|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Непредвидени грижи и проблеми со родителството

Редакција Рингераја, 11.10.2011
Добивте бебе и станавте родители? Но, со тоа дојдоа и еден куп непредвидени грижи и проблеми и имате толку многу прашања. Еве некои од нив, па се надеваме ќе Ви помогнеме.

image
/11


Десет прсти на рацете, десет прсти на нозете....ова е сигурно на листата на работи за кои родителите се грижат. Но, со родителството доаѓа и цела армија неочекувани грижи и проблеми, секој од нив побизарен, а воедно и поинтересен од предходниот. Еве листа на 8 работи за кои не сте очекувале дека ќе се грижите  кога ќе станете родители:

  1. Дали изметот е со нормална боја?- кафено, црно, зелено, беж.....спектарот на бои на изметот на Вашето бебе ке Ви создаде проблеми, но повеќето од нив се совршено нормални. Затоа не се вознемирувајте кога менувате пелени, а таму Ве чека изненадување во разни бои...истражете малку и нема да има причина за паника. И нормално не плашете се да го прашате педијатарот, тие се тука токму за тоа.
  2. Колку често треба да се бања?- Вашето бебе има мини-бањање секој пат при менување на пелените или кога ке си ги извалка рачињата или ножињата. Се додека не почнат да лазат наоколу и да си играат во кал, ритуалот на секојденвно бањање, не треба да се започне. На неколку дена е сосема доволно.
  3. Дали да го извадам бебето надвор?-Стресни се оние први екскурузии со бебето во надворешниот свет. Започнете со едноставна прошетка низ маалото, за да се навикнете на таа слика. Така ќе се опуштите и за кратко време ќе бидете тотално подготвени да ја спакувате торбата со пелени и цуцлички и да тргнете во долги прошетки и патувања.
  4. Колку долго треба да чекам за да подригне?- Шетате во средината на ноќта, го тапкате по грбот половина час за да подригне. Изгубен сон... потапнувајте го неколку минути, во разни позиции...Но вистината е дека не можете да изнудите подригнување.
  5. Дали е нормално за бебе да се лигави ТОЛКУ МНОГУ?- сепак не е толку многу како што изгледа. И истурена кафена лажичка со вода изгледа многу. Ако сте загрижени, консултирајте се со педијатарот, но бебињата се лигават, тоа им е работа.
  6. Треба ли да ги терам луѓето да мијат раце пред да го допрат моето бебе?- Тоа не е лошо. Новороденчињата се подложни на вируси и бактерии, па да побарате од луѓето да се измијат е нормална мерка на претпазливост. Но воопшто не е трагично ако некој го фати Вашето бебе без да се измие, сепак вирусите и бактериите најмногу се пренесуваат преку воздух, па миењето раце не значи стерилна средина.
  7. Треба ли да го разбудам бебето за да го нахранам?-Ако зборуваме за попладневна дремка, тогаш не е лошо да го разбудите, па да биде будно во попладневните часови за подобро да спие навечер. Но ако се прашувате за доцна во ноќта, НЕ ГО БУДЕТЕ! Тоа спиење е многу здраво и оставете го, а ако е гладно, верувајте дека тоа самото ќе ве разбуди.
  8. Мојата пријателка ми рече дека треба__________, но не сум сигурна дека тоа е правилно. Таа има три деца, треба ли да ја послушам?-дури и Вашата најдоверлива и најдобра пријателка со најдобри намери, може да понуди совети кои не се вклопуваат со Вашиот личен стил на родителска грижа. Можеби сте родител кратко време, но верувајте си имате сопствен стил кој туку што почнувате да го откривате. Затоа верувајте му на Вашиот инстинкт....ова е Ваше бебе, Ваше семејтво.

 

Да се биде “тазе ” родител понекогаш прави да се чувствувате како да сте сами на некоја друга планета. Но запаметете....не сте! Кога и да се чувствувате така, поврзете се со со други тазе родители, денес и низ историјата....сите се чувствуваат исто.

Со храна против слабокрвноста
Често се случува при крајот на зимата да се чувствуваме исцрпено, уморно, поспано, често не боли глава, намалена ни е ра...
7
Како да изградите добар имунитет во раното...
Во рамките на нормалното е малото дете да боледува помеѓу 4 и 8 пати годишно, а кај некои деца оваа бројка е дури и пови...
7
Грижа за мајката по породувањето
Да се биде информиран за тоа што да се очекува, кога и зошто да се побара медицинска помош, не само што ќе ви ја олесни ...
5
Црвенило на газето
Многу бебиња страдаат од пеленски осип. Со помош на овие совети брзо ќе го совладате црвенилото на бебешкото газе.
4


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар: