|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Не ја сакав ќерка ми, а сега е целиот мој свет!

Редакција Рингераја, 4.10.2013
Емотивна исповед на татко на дете со Даунов синдром

image
/11


 

Хит Вајт не сакал болно дете, бидејќи не се вклопувало во неговиот совршен живот, а денес малата Пајзли е центар на неговиот свет. Пилотот и агент на ФБИ цел живот тежнеел кон совршенство, а кога дознал дека неговата сопруга носи дете  со Даунов синдром, тоа не се вклопувало во неговата идеја за совршен живот. Меѓутоа неговата сопруга одбила да абортира и во 2007 година се родило девојче, која подоцна станала цел свет на својот татко.

Денес малата Пајзли е светлост во мракот и инспирација за семејството Вајт, кое покрај нема има уште две деца. Но не било секогаш така.

Кога Хит Вајт дознал дека Џенифер носи хендикепирано дете, упорно барал од неа да ја прекине бременоста. Во потресното интервју, сега посветениот татко, признал дека цел живот тежнее кон совршенство, дека бил истакнат спортист, одличен ученик и студент, а подоцна пилот. Хендикепираното дете би ја упропастило оваа бајковита приказна.

“Мојата главна грижа беше што ќе мислат луѓето и како ќе гледаат на мене. Се прашувам која слабост го предизвикала тоа во мене? Кога ми се роди дете со Даунов синдром буквално чувствував дека умирам. Направив се' што можев за да ја натерам Џенифер да абортира и иако не бев насилен, не и дадов поддршка, кога и требаше”, раскажува Хит Вајт.

Џенифер, за која ова беше трауматично искуство, бидејќи љубовта на нејзиниот живот не ја подели среќата со неа заради новиот член на семејството, беше подготвена на се. Таа на својот сопруг му поставила ултиматум велејќи му дека, ако не го прифати бебето, ќе го изгуби целото семејство заканувајчи му се дека ќе замине заедно со Пајзли и нејзината постара ќерка.

Кога се роди Пајзли, Хит Вајт се смееше позирајќи на семејните фотографии, но признава дека не чувствувал никаква поврзаност со неговата мала ќерка. Кога неговата мајка искоментирала дека девојчето воопшто не изгледа како да е хендикепирано, Хит знаел дека тоа е лага.

Дури по неколку месеци сфатил дека најголема разлика меѓу Пајзли и другите деца е што таа е негова.

“Се сеќавам на моментот кога се преобратив. Ја држев во раце и ја скокоткав, а таа се смееше. Нејзиното смеење и нејзините обиди да ме оттурне одеднаш ми ги отворија очите, сфатив дека таа реагира како што тоа го прават и другите деца, а единствена разлика е во тоа што  ова мало дете кое што го држам е мое”, кажува Вајт.

Во него се јавила желба со светот да ја подели својата гордост, заради фактот што е татко на Пајзли. Пред да му се роди втората ќерка, Хит редовно трчал маратон, но по раѓањето на Пајзли престанал. Кога конечно ја прифатил својата ќерка, сфатил дека трките се нешто што би можеле да го прават заеднички.

Овој мал тим сега учествува на трки така што таткото трча и во специјална количка ја турка својата ќерка. На прва трка се појавиле непосредно пред Пајзли да наполни една година, а денес по пет години, зад себе имаат голем број маратони и трки на 5 и 10 километри, а неколку пати освојувале и медали.

Таа е најубавата работа која му се случила.

Кога Пајзли имала 18 месеци, нејзиниот татко почнал да пишува писмо кое и е наменето неа, а во кое изнесува детали за своите лични бариери и конфликти низ кои поминал додека не научил да ја сака повеќе од било што на светот.

“Знам дека ова писмо еден ден можеби ќе ја повреди, но мислам и дека ќе и помогне да сфати колку ја сакам. Исто така верувам дека писмото може да им помогне на сите родители кои се во иста ситуација и кои треба да сфатат дека не се сами”, искрен е Хит.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Знаете ли кои се правата на вашето дете?
Никој нема право да ме купи или продаде! Имам право на игра! Имам право да имам мајка и тато! Ова се само некои од права...
5
Детски хороскоп: Дете Водолија
Оригинални, радознали, необични...Како да одгледувате дете во знакот на Водолија?
5
Официјален Регистар на педофили во Р. Маке...
Презентиран Регистар на лица осудени за кривични дела за сексуална злоупотреба на деца и педофилија.
4
Раст и развој на детето
Сложеноста на развојот на секое дете се состои во развојот на обликот и видот на способностите, како што се: моторни, ем...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?