|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

На кафе со Слободанка Кузманова

Марина Кљајиќ Петковски, 21.9.2021
Слободанка Кузманова од Неготино, 24 годишна студентка по психологија на Меѓународен Славјански Универзитет Гаврило Романович Державин. Со пишаниот збор е во љубов уште од основно, а деновиве од печат излезе нејзината прва книга

image
/11


 

За себе вели дека е храбра, борбена и силна.

На наше и ваше задоволство, денес Слободанка гостува во рубриката "на кафе со". 

Рингераја: Кога ја откри твојата  љубов кон пишувањето? 

Слободанка: Љубов кон  пишувањето имам од мала, секогаш им се восхитував на писателите / големите автори како умеат да создадат едно дело. 

Рингераја: Кога започна со пишување и како сфати дека тука 'лежи' книга?

Слободанка: По пишувањето колумни за портали сама по себе се роди желбата. Копнежот и емоциите беа многу силни. Пишувајќи колумни континуирано, во еден момент почнав да ги поврзувам темите една со друга па добив инспирација да создадам едно дело. Така се роди „Преживеана" 

Рингераја: Колку време беше потребно за да ја напишеш книгата? 

Слободанка: На „Преживеана" посветив една година. 

Рингераја : Од каде инспирацијата за неа? 


Слободанка :Инспирацијата беше голема и длабока. Водејќи се низ искуствата на само тогашни 23 години, мотивот да се упати силна порака до секоја жена беше уште посилен. Секоја девојка и жена во ова наше модерно време, а во позадина и малограѓанството, е плен на општествениот престиж над кои се изживуваат општествено неписмени единки, пред кои мора храбро да се спротивстави и цврсто застане на нозе, да ја помириса убавината на животот и да ја посака преживеаноста. Бидејќи, мора да се живее, за да се преживее. 

Рингераја : За која читателска публика е наменета? 

Слободанка : Мојата „Преживеана" е наменета за сите читатели но, би го издвоила понежниот пол кој копнее да преживее. 

 

1

Рингераја : Каков беше процесот околу издавањето на истата?  

Слободанка : Процесот на издавање на мојот прв тираж течеше во најдобар ред. Моето прво издание е подарок од мојот универзитет каде што студирам - Меѓународен Славјански Универзитет Гаврило Романович Державин во Свети Николе, кој располага со своја издавачка куќа. 

Во консултации со директорот Јордан Ѓорчев и М-р Михаела Ѓорчева, добив понуда од нив да тие ми упатат поддршка и помош околу моето издание . Се залагаа околу издавање, како тие така и целиот тим, кој макотрпно работеше на делото. 

Исто така, во просториите на Универзитетот се организираше и промоцијата. Настанот го водеше директорката на институтот за култура на МСУ Соња Ризоска Јовановска а промотори на истото беа доц. д-р Ана Чучкова и проф. д-р Мирослав Пендароски. 

Рингераја : Каде читателите може да ја набават книгата? 

Слободанка : Книгата може да се купи online на мојата фб страна и инстаграм профил, во просториите на книжарата на МСУ, а исто така ќе биде во продажба и во останати книжарници чии имиња ќе бидат благовремено објавени. 

 

2

Рингераја: Кој е твој омилен жанр и автор?  

Слободанка : Ги читам сите жанрови, нема лош жанр, но би ги издвоила психолошките дела и книги. Не можам да издвојам мој омилен автор, ги издвојувам добрите приказни на сите автори. 

Рингераја: Што, според тебе, ја прави добра една приказна? 

Слободанка: Добра една приказна, според мене, ја прави искреноста во истата, трудот да се создаде едно дело и силните емоции.

 

Рингераја: И самата си активен член во читaтелските групи, па каков впечаток имаш, колку се читаат и ценат македонските автори? Имаш ли некој омилен меѓу нив? 

Слободанка: Читателите ги читаат македонските  автори и тоа многу ме радува. Би ги издвоила Ирена Чаушевска, Александар Николовски, Коста Петров, Весна Трајковска, Драган Таневски и многу други… 

Рингераја: Што би споделила со нас, за крај?

Слободанка: Мора да се допре дното за да се одскокне кон врвот. 

И благодариме на Слободанка за издвоеното време и и посакуваме многу успеси со нејзиното првенче, многу продадени тиражи и нови дела. 

Читајте македонски автори!

 

3

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Највисоко ниво на хигиена за вашето семејс...
Пролетта редовно ја дочекуваме со планови, меѓу другото, за генерално чистење на домот со кое дефинитивно ќе и кажеме зб...
12
Мојата свадба - emce kremce
Од овој ден ти си ми единствена,и погледни - на дланка си ми пишана ко златна до срце линија засекогаш крај мене, најмил...
4
Поддржуваме мали бизниси: Дора Мода
Еден Инстаграм профил го привлече нашето внимание. Станува збор за doramodahandmade и нејзините хеклани приказни
3
Создадете подобар живот
Својот живот го заробувате во негативни мисли и енергија ако го трошите на она лошо што може или би можело да се ...
2




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?