твојата приказна и можам да претпоставам колку се твоите родители горди на тебе. Дени, мене се уште ме зафркаваат за начинот на кој се облекувам, но јас никогаш не ги слушам. Продолжи да го носиш тоа во што се чувствуваш убаво. Томи ми се допаѓа твоето лидерство и начинот на кој се обиде да го заштитиш Дени. Слушнав и тоа дека двајцата сте фанови на Patriots па затоа сакам да ви дадам билети за финалето на нашата сезона. Уште нешто – почестени сме што ќе ви дадеме билети за целиот ваш тим. Честитки за вас двајцата!

 

Тоа беше прекрасната приказна за чистата детска душа, за другарството, сочуството и прифаќањето на различностите. Многу возрасни треба да ги земат овие деца за пример.

 

1

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Министерот Тодоров вторпат стана татко
Утрово Министерот за здравство, Господин Никола Тодоров доби син.
5
Магијата на ноќта
Љубовна поезија
5
16 работи кои не треба да ги кажуваме на д...
Некои од фразите - позитивни или повеќе негативни, кои ги користите во воспитувањето на своите деца, можат да имаат долг...
4
Кои родителски совети им штетат на децата?
Секогаш добро размислете што му велите на своите деца и не дозволувајте да правите компромиси со тоа. Држете се до висти...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?