|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Не можам да поднесам туѓи деца!

Редакција Рингераја, 21.8.2012
Чувство на непријатност, иритантност или само досада во присуство на туѓи деца, е многу почеста појава отколку што мислиме. Независно дали имаат свои деца или, некои луѓе ги иритираат и ги доведуваат до лудило туѓите деца. Зошто се случува тоа?
Клучни зборови:

image
/11


 

 

“Ги сакам своите пријатели и сакам да се забавувам со нив, но почнувам да ги избегнувам бидејќи не можам да ги поднесам нивните деца. Со нив е невозможно да се води нормален разговор, ниту по телефон, бидејќи децата постојано не' прекинуваат. Од друга страна, со моите деца немам такви проблеми. Тие не можат да сфатат дека сакам насамо да ги гледам, но јас навистина никако не можам да се опуштам кога се тука нивните деца”, кажува една мајка.

Туѓите деца моат да бидат предмет на константна иритација – без оглед на тоа дали имате свои деца или не. Многу се чести ситуациите во кои родителите ги сакаат своите деца, но не можат да поднесат кога им е тука друштвото. Им се чини дека тие деца се погласни, безобразни и апсолутно не симпатични.

 

Чест проблем

Ако сакате секогаш да имате контрола врз ситуацијата, тоа може да ја зголеми анксиозноста и стресот кога сте во друштво на деца бидејќи туѓите деца нема да можете да ги контролирате. Слично на тоа, ако сте навикнати секогаш да бидете во центарот на вниманието, нема да Ви биде драго да се борите со детето за внимание. Во таквите ситуации може да се почувствувате маргинализирано.

 

Самоодбрана

Децата може да предизвикаат различни реакции кај Вас. Можат да Ве потсетат на личност која не ја сакате, или на Вас самите. А ако имате тежок однос со едниот од родителите та може да го припишете и на детето. Веројатно сте го чуле она: “Ах, иста е како мајка и!”.

Несигурноста и сопствениот родителски стил исто така може да влијае на тоа како се однесуваме кон децата. Се претпоставува дека ако сте родител дека сте стручњак за деца. Но тоа не е баш така. Вештините не доаѓаат сами од себе кога ќе станете родител. Затоа што тоа се очекува од нас, често ни е тешко да признаеме дека имаме недостатоци како родители. Затоа често се случува на туѓите деца да го манифестираме незадоволството од родителството.

Добриот однос со туѓите деца треба и може да се извежба.

 

Преземете акција

  • анализирајте од каде доаѓа анксиозноста. Обидете се да размислите дали причина за вашата анксиозност е детето, или Вие самите.
  • Ако други деца Ве провоцираат да размислите за тоа каков родител сте, побарајте професионална помош. Родителството е тешка работа  и не треба да се срамите да признаете дека Ви е потребна помош.
  • Немојте премногу да се трудите да Ве сакаат децата. Можеби сакате да Ве гледаат како забавна личност, но децата сакаат да знаат кој е главен. Бидете авторитет, личност која не се плаши да поставува правила и која има граници.
  • Ако се уште Ви е тешко, ставете се во позиција на детето. Размислете како им е нив што мораат да бидат со некој на кого очигледно му сметаат. Можеби тоа ќе Ве омекне малку.

Дали сте забележале дека не ги сакате туѓите деца? Дали сте размислувале за причините?

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Mлечните заби ги чуваат трајните
Многу од родителите знаат да дадат одговор дека не ги поправале млечните заби на нивните деца затоа што тоа се млечни за...
4
Ќотекот НЕ е излезен од рајот
Родителите имаат многу улоги во животот на детето. Тие се воспитувачи, доктори, тренери, возачи, учители, медијатори, го...
3
Ненасилно воспитување на децата
Насоки за ненасилно воспитување на децата
3
Детски бонтон
Примерот на однесување научен до седмата година од животот најдолго се помни. Децата и пред да станат ученици треба да ...
3




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?