Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Сите родители тоа го прават, сакаат да знаат какво е нивното дете во споредба со други деца. А токму втората година од животот на детето, провоцира такви споредби. На таа возраст децата се развиваат со големи чекори. Учат да одат, да се качуваат по скали, со коцките да изградат кула, а успешно јадат и сами со лажичка.
Но, ниту едно дете не се развива еднакво и на ист начин. Нема причина за вознемиреност доколку некое дете веќе со 9 месеци слободно оди, додека на друго ќе му требаат 16 месеци за да ги направи првите чекори. Има деца кои веќе на 12 месеци знаат да јадат со лажичка, а некои со 20 месеци сеуште не можат да ја погодат устата. Ниту за таквите деца не може да се каже во медицинска смисла “дека касно палат”. За нивниот развој многу посериозно би било доколку поради тоа родителите станат нервозни, па со постојани споредби, од своето дете бараат многу повеќе отколку што тоа може да направи. Причините поради кои деца на иста возраст толку многу се разликуваат, родителите не можат да ги променат. Важна улога во тоа имаат и наследните гени, самиот темперамент на детето, неговата подвижност, но и како самото дете напредувало и растело во првите месеци. На пример, детето на возраст кога лази и често се става во оградичка, рано ќе разбере дека му се поставени гранични бариери и тие деца најчесто послабо го развиваат интересот и желбата за нови откривања. Или бебињата кои немаат прилика сами да си играат и да се мачкаат со јадењето, секако дека подоцна ќе научат да јадат сами со лажичка.
6
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Најчестите причини поради кои бременоста доцни
Доцнењето на бременоста е чувствителна тема за многу парови и може да ...
Емоционалниот товар на неплодноста
Неплодноста не е само медицински предизвик, туку и длабоко емоционално...
Пливањето и менталното здравје. Ослободување од стресот
Пливањето не е само физичка активност, туку и еден од најдобрите приро...
Втора недела од бременоста, што се случува?
Кога се зборува за втората недела од бременоста, многу жени се изненад...
Како летните горештини влијаат на бременоста?
Летните горештини можат да бидат непријатни за секого, но во бременост...
Дали вашите момчиња си ги допираат?
пеперутка16
Моето три и полгодишно дете постојано си го допира пенисот и не престанува. Пробав разни начини да го спречам, но не функционира. Не боли, не чеша, добро е. Хигиената е на ниво. Би сакала некој да ми пише како ја решил. Ви благодарам.