|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Најдобри спортови за деца од предшколска возраст

Редакција Рингераја, 2.4.2015
Децата треба да се воведуваат во спорт и здрав живот од најраното детство, бидејќи занимавањето со спорт не само што го подобрува здравјето туку ги учи децата на тимска работа и дисциплина. Еве кои се најдобри спортови за децата

image
Спорт
/11


 

Децата едноставно обожаваат спортови и физичка активност и во тој свет треба  да ги веведувате уште од најраното детство, но треба да знаете да го изберете вистинскиот. Некои врсти на спортови не им лежат на децата и на нивниот карактер. Ако не знаете како да процените дали вашето дете е за тимски спорт, атлетика или нешто трето, ние ќе ви помогнеме.

 

Тимски спортови

Она што мораме да го нагласиме, кога се во прашање тимските спортови е тоа дека се тие одлични за малите деца бидејќи кај нив ги развиваат вештините за соработка, почитување и дисциплина. Ако сакате вашето дете да се занимава со тимски спорт, обидете се да најдете програми прилагодени на предшколска возраст, а кои не вклучуваат натпревари.

Тимските спортови се одлични за предшколска возраст, бидејќи покрај тоа што ги развиваат моторичките способности и координацијата на движењата, тие го поттикнуваат и психичкиот развој на децата, дисциплината, заедничката работа и меѓусебното почитување, што на децата ќе им биде од големо значење во животот.

 

Индивидуални спортови

Баш како и тимските и индивидуалните спортови се како создадени за децата од предшколска возраст. Гимнастиката е секогаш популарна бидејќи децата работат во групи и ги подобруваат индивидуалните вештини. Гимнастиката е одлична  за флексибилност, јакнење на мускулите и одржување на рамнотежа.

Мајките кои своите деца ги вклучиле во часови по гимнастика од најраното детство, имаат само пофални зборови. Гимнастиката ќе ги поттикне вашите деца да ги испитуваат границите на сопствената издржливост и да не се плашат да испробуваат нови работи од најрана возраст.

Боречките вештини се исто така одлични за деца од предшколска возраст, бидејќи ќе научат како да го контролираат сопствениот бес и ќе научат дека нивните екстремитети се исто така оружје кое може некого да повреди. Боречките вештини ќе ги научат на самоконтрола, дисциплина, а ќе им донесат и одредена доза на самодоверба, колку што тоа е можно на нивна возраст.

 

Пред да ги запишете децата на некој спорт, распрашајте се дали постои можност да појдете неколку пати, за детето да се запознае со спортот и со работата на тренерот, пред да го запишете. Ако на детето не му лежи баш најдобро тоа што сте го избрале, побарајте нешто друго што ќе му оди подобро.

Доколку вашето дете не е вонсериски талентирано и доколку нема желба да се занимава посериозно со некој спорт, оставете го да тренира се додека му е забавно.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Кој тип на вежбање најмногу прилега во бре...
Бременост! Мислиме дека ова е периодот кога никој нема да ни замери што јадеме повеќе од вообичаено, некое кило плус нем...
2
5 брзи трикови за совршена фигура
Понекогаш ни сами не сме свесни колку со здрав начин на живот можеме да влијаеме на здравјето и да го промениме текот на...
2
Безбедно ли е да се спортува за време на б...
Убавата и цврста фигура е "фикс идеја" за повеќето жени. Тие се борат со вишокот килограми, почитуваат строги диет...
2
Брзото одење го продолжува животот
Пешачењето е едно од најдобрите работи што можете да направите за вашето здравје. Тоа е корисно за срцето, крвниот прити...
2




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?