|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Најлошите родители на детските игралишта

Richie Frieman, 8.4.2014
Некои луѓе гледаат на игралиштето како џунгла од направи, лизгалки и лулашки. Но тие веројатно не се родители. За родителите игралиштето е многу повеќе...
Клучни зборови:

image
/11


 

Тоа е најжежок клуб во градот, сала за состаноци каде се склучуваат договори, локално место за одмор, место за пиење кафе и разладување со вода и камен за озборување на соседите. Ах, да...и децата си играат таму...

Како родител на две деца на 5 и 2 годишна возраст, јас сум добро обучен во справувањето со многу уникатни карактери на родители, кои доаѓаат во игралиштето, некои потолерантни од другите. Еве кои се најлошите видови...

 

Родител на игралиште #1 – Озборувач

Родителот озборувач е личност која доаѓа на игралиштето од истата причина заради која студентите одат на студентска забава – за да види и за да биде виден. И исто како студентите, ќе го отфрли секој родител кој доаѓа безвреме, ако тоа значи дека не може да се стопи со толпата. Во овој случај, како и да е, оние кои се отфрлени се хиперактивните мали деца кои чекале цел ден за да отидат во локалното игралиште. Кога озборувачот ќе пристигне, ќе му дозволи на своите деца слободно да трчаат насекаде и да се валкаат во калта, за тој да може да ги разбере последните вести.

 

Родител на игралиште #2 – Генерален извршен директор

Во ред бебе, оди играј си. Тато мора да заврши неколку телефонски разговори. И...покрај разговорите, директорот ќе го искористи своето време за склучивање на некакви договори, одговарање на e-mail и комплетно игнорирање на децата. Често ќе го слушнете овој разговор:

Детето: Тато, тато, можеш ли да ме турнеш?

Извршниот директор: Разговарам на телефон сега. Оди играј си!

Понекогаш родителот-извршен директор извршува двојна работа како озборувачот. Ќе бидете изненадени колку родители го користат игралиштето како начин да се доближат до колегите родители кои имаат некаква раководна функција. Така игралиштето станува деловен коктел, без пијалоци, храна и декор.

 

Родител на игралиште #3 – Господине/госпоѓо, може да го почувате моето дете на неколку секунди?

Во кој свет живеете за да прашате тотален странец дали ќе го почува вашето дете на неколку секунди? За почеток, тоа време никогаш не се мери во секунди, туку најмалку изнесува 10 минути, ако имате среќа. И кога еднаш ќе му направите услуга на некој родител да му го почувате детето, засекогаш ќе станете негов бебиситер во игралиште. Верувајте ми, оваа молба не останува еднократна.

 

Родител на игралиште #4 – Родител кој ги игнорира своите деца-манијаци

Дали е птица, дали е авион? Не...тоа е дете-манијак кое се лизга од врвот на лизгалката директно на главата на другите деца. Најлошите родители на игралиште се оние кои им дозволуваат на децата да се спуштаат со најголема брзина по лизгалката, додека друго дете е на неа. Не е важно во кој дел од денот ќе отидете на игралиште, таму секогаш ќе има дете кое ги турка останатите и сака да биде секаде каде што се тие. И секако, во далечната далечина ќе го забележите неговиот родител како зборува на телефон, се досадува и не прави ништо, додека неговото дете неконтролирано дивее.

 

Родител на игралиште #5 – Родител на вечно невино дете

Овој родител е близок роднина, можеби прв братучед на родителот #4.  Ниту еден од овие родители никогаш нема да признаат дека нивните деца се инспирација за “Децата на пченката”.  Родителот на детето кое секогаш е невино знае многу добро што прави неговото дете, но е или кукавица, или премногу мрзелив за да го сопре.

Овој родител ќе гледа како неговото дете ги удира другите деца, ги турка помалите деца по лизгалката, гази преку се што ќе му застане на патот, фрла песок на главите на луѓето и децата – а тој ќе се насмевне и ќе каже нешто како: “Аххх, па знаете...момчињата се момчиња”, или “Ама тоа е само невина игра...”

Навистина?! Не знаев дека држењето на детето за глава додека го мачкаш со кал по лицето е игра. Некоја нова е?

Игралиштето можеби не е најдоброто место за дисциплинирање на децата, но тоа не значи дека треба да му дозволите се, бидејќи ви е непријатно да го искарате во јавност. Повикајте го детето настрана и кажете му што смее да прави, а што не смее. Ако детето не ве послуша, напуштете го игралиштето.

 

Родител на игралиште #6 – Алчен родител

ТОА Е МОЕ! ЦЕЛОТО Е МОЕ! МУА-АХ-АХХ! Како возрасни ние никогаш нема да сфатиме колку децата уживаат во игралиштата. Тоа е нивниот идеален свет Шангри-Ла. Тоа е еквивалентно на одмор за родители на некое егзотично место, без  деца и деноноќно отворен бар.

Како и да е, игралиштето не е дестинација за ваше лично бегство. Кога ќе пристигнете на игралиштето треба да бидете активни колку детето.  Ова значи дека ќе треба да му кажете да се тргне од лизгалката за да дојде на ред и друго дете.

На секое игралиште ќе најдете родител кој се притиви да ги почитува основните правила на учтивост. Тие родители не ја гледаат редицата на деца која чека зад лизгалката. Тие ќе се завртат кон вас и ќе кажат нешто сосема ирелевантно, како: “Извинете, но многу сака да се лизга.”

Навистина?! Па тоа е супер! Тоа го сака секое дете кое дошло на игралиште!

 

Родител на игралиште #7– Родител кој постојано се дере

Родителот кој постојано се дере е личност која се однесува исто, независно од ситуацијата. Дури и во приватниот живот тие веројатно викаат повеќе отколку што разговараат конструктивно. Но на игралиштето постојано се дерат:”НЕ ФАЌАЈ ГО ТОА!” “НЕ ТРЧАЈ!” “ИЗЛЕГУВАЈ ОТТАМУ!”  Овој родител мисли дека викањето е единствен начин за да се грижи за децата. Тој со едното око гледа во помалото дете, а со другото во другото дете. Во еден момент овој родител ќе се раздери на игралиштето, ќе предизвика масовна хистерија и нема да постигне ништо.

 

Родител на игралиште #8– Шеф

Шефот не сака ништо повеќе на светот од тоа да плати за да му го чуваат детето. Ова е човек кој носи трета личност со себе во паркот, да внимава на неговото дете, за тој да може слободнода се социјализира и со осудувачки поглед да гледа од даленина. Не мора да значи дека овие луѓе имаат повеќе деца, туку едноставно не сакаат да се замараат. Тие ќе гледаат додека платената личност ќе го качува и симнува детето од лизгалката, или додека ќе го ниша на нишалката, додека тој седи и не се меша со толпата.

 

Родител на игралиште #8– Авантурист

Како човек кој има искуство во професионално борење, сакам да мислам дека имам вкус за авантура. Па така кога ќе видам родител кој го охрабрува детето на нов предизвик, комплетно го разбирам. Сепак, кај сите деца не е вплетена нишката на авантуризмот. И секако, игралиштето не треба да биде основа за тестирање на каскадери.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Љуби, па прави што сакаш...
Интервју со Проф.Др. Ферид Мухиќ
4
Ќерко моја, еве колку долго те сакам...
Само ако знаев дека ќе ме викаш тато и дека ќе ми кажеш дека ме сакаш...
4
Афазии: Губење на говорот кај деца заради ...
Афазија претставува губиток или пореметување на јазичните функции, а до тоа доаѓа поради повреди на главата при сообраќа...
4
Како да ги направите роговите на Maleficient?
Инспирирано од Дизниевиот филм „Мaleficent“ или „Злобница“, во кој главната улога ја толкува Анџелина Џоли, ви даваме но...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?