|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Наташа Мустафа, приказни од објективот на фотоапаратот

Марина Кљајиќ Петковски, 30.1.2021
Разгледувајќи го Инстаграм профилот на Наташа Мустафа, ќе запловите во еден магичен свет на прекрасни приказни, затоа што, не џабе рекле - секоја фотографија раскажува приказна

image
/11


Рингераја: Имате прекрасен профил со воодушевувачки фотографии. Прво, кој "се крие" позади истиот? Како настана профилот?

Наташа: Јас сум жена, сопруга, мајка, ќерка, фотографка. Инстаграм-профилот ми е место каде што преку фотографија се изразувам себеси, моите размислувања, погледи, пораки што сакам да ги пренесам. Ова особено ми помогна кога бевме во изолација. Тогаш единственото бегство во поубав свет ми беше фотографирањето. Се случи 1 месец да поминеме во нашата викендичка на планина. Таму подалеку од се, се препуштивме заедно со мојот сопруг на напливот на инспирација што само природата може да ти го даде и создадовме многу фотографии поминувајќи квалитетно време заедно. Тогаш посакав да продолжи приказната, дури и по враќањето од малечката куќичка во планината.

 

natasa

 

Рингераја: По професија си фотограф, а на твојот профил секојдневно споделуваш фотографии од храна, вкусни рецепти, кафе, книга, природа, и од вашата преубава викендица. 

Исто така се почесто гледаме фотографии на некои брендови и многу производи за кои креираш реклама преку фотографија.
Фотографиите ги кажуваат најубавите приказни а ти навистина умешно го правиш тоа.
Дали првичната замисла на профилот беше да имаш вакви соработки или настанаа спонтано?
 

Наташа: Ви благодарам. Преку моите фотографии сакам да порачам дека од се може да се направи уметност. Од кафето, ручекот, омилената книга, цвеќињата во градината… Се е тоа уметност на живеењето. Тие мали нешта всушност го прават животот поубав и ни го бојат секојдневието. Најпрвин беше само потреба да се изразам, а со пристигнувањето на првиот ПР пакет, започнаа и соработките со брендови, што за мене беше знак дека препознале квалитет. А тие што допрва треба да дојдат, трпеливо ги чекам, зошто знам кај и да се, ќе дојдат. Трудот секогаш се исплаќа на крајот и ништо на што толку му се посветуваш, не може да остане незабележано.

Рингераја: Имате студио и работите заедно со сопругот. Како врз вашата работа влијае моменталната пандемија?


Наташа: Пандемијата како и во сите други области го намали обемот на работа кога се во прашање фотосесии на луѓе и фотографирање настани. Но, јас сакам во секој проблем да гледам можност. Така започна фотографирањето продукти, кој е наш нов предизвик.

Рингераја: Често пати гледаме фотосесии од вашата викендичка, зад која има прекрасна приказна. Ќе ни ја откриеш?

Наташа: Викендичката или мојата колиба во планината, како што милувам да си ја нарекувам е наше прибежиште каде одиме секогаш кога сме во потрага по чист воздух, мир, тишина или плус инспирација за фотографирање. Се наоѓа во родното место на дедо ми во Ракитница, Демирхисарско. Малечка е, но многу слатка, изградена од камен. Со сопругот си ја дизајниравме, уредувавме, сами изработивме и некои парчиња мебел. Исто и редизајниравме едно старо текне што го пронајдовме на таванот во старата куќа на дедо ми и го претворивме во фенси комода. Текнето инаку порано служело за месење и чување на леб.

natasa

Рингераја: Мајка си на Емил. Што за тебе претставува мајчинството?

Наташа: Да, мајка сум на едно темпераментно момченце со име Емил и бескрајно сум благодарна за таа можност. Мајчинството те менува, како ништо друго на светот. Учиш да љубиш некого, повеќе од себе. Се што правиш, најпрвин мислиш да му е добро на твоето дете. Од друга страна, мајчинството е огромна одговорност затоа што тоа дете треба да прерасне во човек со вистински вредности. Секојдневно легнуваш со помислата дали денес направив се што можев во однос на воспитувањето на моето дете. Резултатите од трудот ќе ги видиш години подоцна.

Рингераја: Зад себе имаш една издадена книга. Како настана сето тоа? Ќе не изненадиш ли во иднина со некое дело?

Наташа: Мојата книга насловена „Сосем искрено" е збир од мои колумни кои излегуваа во еден битолски месечник. За мене лично, пишувањето беше еден вид на терапија, после претрпена голема загуба. Бегство од тагата која ме притискаше, бегство во еден поубав свет, светот на пишаниот збор. Книгата се однесуваше на битолски теми и личности. Според мене доживеа голем успех кој не го очекував и за кого сум многу благодарна. Реакциите на публиката беа одлични. Морам да ти признаам дека имам уште што да кажам и напишам, што во превод би значело дека сакам нова книга и дека ако сака Бог, најверојатно и ќе ја има. Но, како и за се досега во животот, се чека вистинското време.

Рингераја: Твоја порака до читателите.

Наташа: Биди благодарна за навидум малите нешта во животот, мисли на другиот, имај став, омажи се од љубов и сакај го тоа што го работиш.

 

 

Следете ја Наташа на Инстаграм @natasaemil 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дека вашата севкупна исхрана придонесува за вашето ор...
6
Правилна грижа за забите во училишна возраст
Стоматолошката грижа за децата на училишна возраст може да биде многу напорна работа бидејќи тие се премногу мали за да ...
4
Избркајте ги детските стравови
Страв од мрак, страв од лекар, страв од напуштање...Помогнете му на детето да ги совлада своите стравови
3
Нова епизода на „Кој кого расте“: Тешки вр...
Телевизиска емисија наменета за родители „Кој кого расте“ чии водителе Зорица Црношија во недела на 31.03.2013 во 10.20 ...
3




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?