|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Дневникот на Anushka, Ноември 2010

image
/11


 

Дневникот на мама го започнав многу одамна, но сега прв пат го ставам на хартија. До сега го пишував во срцето.

Прва работа која ги опишува деновите на една мајка се всушност – ноќите. И тоа оние непреспаните. Значи – сите. Не паметам ноќ кога сум отспала од почеток до крај. Цели 18 години.

Се' започна ноќта по завршувањето на тогаш популарната серија „Сивиот дом“. Ја догледав и отидов да се пораѓам. Цела ноќ. Утрото го родив мојот прв син. Ме однесоа во шок соба. Хи,хи, сега ќе се наспијам. Немирни мисли и постоперативни болки ми го роеја телото со милион трпки. Око не склопив. Со нетрпение чекав да се раздени и да ми го донесат бебенцето. Првата средба со син ми ни најмалку не ме успокои. Од возбуда, едвај спиев наредните ден-два. Токму кога се соживеавме со болничката рутина, во болницата одекна бомба! Вистинска, силна, онаа што убива луѓе!

Беше време кога сиот Балкан гореше. Илјадници мајки умираа по логорите во Босна и Хрватска, убивајќи им ги што туку родените бебиња... Огромни солзи ги воденеа искинатите чаршафи на Скопското породилиште. Ние, новите мајки, во паника ја проколнувавме судбината: „зарем со што туку родени бебчиња ќе го делиме злото на братоубиствената војна?!“

Во страв кој ми ја корнеше утробата, ги слушав 'рѓосаните колички полни со врескави бебиња и забревтани сестри како по ходниците итаат кон подрумот, кон скривниците. Мозокот ме болеше: „Зарем мене тоа ми се случува? Зарем ќе ме двојат од штотуку роденото чедо? Зарем нема веќе да го видам?!“

Ужас и паника не' занеме и прикова за креветите додека се криевме од куршумите кои фучеа близу приземната зграда во Чаир. Ги подѕирнувавме специјалците кои во панцири трчаа со своите автомати. Наслушнувавме крици. Слушнавме низ шепот дека надвор има повредени и жртви. Една вработена целата раскрвавена стигнала на својата смена во болницата. Нагаѓавме. Никој ништо не ни кажуваше, освен да лежиме и да не се помрднуваме. Да не палиме светло и да не се приближуваме до прозорците. Таа вечер ниту бебињата не ни ги донесоа на подој.

Кобни размисли и туробно бунило ме убиваше – како ми е детето? Кој го храни? Дали е повиено? Студено ли е во подрумите-скривници?

Се пукаше до доцна во ноќта. Исто како што почна, така одненадеж и престана. Утрото со јанѕа се раздени. Набргу, од свежите весници дознавме за двосмисленоста на пукотниците, за парадоксалната политиката и борбата за превласт. Во неверица мајките прифатија дека клинчот во кој се нашла болницата, бил меѓу шверцерската мафија и полицијата. Сепак, нема војна! Колку само ги гушкавме бебињата после тоа...

Дома продолживме со неспиење. Ниту штедрата помош од тато не помагаше! Грчеви кои сите не' будеа, гладно меше кое бараше уште храна, крвави рагади и се' така до недоглед. Ајде, си велев, да минат 40-те денови. Ајде три месеци. Почнавме со адаптирано млеко и бебето почна да спие како „заклано“. А – ха, мислите дека и јас така спиев? Не, не. Тогаш се будев на секои половина час да видам зошто не се буди, дали дише. А потоа ги минавме и првите настинки,затнати носиња, кашлици и ноќни повраќања и конечно фативме заеднички ритам на спокојно спиење и рано-будење. Но, тука дојде и вториот син. ..

Поучена од претходните „бели ноќи“ во болница, бев решена овој пат да спијам и добро да се одморам пред одењето дома. Уште првата вечер цврсто сум заспала. Ме разбуди тивок плач на мојата перница. Не можев да поверувам: ниедно време, сите мајки спијат – сами. Само моето бебуле лежи во темнината, тука до мене. Мислев дека сонувам. Во паника  сфатив. Сме заспале при последното доење и сестрите заборавиле да го земат.

Ме фати паника. Дали да го оставам да спие до мене? Дали да го вратам? Што ако на бебето не му е најдобро тука? Што ако треба да го дохранат сестрите токму сега, а тоа е гладно? Што ако го бараат?!

Заборавив на дванаесетте конци кои болно затегаа при секој напор и си го земав синот во прегратки. Чекор по чекор, скала по скала. Во тивката ноќ стигнав до собите каде спиеја другите новородени. Затекнав магична, сина тишина која дишеше во ритам на нов живот. Куп прекрасни бебиња. Се' мирисаше на ветување, на ново... Ги разбудив сестрите и им го дадов син ми. Занемев. За нив тоа беше рутина. Едноставно, заборавиле да го земат. За мене, пропаст. Значи, туку така – може да им недостига бебе од купот, а да забележат дури утрото?! Јас, која од грижа на совест, со толку тешко срце го предадов моето детенце на грижа на непознати – не можев да се помирам дека мојот син е само бројка... Повторно непреспана ноќ на која се надоврза очај за враќање во спокојот на домашното огниште.

Мислам дека кога си дојдовме дома по возбудливите денови во болница, почнав да се одморам. Но, повторно без сон! Само што сме заспале, бебето станало. Само што се најало, ете го – повратило. Чисто, искапено – се искакало. Така до недоглед се нижеа бессоните ноќи. Моето ново бебе едноставно не спиеше! Од немајкаде, дури го однесовме и на бајачка. Попусто. Мојот син не дозволуваше ништо да пропушти, мораше се' да види, се' да чуе. Дури и најмалиот шум го будеше. Конечно, сфатив дека тој едноставно, не е многу по спиењето.

Минуваше времето, бебињата станаа дечиња. Секоја ноќ ритамот на нивното дишење го проверував повеќе пати. Така до недоглед, поточно до еден кобен ден кога синовите ги зема нивниот тато, да живеат кај нивната баба, а потоа кој знае каде... Ме погоди сето тоа, но во моменти на мачен развод, време на распаѓање на еден дотогашен свет, наоѓав утеха дека за дечињата така е најдобро. Ја игнорирав празнотијата се' додека не паднеше ноќ. Ноќ која траеше цели две години. Бунило и бесознание, милион мисли упатени кон моите деца, ги поврзуваа непреспаните ноќи во огромен кошмар. Кошмар кој не ми даваше да се разбудам и не ми даваше да спијам: каде се, како се, со кого се, здрави ли се, дали им недостасува нивната мама? Дали малиот се буди уште навечер? Дали големиот пак почнал да мокри во кревет? Дали ваква глува ноќ ќе донесе невреме утре? Или можеби земјотрес?! Леле, Боже, па тие се на седми кат!! Ах, тој висок кат со големи прозорци... големиот син месечари, дали бдее некој над него... Утро. Малку мир. Денес ќе појдам во школо, ако се таму, да ги видам. Спокој. До следната ноќ.

                                                            *   *   *

Сега се дома. Сега се големи. Сега имаат и мала сестричка која трча и се смее и плаче и скока и се игра во сон. Немирна таа на мама и бато и бато.

Сега мама пак не спие. Да, да, друг ги покрива моите синови, друг е во нивниот кревет (нивните девојки, ха, ха). Но мама седи будна на прозорец со мобилен во рака и чека да се вратат од излегување. Штом ги чуе како си легнале по нивните соби, мама заспива. Но, се буди дада и пак не и' дава на мама да спие.

А што ќе им е на мајките сон, кога нивниот сон веќе се остварил?

 

Ваша Анушка

 

 

 

 

 

И Вие можете да го напишете својот дневник! Споделете ги со нас чувствата и искуството како е да се биде МАМА. Може да ни пишувате на различни теми поврзани со мајчинството и одгледувањето на детето. Својот дневник може да го доставите до главниот и одговорен уредник на Рингераја.мк, на е-адресата: barbara.sinadinoska@ringeraja.mk

 


 

 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Љуби, па прави што сакаш...
Интервју со Проф.Др. Ферид Мухиќ
4
Ќерко моја, еве колку долго те сакам...
Само ако знаев дека ќе ме викаш тато и дека ќе ми кажеш дека ме сакаш...
4
Комбуха – „Чај на Бесмртноста“
Комбухата е здрав напиток кој се прави од јапонска чајна габа – комбуха. Комбухата се користела во Источна Европа, Русиј...
4
Афазии: Губење на говорот кај деца заради ...
Афазија претставува губиток или пореметување на јазичните функции, а до тоа доаѓа поради повреди на главата при сообраќа...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?