|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Најчести грешки кои ги прават свекрвите

Редакција Рингераја, 2.8.2016
Кога синот ќе одлучи да заснова семејство, многу мајки тешко се навикнуваат на новонастанатата ситуација и улогата на свекрва. Ова се најчестите грешки кои ги прават тогаш...
Клучни зборови:

image
/11


 

 

Порталот Grandparents.com спровел истражување на односот меѓу свекрвата и снаата во кое учествувале неколку илјади парови и голем број психолози, социолози и брачни советници. Така се воочени пет најчести погрешни потези кои ги прават свекрвите, а кои внесуваат немир во новата брачна заедница.

Убедливо најчеста, но и најфатална грешка која ја прават свекрвите е ненајавената посета во домот на синот и снаата.

Едноставно, јавете и се на Вашата снаа и кажете и дека би Ви било драго да ја посетите. Доволно е од време на време да ја прашате во кое време најмногу и одговара и проблемот е решен.  Сите сакаме да имаме малку моќ, па не би било лошо конците понекогаш да се најдат во нејзини раце.

На второ место се наоѓа желбата на свекрвата да биде нарекувана мајка, иако на повеќето снаи им е тешко да го прифатат тоа. Проблем претставува и давањето совети кога никој не го бара тоа, а ситуацијата значително се комплицира кога свекрвата ќе го искритикува внучето пред снаата.

“Вие сте баба и треба да имате најубаво мислење за Вашите внуци. Но ако постојано ги критикувате и потенцирате дека тоа е грешка на родителите, со тоа не помагате и не правите добро дело. Бидете внимателни и конструктивни во критиките”, порачува Тери Аптер, авторка на бројни книги за воспоставување на односи со новото семејство.

Петта најчеста грешка која ја прават свекрвите е озборување на снаата пред останатите членови на семејството, првенствено пред својот син, а нејзин сопруг.

Едноставно речено – не правете го тоа.

Бидејќи во најголемиот број случаи грешките се направени од љубов, така и нивното исправање, со малку добра волја, не би требало да биде тешко. Доколку од различни причини свекрвите почувствуваат дека се запоставени, најдобро што можат да направат е отворено да разговараат со синот и снаата и едноставно да прашаат: “Што треба да направам за да ја подобрам ситуацијата?”

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дека вашата севкупна исхрана придонесува за вашето ор...
4
Календар на детски развој
Ново на Рингераја !
3
Имате немирно дете? Вие сте среќен родител!
Со вакви деца не е лесно, но треба да ве теши фактот дека ќе израснат во успешни и способни луѓе
3
Искрено: Што помислив кога го видов бебето?
Што помисливте кога првпат го видовте вашиот син/ќерка? Дали на тоа слатко се смеете денес?
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?