|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Направете го Вашето секојдневие поинтересно

Редакција Рингераја, 25.2.2011
Колку повеќе сакате да знаете за светот и за луѓето кои Ве опкружуваат, толку животот Ви станува поинтересен

image
/11


 

Уморни сте и незадоволни бидејќи животот не Ви носи нови возбудувања и целосно се претворил во рутина? Понекогаш и одлучувате нешто да промените, но кон одлуката не се придржувате долго. Наместо секогаш да ги повторувате истите грешки и да донесувате драматични одлуки кон кои нема да може да се придржувате, обидете се да ги следите овие совети  кои би требало да ви бидат забавни, што ќе помогне кон нивно придржување.

 

Смејте се повеќе

Секој ден погледнете се во огледало и дарувајте си задоволна и блага насмевка.

 

Одморајте се доволно

Ако не можете  да се навикнете на идејата дека ништо не правите и тешко Ви е да се одмарате – најдете некое едноставно хоби : читајте, сликајте или изработувајте накит. Но немојте да си поставувате цели поврзани со хобито и од релаксирачките работи да си предизвикате стрес.

 

Направете мали промени

Почнете со мали промени. Пронајдете го почетниот чекор и тргнете кон посакуваната цел постепено. Ништо не се случува преку ноќ.


Бидете пољубопитни

Колку повеќе сакате да знаете за светот и за луѓето кои Ве опкружуваат, толку животот ви станува поинтересен. Љубопитството исто така  Ви помага да останете флексибилни и отворени.

 

Пресметајте го секој чекор

Радувајте се на секоја промена. Не е важна само целта, туку и тоа во меѓувреме.

 

Вратете се кон природата

Поголемиот ден од денот го поминуваме опкружени со вештачки нешта и поради тоа свесно потрудете се да се вратите кон природата, барем што се однесува  до исхраната и до негата на телото.

 

Уживањето нека Ви биде приоритет

Направете попис на нештата во кои уживате и правете ги.

 

Обојте го животот

Избирајте различно овошје и зеленчук, разнобојна облека но и  различни пријателства.

 

Водата е нужна

Осум чаши течност се нужни за правилно функционирање. Ако имате можност во просторијата во која престојувате, поставете фонтана. Течењето вода го јонизира просторот.

 

Разбудете се среќни

Можеби не Ви се чини  така, но ова всушност е едноставно. Штом ќе ги отворите очите, кажете си : „Денес  ќе бидам среќна“.

 

Невообичаени активности

Секоја недела одвојте барем еден час  за активности кои не се вообичаени за вашиот животен стил.

 

Купете алат

Верувале или не поправките се забавни и немојте да им допуштите само  на мажите да се забавуваат.

 

Префрлете се на риба

Не само што исхраната богата со морски плодови го намалува ризикот од срцев удар, туку помага и во зачувувањето на здравјето воопшто  и  може да го подобри расположението.

 

Слушајте

Често мислиме дека добар комуникатор е личноста која знае да го каже точно она што го мисли, но уметноста на комуникацијата се крие во слушањето и сфаќањето.

 

Никогаш не го завршувајте денот со вести

Во кревет би требало да се одморате и да собирате енергија за следниот ден, а не да размислувате за она што всушност сте го слушнале, било добро или лошо. Денот секогаш завршете го со нешто што Ве отпушта.

 

Станувајте рано

Разбудете се 30 минути порано и тоа време искористете го за медитација, молитва, вежбање, утринска прошетка.

 

Градете нови пријателства

Старите пријателства нужно е да ги негувате, но мора да дозволите и нови личности во вашиот живот.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Вештачката интелигенција ги управува апара...
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќинството имаат функции напојувани од алгоритми за ...
16
Направете најубави Велигденски украси!
Идеи за брза Велигденска декорација
7
Вистински лаги на работното место
Денес едноставно не Ви се оди на работа? Измислете совршена лага...
3
Дренвин - Извонреден природен помошник про...
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле производот и забележале значителни подобрувања во нив...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?