|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Немој ова, немој она...

Редакција Рингераја, 1.12.2011
Како се чувствувате кога некој ќе Ви каже “Немој!”? Така се чувствува и Вашето дете.

image
/11


 

Кога некој ќе Ви каже “Немој!”, сигурно чувствувате отпор и макар во себеси ќе прокоментирате (“Кој си ти да ми наредуваш? Е баш ќе направам што сакам!” и слично). Таква реакција има и Вашето дете. Разликата е во тоа што во најраната возраст Вие сте за него најголем авторитет, па детето верува во секоја Ваша забрана, критика, казна...како во “закон”. Освен тоа, детето нема сила да Ви се спротивстави и гласно да го искаже својот коментар. Меѓутоа доколку Вашето “Немој!” опстане низ целото детство – детето сигурно ќе се спротивстави, а тогаш тој отпор нема да можете да го запрете. Затоа е најважно своето “Немој!”, колку и да е аргументирано, да научите да го користите контролирано, со мера.

 

Кога се користи “Немој!” 

1. Безбедност

Секој родител имал прилика да изговара:”Немој да трчаш преку улица”, “Немој да скокаш од скалите”...Тоа е она Немој кое е оправдано, бидејќи зад него се крие Вашиот страв за безбедноста на детето. 

2. Мир

Постои “Немој!” кое нема никакво педагошко оправдување, но родителите го изговараат за да си обезбедат малку мир: “Немој да викаш”,  “Немој да играш баш тука”,  “Немој да зборуваш додека ја гледам омилената серија”. Ова “Немој!” е прилично непожелно за детето, бидејќи тоа со ништо не Ве предизвикало да го изговорите тој збор. 

3. Физичка активност

Родителите им забрануваат на децата физичка активност од страв да не се повредат. “Немој да паднеш” – велат. Како детето да сака да падне, или како да може да влијае на тоа дали ќе падне, или не.

4. Навика

За жал, некои родители на овој начин комуницираат со своите деца, не толку заради наведените причини, колку заради навика. Повеќе и не забележуваат колку зборот Немој станал составен дел од нивниот речник. Тие се убедени дека ваквата комуникација не може да биде штетна, дека таа е столбот на нивниот авторитет, односно дека детето не ги разбира на поинаков начин. Тоа секако не е точно.

 

Што да направите?

  • Променете го говорот

Кога ќе изговорите: ”Немој да одиш подгрбавено”, или било кое друго Немој кое се однесува на детето, му упатувате една од многубројните ТИ пораки. Нивниот заеднички именител е да почнуваат со “Ти си...”. Тие прават детето да се чувствува загрозено, а можен избор е или да се брани, или да се повлече во себе и да престане да комуницира со Вас.

 Наместо тоа, обидете се речениците (критики, сугестии, предлози, закани...) да ги започнете со :”Јас”. На пример, кога велите “Немој да ме прекинуваш додека зборувам, тоа ме нервира”, сте упатиле критика на однесувањето на детето, и детето ќе сфати дека всушност тоа, а не неговото однесување Ви оди на нерви. Но ако наместо тоа кажете “Кога ме прекинуваш додека зборувам, заборавам што сум сакал/а да кажам...”, не само што не сте употребиле Немој, туку сте ставиле акцент на она што Ве мачи. На овој начин сте ја зголемиле можноста детето да Ве послуша и да престане да Ве прекинува.

 

* Употребете афирмативен збор наместо “Немој!”

“Немој да ги фрлаш своите играчки” – “Среди ги своите играчки”

“Немој да трчаш преку улица” - “Помини ја полека улицата”

 

* Употребете волшебни зборови како што се “Те молам”, “Дали би сакал”, “Ајде заедно да...”

На пример наместо:”Немој да викаш”, речете “Те молам зборувај потивко”.

 

* Размислете

Кога изговарате НЕМОЈ размислете кои аргументи ги имате за тоа. Дали се грижите за безбедноста на детето, или со тоа го купувате сопствениот мир? Сепак, доколку детето на некое Ваше “Немој!” Ве праша: ”Зошто да не?”, задолжително треба да му одговорите. “Затоа што јас така велам”, не е валиден одговор.

 

Изостанок на реакција

Ако претерате со употреба на зборот “Немој!”, детето со тек на време сосема ќе престане да реагира на него. Слично се случува кога премногу викате, детето да стане “имуно”, односно викањето не го доживува како нешто сериозно, туку како Ваше нормално однесување.

 

Несигурност

Уште потешка последица од употребата на зборот НЕМОЈ е можноста детето да одрасне во несигурна личност. Ако неговото детство е обележано со постојани критики, забрани, реченици кои на овој или оној начин упатуваат кон тоа дека прави нешто погрешно, неговата самодоверба ќе биде нарушена.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Зошто детето не ме слуша?
Возраста меѓу 4 и 5 години е доста тешка, што се однесува до дисциплината бидејќи децата на оваа возраст се многу своегл...
5
Раст и развој на детето
Сложеноста на развојот на секое дете се состои во развојот на обликот и видот на способностите, како што се: моторни, ем...
3
Вие го воспитувате добро, тоа се однесува ...
Вашето дете не сака да ги поздрави соседите во лифт, или ја фрла хартијата од чоколадо на под, а Вие го воспитувавте да...
3
Научете го синот да биде џентлмен
Вашиот син – културен и воспитан дечко со кој се гордеете. Еве неколку совети за родителите на момчиња
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?