|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Не сакам да го облечам тоа...

Редакција Рингераја, 4.5.2010
Бидeте прифатливи кон начинот на облекување на детето, бидејќи така заштедувате нерви, а заштедувате и време. Можеби добро ќе ви дојде некој совет.
Клучни зборови:

image
/11


Без разлика на тоа колку се стари вашите деца, облекувањето, како и исхраната, секогаш доведува до војна. Најдобар пристап на овој проблем е јасно да ги поставите границите и да одлучите, каде може да попуштите, а каде не. Бидете упорни таму каде што тоа е навистина потребно (на пр. задолжително облекување на хулахопки и капа во зима, гумени чизми на дожд, шеширчиња преку лето...), а на детето оставете му да одлучи за работите со кои може да живее (на пр. карирана маичка и панталони со цветчиња, или шарени патики наместо кафени...). Навикнете се да го прифатите неговиот избор затоа што така заштедувате нерви, и кој знае колку време.

Можеби добро ќе ви дојде некој совет:
- Секоја вечер заедно подготвувајте ја гардеробата која детето утредента ќе ја облече. Така нема да трошите време и нерви наутро.
- Уште при купување внимавајте на тоа што вашето дете сака да облече, а што не. Почитувајте го неговиот вкус и желби и така ќе спречите расправии.
- Секое дете има свое омилено парче на гардероба за кое секогаш се врзува. Ако детето и дење, и ноќе ја носи истата маица, дури и кога е нечиста, или веќе му е мала, побрзајте во продавница и купете му иста таква, и уште една поголема! Победата е гарантирана! Нечистата маица ќе ја замени со чиста, а премалата со поголема.
- Детскиот избор на гардероба кој не е соодветен со времето или приликата (местото), спречете го така што ќе ја одвоите облеката - по годишни времиња, како за во градинка, т.е. за училиште, за посети и за дома.
- Модна катастрофа ќе избегнете ако на детето му купувате гардероба од иста марка, каде што боите и моделите се дополнуваат и така ќе успеете со својата комбинација да го задоволи и вашиот вкус.
- И на крај, на тие проблемчиња гледајте со хумор. Немате врска што ве чека кога ќе влезе во пубертет!

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Модерно е кога сте свои
Во свет полн со трендови што доаѓаат и заминуваат, вистинското модерно нема врска со тоа што го носиш туку со тоа кои ст...
3
Шминка за мајки кои немаат време за компли...
Мајчинството носи многу убави моменти, но и многу малку слободно време. Помеѓу обврските околу децата, домот и работата,...
3
Љубовна приказна која го заобиколи светот!
Шеесет годишната Сју Џонсон од Хјустон, ја сподели со читателите на списанието “Hyper Vocal” својата љубовна приказна, к...
3
Бред Пит – крал на дијамантите!
Славниот глумец ја запроси мајката на своите деца, Анџелина Џоли, но иако ова му е трета венчавка, тој остана верен на с...
3




Анкета

Дали вашите момчиња си ги допираат?
пеперутка16

Моето три и полгодишно дете постојано си го допира пенисот и не престанува. Пробав разни начини да го спречам, но не функционира. Не боли, не чеша, добро е. Хигиената е на ниво. Би сакала некој да ми пише како ја решил. Ви благодарам.