|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Најглупави прашања за близнаците

Редакција Рингераја, 13.6.2012
Семејствата кои имаат близнаци се навикнати на чудните прашања на странците кои ги сретнуваат, па веќе имаат подготвени одгoвори. Овде Ви претставуваме список на најглупавите прашања на кои може да се надевате...

image
/11


 

1.       Близнаци се?

Сите сме го слушнале тоа. Тоа е најчест начин некој странец да започне разговор за децата. Иако е безопасно, ова сеприсутно прашање може да биде незгодно.

 

2.       Дали се идентични?

Од некоја причина луѓето сакаат да ги класифицираат близнаците во две категории – идентични и неидентични. Повеќето луѓе знаат дека постојат два вида на близнаци, но всушност не знаат што значи тоа. Ова прашање ќе Ве излуди бидејќи ќе го слушнете најмалку 100 пати, бидејќи не сте Вие должни да ги едуцирате странците на улица.

 

3.       Кое е постаро?

Зошто имаат луѓето потреба да го знаат тоа? Редот на раѓање не е релевантен за близнаците. Се работи за разлика од неколку минути – време кое нема никакво епохално влијание кај нив.

 

4.       Кое е подоброто бебе/дете?

Никој, никогаш не би и поставил вакво прашање на една мајка која има деца со различна возраст, но Вас ќе Ви го постават. Ова прашање е крајно непријатно, бидејќи нема одговор.  

 

5.      Дали веќе имате близнаци во Вашето семејство

Ова е исто така едно непотребно прашање кое родителите не сакаат да им биде поставено.  

 

6.       Зошто имињата не им се римуваат?

Луѓето очекуваат близнаците да имаат слични имиња, или имиња кои се римуваат. Како да сте должни да ги исполните очекувањата на јавноста, а не сопствените желби.

 

7.       Како ги разликувате?

Ако имате идентични близнаци, често ќе Ви го поставуваат ова прашање. И да немате идентични близнаци, сеедно, повторно ќе бидете прашани за истото.  

 

8.       Ги добивте ли по природен пат?

Ова е многу лично прашање. Никој нема право да Ви го постави. На ова прашање одговорете со...прашање.  

 

9.       Како ги родивте?

Исто така, никој не треба да се интересира за тоа како се породивте.

 

10.   Зошто ги облекувате различно?

Некој сака да ги облекува децата идентично, некој не сака. Ако ги облекувате децата различно, надевајте се на ова прашање.

 

Како ќе се однесувате кон странците на улица ед потполно Ваша работа. Со оваа статија само сакавме да Ве утешиме дека на сите родители на близнаци им се случува истото. :)

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Интересни факти за бебињата родени во деке...
Ако вашето бебе е родено во последниот месец од годината - декември, имате многу прилики за радост. Децата, кои доаѓаат ...
4
Таблетите заменете ги со насмевка
Човечкиот мозок за време на смеењето во крвотокот излачува хормони кои дејствуваат на намалување на болката. Затоа се см...
4
Видео: Како бебињата бегаат на слобода?
Не постои препрека која не може да се совлада! Погледнете како бебињата бегаат на слобода
4
Evy Baby - нови бебешки пелени!
Со комбинација од искуството и најновата технологија за среќни бебиња и мамички, Evyap ги вклопи сите карактеристики што...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?