|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Најдобрите извори на железо во природата

Редакција Рингераја, 18.11.2014
Како да се заштитите од анемија?
Клучни зборови:

image
/11


 

Сте чувствувале ли некогаш  дека сте уморни, слаби  и како без здив? Тоа се едни од најдобрите показатели на недостаток на железо во крвта. Долготрајниот дефицит на овој важен елемент е основа за развој на анемија.

За да ја вратите енергијата, а и за да се заштитите од анемија, нема да биде лошо да вклучите во вашата исхрана повеќе производи богати со железо.

Недостатокот на железо е еден од најпознатите, одамна документирани, дефицити на исхраната. Овој елемент е клучен за производство на црвени крвни клетки. Тој има водечка улога и во преносот на кислород до сите делови на телото, како и за изнесувањето на јаглеродниот диоксид од ткивата.

Анемијата се среќава најчесто кај жени, девојки, деца и спортисти.

Недостатокот на железо може да биде поправен преку храна богата со овој важен елемент. Еве кои се најдобрите извори на железо во природата:

Животински органи - црн дроб, срце, бубрези. Тие се познати како моќни енергетски носители заради високата содржина на железо. Освен тоа се богати со витамини, аминокиселини и други минерали.

Иако се богати со железо, овие храни не се препорачуваат на бремените жени, како и на луѓето кои страдаат од кардиоваскуларни болести поради висок холестерол, пациенти кои претрпеле мозочен удар или инфаркт.

Морските плодови, црвените меса, јајцата и пилешкото месо се исто така прекрасни извори на железо.

За вегетаријанците е многу важно да се придржуваат кон препораките за исхрана и да консумираат производи кои изобилуваат со  железо, бидејќи тие од својата исхрана ги исклучиле месните производи и нивните деривати.

Прекрасни вегетаријански извори на железо се темнозелени лиснати зеленчуци, како спанаќ. Исто така грашок, цвекло, грав и коријандер. Од овошјето такви се сувото грозје, урмите, кајсиите. Од јаткасти плодови и семиња добри извори на железо се бадемите, оревите, семките од сончоглед, семки од тиква и сусам.

Варивата исто така се исклучително корисни во овој контекст.

Луѓето кои јадат месо, имаат малку повеќе предност пред  луѓето кои јадат вегетаријанска и веганска храна,бидејќи железото добиено од месо и млечни производи многу полесно се апсорбира, од она добиено од вегетаријански производи.

Важно е да се напомене дека пијалоците кои содржат танини како чајот и кафето, не треба да се пијат за време на оброк, бидејќи нивното  мешање со производите ја попречува апсорпцијата на железото. Прекумерното консумирање на калциум исто така и штети на апсорпцијата на железото. Затоа избегнувајте да јадете спанаќ со сирење или урда на пример.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Фото: Изглед на столицата кај доени бебиња
Во прилог е сликовит приказ како треба да изгледа нормална столица кај доени бебиња, како да знаеме дали бебето е гладно...
4
Интересни факти за бебињата родени во деке...
Ако вашето бебе е родено во последниот месец од годината - декември, имате многу прилики за радост. Децата, кои доаѓаат ...
4
Стриите избледуваат со помош на мајчино мл...
Дали сте слушнале за ваков обид – избледување на стрии со мајчино млеко? Звучи по малку смешно а можеби се работи за нач...
4
Таблетите заменете ги со насмевка
Човечкиот мозок за време на смеењето во крвотокот излачува хормони кои дејствуваат на намалување на болката. Затоа се см...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?