|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Не им говорете на вашите ќерки дека се убави

Редакција Рингераја, 4.12.2017
Леле колку си убава! Мамичке, имате толку убава ќерка. Сигурно е најубава во градинка/училиште
Клучни зборови:

image
/11


 

Кога ќе го сретнеме синот на некоја своја пријателка, или малиот сосед, а баш силно сакаме да му дадеме комплимент, тоа оди вака: Ау колку си пораснал голем! Колку имаш години, одиш на училиште? Да! Верувам дека си многу паметен! И тренираш карате? Сигурно си најдобар, нели? Нели си и многу храбар?

Дали се пронајдовте во оваа секојдневна ситуација?

Што всушност сакаме да кажеме со тоа? Дека момчињата се паметни, големи, храбри, па со комплиментите ги поттикнуваме да бидат уште попаметни, подобри и похрабри, а девојчињата? Само да бидат поубави? Што тогаш девојчињата ќе помислат? Сите деца како сунѓер ги впиваат разговорите на возрасните и потоа секако сами донесуваат заклучок од виденото и доживеаното. Значи, девојчињата е најважно да бидат убави? Тоа всушност го наметнуваат возрасните.

На училиште е друга приказна – таму се пофалува и се куди знаењето и вештините на секој ученик поединечно. Во градинката децата се пофалуваат кога ќе направат нешто убаво и тоа колективно, без разлика на полот.

Но тогаш пак ќе се најде некоја тетка, соседка или пријателка на баба и мама – Леле колку си само убава! И сите добри задачи, научени песнички и цртежи паѓаат во вода, бидејќи единствено важно е да се биде убава.

Заради тоа драги мајки, кои имате ќерки, оставете ги бабите, пријателките и сосетките да коментираат што сакаат, но секогаш бидете подготвени да се надоврзете со другите добри страни на вашата ќерка. Дајте им до знаење дека убавината е споредна работа, а учењето, добрите оценки, бројните пријателства, спортските достигнувања е она што ги прави луѓето големи и среќни. Убавината, шминката, убавите чизми се само оклоп на нивното преубаво битие.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Веселите дедомразовци стигнуваат на време
На наша радост, овој пат акцијата ќе се спроведува уште во два града Штип и Струга...
4
Витаминска бомба за јакнење на имунитетот!
Јак имунитет – тоа е отпорност на организмот на различни болести, а со самото тоа и добро здравје. Иако во нашите аптеки...
4
Стандарди за рано учење и развој
Социјалната, културната, физичката и интелектуалната добросостојба на граѓаните на Р. Македонија, претставуваат генералн...
3
Детски бонтон
Примерот на однесување научен до седмата година од животот најдолго се помни. Децата и пред да станат ученици треба да ...
3




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?