|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Не мора да удриш за да покажеш моќ

Редакција Рингераја, 5.10.2018
Колку повеќе ги плескате децата, толку е поголема веројатноста тие да се спротистават и да се соочите со анти-социјално однесување, агресија, проблеми со менталното здравје и когнитивни тешкотии

image
/11


Овие резултати се добиени во новата мета-анализа во период од 50-години, која се однесува на „воспитно плескање“ на децата од експерти на Универзитетот во Тексас во Остин и Универзитетот во Мичиген.

 

Студијата, објавена во весник за семејна психологија, го разгледува петдецениското истражување кое опфаќа над 160.000 деца. Истражувачите велат дека тоа е најдобро направена анализа која се однесува на последиците поврзани со тепањето. Предходно направените анализи вклучувале и други видови на казнување.

Според Елизабет Гершоф, вонреден професор по човечки развој и семејни науки на Универзитетот во Тексас во Остин, оваа анализа се фокусира на она што повеќето Американци ќе го препознаат како тепање, а не на потенцијално злоставување. „Откривме дека тепањето било поврзано со ненамерни штетни последици и не било асоцирано со побрза или подолготрајна послушност од страна на децата, што е очекуван резултат на родителите кога ги дисциплинираат своите деца“.

Гершоф и коавторот Ендру Гроган-Кејлор, вонреден професор на Факултетот за социјална работа на Универзитетот во Мичиген, откриле дека тепањето „плеснување“ (дефинирано како плеснување на задната страна на екстремитетите со отворена рака или по задникот) е значително поврзано со штетни последици кај 13 од вкупно 17-те испитани случаеви

„Исходот од студијата е дека тепањето ја зголемува веројатноста за појава на широк спектар на несакани поведенија од страна децата. Воспитното плескање го прави спротивното од она што родителите обично сакаат да го постигнат“ – вели Гроган-Кејлор.

Гершоф и Гроган-Кејлор тестирале некои долгорочни ефекти кај возрасните кои како деца биле тепани. Колку повеќе биле тепани, толку поголема била стапката и веројатноста тие да покажат анти-социјално однесување и да доживеат проблеми поврзани со менталното здравје. Тие, исто така, го поддржувале и практикувале физичкото казнување на своите деца, што истакнува еден од клучните начини на кои ставот за „полезноста“ на физичкото казнување се пренесуваат од генерација на генерација.

Истражувачите од студијата направиле увид во широк спектар на студии поврзани со оваа проблематика и истакнаа дека „плескањето“ е поврзано со негативни резултати постојано и во сите видови на студии, вклучувајќи ги и оние кои ги користат најсилните методологии како лонгитудинални или експериментални дизајни. Дури 80 отсто од родителите ширум светот ги напуштаат своите деца, според извештајот на УНИЦЕФ за 2014 година.

Гершоф забележува дека тепањето перзистира како метод за воспитување и покрај фактот дека не постои јасен доказ за позитивни ефекти од тепање, скубење, или шамарење по лице и изобилство докази дека тоа претставува ризик за повреда на однесувањето, развојот на детето, појава на ментални растројства и тикови кај децата.

Ние како општество мислиме дека „плескањето“ и физичкото насилство се одвоени како однесување. Сепак, студијата покажува дека „безопасното плескање“ и другите форми на физичко малтретирање беа поврзани со исти штетни последици на детето во иста насока и речиси иста сила.

Гершоф, исто така, истакна дека резултатите од студијата се во согласност со извештајот објавен неодамна од страна на Националниот центар за контрола и превенција на болести а кој повикува на “кампањи за јавно ангажирање, едукација и законодавни пристапи за намалување на телесното казнување”, вклучително и плескање како средство занамалување на насилство.

Да се надеваме дека оваа студија може да им помогне на родителите да се едуцираат за можните штети од тепањето, плескање, штипење, скубење и други форми на физички акт применет за воспитување, а со тоа да се поттикнат да пробаат позитивни и неказнувачки форми на воспитување.

„Не мора да удриш за да покажеш дека имаш моќ“. Наместо тоа, поставете јасни граници, бидете конзистентни. Физичките форми на дисциплина ќе ги научат децата да бидат агресивни.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Посебен однос: Татко и ќерка
Таа е негова мала принцеза и секогаш ќе ја доживува така, а таа во него ќе бара посебно разбирање и заштита
4
Колку вкупно заби имаме???
Стоматолошката ординација Калајџи “Dental Care” во соработка со семејниот портал Рингераја.мк ќе спроведува здравствено ...
4
Нова епизода на „Кој кого расте“
Недела на 26.05.2013 во 10.20 часот повторно на Телма телевизија, следете ја новата епизода на тема: Деца и миленичиња
3
Како да неутрализирате тантрум на јавно ме...
Вашето дете има тантрум на јавно место. Чувствувате дека сите гледаат директно во вас, а вие претпоставувате дека се пра...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?