|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Најлошата мајка на светот...

Lara2224, 19.10.2012
Дневникот на Lara2224

image
/11


 

 

Нема ден а да не се случи нешто што ќе ја натера да си рече себе си "ТИ СИ НАЈЛОШАТА МАЈКА НА СВЕТОТ'. Секој ден од кога се роди нејзиното малечко... Има милион примери за вакви случки. 

Еве утрово на пример, милото знаеше дека веќе е утро и дека мама ќе мора да стане. Затоа така сонливо се измолкна од под своето кебенце и се припи до мама. Само неколку минути потоа, во 05:30, заѕвони будилникот. Мама го гушна тато, го бакна бебето и наредните 15 минути го повторуваше истото и залудно се трудеше да си најде изговор да не стане... Но на крај мораше да се измолкне од постелата и да почне со рутинското спремање. Во 07:00 ги бакна уште еднаш и замина. "ТИ СИ НАЈЛОШАТА МАЈКА НА СВЕТОТ' - си рече...

Или претходното утро... Чекаше до последната минутка (кога би морала да излезе за да не задоцни на работа), а потоа уште 15 минути седеше до него и го галеше... на крај мораше да го разбуди малечкото топло бебенце, да го извади од малечката постела, експресно да го облече и сеуште сонливо да го стави во кола, да го вози 10 километри и да го остави во градинка. Учителката е прекрасна но кога го зема во раце малечкото детенце ја погледна мама право во очи и го започна најжалниот плач на светот. Мама го бакна во двете солзички што се слеваа по малите црвени обравчиња и си отиде... Тивко си повтори "ТИ СИ НАЈЛОШАТА МАЈКА НА СВЕТОТ'.

Или примерот од викендот... Малечкото детенце си играше само, не далеку од погледот на мама. Таа растрчуваше натаму-наваму и сакаше да среди се за да може да седне да си поигра со бебето. А работите кои требаше да се завршат како да извираат од некаде... никогаш им нема крај... После половина час-час бебето дојде до мама и ја повлече за тренерките "мама џиш" и тргна со прстето накај штекерот.  Се закани дека ќе чепка каде што е забрането ако мама веднаш не остави се што прави и не дојде кај него за да си играат. "ТИ СИ НАЈЛОШАТА МАЈКА НА СВЕТОТ' си рече мама, додека ја плакнеше последната чаша.

Наредниот ден мама остана дома да заврши повторно некоја работа, а бебе отиде да прошета половина час со баба и дедо. Кога се вратија дома се беше средено и мама конечно можеше да си поигра со нејзиното бебе. Ги рашири рацете за да го гушне а тоа со прекрасен сјај во очите почна да трча накај неа. Пред да трепнеш се сопна (бидејќи мама му ги облече тврдите патики кои бебе ги доби на поклон и морало да ги носи) и падна право на устето. Запчињата ја засекоа нежната кожа на внатрешноста на устето. Потече и крв... "ТИ НАВИСТИНА СИ НАЈЛОШАТА МАЈКА НА СВЕТОТ' не можеше а да не помисли...

 

Нема веќе да набројувам. Секој ден има барем еден ваков пример. И секој ден во главата и одѕвонува "ТИ СИ НАЈЛОШАТА МАЈКА НА СВЕТОТ'. Ако ништо не се случи, тогаш пред да си легне неминовно низ глава ќе и помине "што можеше да се случи". Ако денот е прекрасен, тогаш ќе помисли "Да, но што ќе биде утре? Утре повторно ќе бидам најлошата мајка на светот"

 

Конечно и се довери на својата другарка, исто така мајка. Малку се разведри кога дозна дека и таа е најлошата мајка на светот. Дека и таа се чувствува исто, дури и полошо бидејќи нејзиното чувство на најлоша мајка на светот трае четири пати подолго, а само се влоши после второто бебенце. Потоа разговараше и со една друга мајка и таа исто така беше најлошата мајка на светот...

 

 

Јас додека ја пишувам приказната за најлошата мајка на светот, не можам а да не помислам "ДОБРО Е, НЕ СУМ САМА". Скоро секоја мајка се чуствува вака. Секогаш е нејзина вина кога детето е тажно, гладно, нервозно или болно. Секогаш таа се чувствува виновна ако нешто непредвидено се случи. Секогаш таа е онаа која морала да спречи се што би можело да биде. Таа ги има најлошите мисли и стравови кои без исклучок секогаш се наоѓаат веднаш до најубавите надежи. Таа е мајка, најлошата мајка на светот! ВЕЌЕ НЕ СЕ ПЛАШАМ ГЛАСНО ДА КАЖАМ, ЈАС СУМ НАЈЛОШАТА МАЈКА НА СВЕТОТ, БИДЕЈЌИ СЕГА ЗНАМ ДЕКА ТОА ЧУВСТВО Е САМО ЗАРАДИ ТОА ШТО САКАМ ДА БИДАМ НАЈДОБРАТА МАЈКА НА СВЕТОТ. ВЕЌЕ НЕ ИМ ВЕРУВАМ НА ТИЕ ШТО СЕ ИМ ОДИ ОД РАКА. ВЕЌЕ НЕ СЕ СОМНЕВАМ ДЕКА ПРАВАМ НАЈМНОГУ ШТО МОЖАМ И НЕ ОДРЕКУВАМ ДЕКА ГРЕШАМ. ЈАС СУМ МАЈКА - НАЈЛОШАТА МАЈКА НА СВЕТОТ!

 

 

Ваша Lara2224

 

Да бидеш автор е лесно! Автор може да биде секој! Секој кој чувствува, секој кој љуби, секој кој тагува, секој кој безмерно се радува...

Прочитај како и ти да станеш автор во текстот Станете автор на Рингераја

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Јазикот зборува за здравјето
Дали имате навика додека ги миете забите во огледалото да го погледнете јазикот? Тоа е многу едноставен, но и корисен на...
6
Знаете ли кои се правата на вашето дете?
Никој нема право да ме купи или продаде! Имам право на игра! Имам право да имам мајка и тато! Ова се само некои од права...
4
Избираме најубава творба: Матеј Богатиноски
Уметничка творба на тема Правата на детето по повод одбележувањето на Детската недела ни испрати воспитувачката на Матеј...
4
Детски хороскоп: Дете Водолија
Оригинални, радознали, необични...Како да одгледувате дете во знакот на Водолија?
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?