|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Дневникот на Pepelaska###, Декември 2010

image
/11


 

Декември, 2010 година

 

Полноќ, глува тишина.Навираат спомени од една јануарска ноќ, иста како оваа, тивка, мирна. Не толку далечна. Денес знам, а и тогаш знаев мојот живот не е истиот. Толку се плашев. А бев сама. Денови минуваа, пролетуваа така брзо. Болката си печеше во моето срце.А душата стегната како врзан јазол. Дали е се во ред? Што ќе биде ? Ретки беа и моментите на радост кои ги минувавме заедно, премногу ретки за чувствителна личност на која тогаш најмногу и требаше поддршка, некој кој ќе ме погали и ќе ми рече “ Добро е “ . Секогаш сама ја затворав вратата од ординацијата, толку радосна те гледав тебе, таму на тоа чудо наречено ехо. Со кого да ја поделам радоста кога излегував од ординацијата. Кого да го гушнам и да му кажам “ Се е во ред, расте, добро е“.Секако тука е телефонот ,да, се јавував да му кажам ама тогаш во тие моменти мене ми требаше топла прегратка и нежност.

Мирно неделно попладне, залез на сонцето, знаев дека одам таму за конечно да се запознаеме сонце мое.Страшни болки, огромен стрес и неизмерна среќа. Твојот прв плач, колку само прекрасно беше тоа.Очиња како на ангел. Така мило ме гледаа ми се чинеше дека ќе се стопам од среќа. Така повиено малечко како кукличка за играње. Ова мало суштество, ова мало човече  е мое, мислев во себе а срцето ми врескаше од среќа. Ти, миличко, ти растеше таму во мене. Дојде во вистинскиот момент. Господ решил да зачува една љубов на која можеби веќе и се наближуваше крајот. Тогаш Бог ме благослови да те добијам тебе. Долгите ноќи во болницата беа најубавите ноќи злато мало, тогаш јас и ти бевме сами, таму немаше никој да се испречи меѓу мене  и тебе. Солзи се тркалаа по моето лице. Оние радосниците ги победија оние кои идеа од болките.

Денес те гледам, како се смееш, како почнуваш да се галиш со тие мали слатки рачиња за кои јас секогаш ќе бидам тука. Мама нема да спие, мама нема да јаде, мама нема да излегува ниту да ужива само ти да си среќно, да го гледам тој сјај во твоите очи секогаш кога ќе ме видиш, секогаш кога ќе те гушнам најсилно, кога цврсто ќе те чувам во мојата прегратка. Спиј ми мило мое, спиј, сонувај ги најубавите бајки, сонувај ги најслатките соништа. Таа насмевка која ми го исполнува срцето чувај ја секогаш на твоето мало усте.

Расти ми мало мое , расти со ритамот на среќата и љубовта, со музиката на радоста со убавините на животот. Мама е до тебе да ти ги покаже најубавите скриени тајни на овој живот кој незнам дали јас ти го подарив тебе или пак ти ми го подари мене.

Дојде за да ме вратиш од тагата, од горката осаменост, дојде да ги избришиш моите солзи, да ја вратиш мојата искрена насмевка.

Ти благодарам, дете мое, ти благодарам што дојде да и помогнеш на мама, да преброди се. Ти благодарам мое злато што си толку мило, што си најубавото дете на овој свет, што ја имаш најмеката кожа која така нежно ме гали, што ги имаш најубавите очи. Ти благодарам што ми покажа колку е животот важен  и колку е убав секој ден и секое утро со твоето присуство.

Ти благодарам што направи денес мама да е силна и храбра како што никогаш не била !!!

 

 

Ваша Pepelaska###

 

 

 

 

И Вие можете да го напишете својот дневник! Споделете ги со нас чувствата и искуството како е да се биде МАМА. Може да ни пишувате на различни теми поврзани со мајчинството и одгледувањето на детето. Својот дневник може да го доставите до главниот и одговорен уредник на Рингераја.мк, на е-адресата: barbara.sinadinoska@ringeraja.mk

 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Знаци за паразитска инфекција кај децата
Типични паразити се: пантличара, глиста, нематоди и едноклеточни протозои. Симптомите варираат од еден до друг паразит, ...
6
Игри за поттик на интелегенцијата кај децата
Општо познато е дека периодот од раѓањето до седмата година е период на најинтензивен раст и развој на детето, како во ф...
4
Наставата ќе започне со комбиниран модел
Владата нуди комбиниран модел за старт на учебната година и секаде кадешто се исполнети условите од протоколите коишто в...
4
1 година дете - од аспект на мама
@mamamegi го споделува своето искуство
4




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?