|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

На кафе кај Јордан Коцевски

Марина Кљајиќ Петковски, 25.10.2021
Јордан Коцевски (1983, Охрид) е сопруг и горд татко на две деца. Докторирал на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид. Работи како туристички водич, додека се обидува да го остави својот печат и како писател

image
/11


 

Првата книга, збирката раскази „Време за живеење“, ја има објавено во 2001 г. Неговата стрип антологија во коавторство со Дарко Богданов, „Мрак Хумор Тишина“ излезе од печат во 2014 г., а со истиот илустратор ја издаде и првата графичка новела „Витези од соседството“ во 2016 г. 
Добитник е на две награди за стрипот „Our Eden“, додека неговата книга „Прозорецот“ беше наградена и објавена во електронска форма од страна на „Фондација Македоника“ во 2016 г. Неговите кратки стрипови, како сценарист, се објавени во повеќе списанија за стрип во земјата и во странство. Автор е и на триесетина научни и стручни трудови од областа на туризмот и угостителството. 
Тој е главен и одговорен уредник на „(е)Лит“, електронско списание за книжевност и друга уметност.
Неодамна го издаде и  романот „Тегли", што е повод за нашиот разговор со него :) 
1.Кога почувствува дека во тебе се крие страст за пишаниот збор? Како сфати дека сакаш да бидеш писател? 
Знам дека е клише, но јас започнав да пишувам од седум години. Желбата за пишување секогаш била присутна, страста очигледно тлеела во мене чекајќи го вистинскиот момент. Тој момент, кога сфатив дека сакам да бидам писател, точно го памтам. Пред осум години бев на ехо кое покажа голема црна точка и можност да имам рак. Итно закажавме магнетна резонанса за наредниот ден, но во тие неколку саати јас се преиспитував себеси и сфатив дека ми е жал само за една работа, што никогаш не ги напишав идеите кои ги имав и не се реализирав како писател. 
А, да, резултатите беа негативни.  
2. Автор си на повеќе дела и научни трудови а познат си и како единствениот стрип сценарист во Охрид. Кои наслови имаат твој потпис? 
Имам напишано повеќе научни и стручни трудови и ко-автор сум на еден учебник, „Храна и култура“, додека како мои печатени стрип изданија можат да се најдат две, „Мрак Хумор Тишина“, кое е збирка на кратки стрипови со Дарко Богданов како илустратор и група наши соработници, и графичката новела „Витези од соседството“ илустрирана од Дарко Богданов. 
jordan1
3. Кажи ни нешто повеќе за „Карантински приказни".
Јас бев активен член на литературниот клуб „Глигор Прличев“ од Охрид речиси декада, сè до неговото згаснување, кога почнавме неформално да се собираме каде што ќе најдевме простор. На една таква средба заклучивме дека на сите ни треба мотивација да пишуваме повеќе, а тогаш само што се соочивме со една ново настаната состојба во нашиот живот –почетокот на пандемијата. Така се наметна идејата да започнеме да пишуваме за она што го искусуваме, за она што ни треба и ни недостига, нешто што ќе биде лично и одлучивме текстовите да наликуваат на дневници. За да се мотивираме си дадовме задача да објавуваме раскази на секои две недели. Кај мене резултатот од тие шест месеци вежба се напишани четириесет страници и седум раскази.
4. Како се роди (е)Лит? 
 Долго време со членовите на „Креативна верига“ разговаравме дека би било добро кога нашето творештво би се објавило во еден зборник со кој би се заокружила годината. Следејќи ги светските трендови дојдовме до идејата дека би можеле да издаваме списание. Од практични причини, предложив тоа да биде електронско, пред сè затоа што електронската форма ги отстранува одредени ограничувања што ги има печатената, како што се бројот на страници и употребата на боја. Сепак тоа не го направивме веднаш, поминавме одреден период во осмислување на формата и содржините кои би ги објавувале, а самото име се наметна поради неговата форма: електронска литература –„(е)Лит“, и доби двојно значење. 
jordan2
5. Деновиве го промовираше твојот прв роман „Тегли". Како се роди истиот? Кога започна со пишување и како сфати дека тука 'лежи' книга? Колку време беше потребно за да ја напишеш? 
„Тегли“ требаше да биде збирка од три проширени раскази, кои јас ги поврзав преку теглите. Имам навика тоа што ќе го напишам да го дадам на тест публика, па така првите два раскази од збирката, „Пријателско соседство“ и „Стаклена безбедност“, завршија во рацете на мојата сопруга Весна и сосетките Ана и Тина. И трите откако ги прочитаа овие два раскази го имаа истото прашање, „што понатаму?“ при што Ана ми рече дека не можам вака да завршам и морам да кажам што се случува понатаму со провалникот од „Стаклена безбедност“ и Розе од „Пријателско соседство“. Тоа ми беше доволно да почнам да размислувам што се случува со нив откако завршија расказите. Истовремено во разговор со издавачот „ПНВ Публикации“ ми беше сугерирано дека е подобро да се објави роман од збирка раскази. Овие две сугестии ја насочија мојата фантазија во насока на поврзување на Розе и провалникот, Златко, чии судбини неминовно беа поврзани, само што остануваше на мене да ги доближам една до друга, а јас веќе имав замисла како можам тоа да го направам.
Единствената препрека во моментот беше временскиот период, или поточно збирката раскази требаше да биде поднесена на годишниот конкурс до Министерството за култура, а кој конкурс само што излезе и беше активен триесет дена. Поднесувањето на збирката значеше дека идејата за роман нема да биде реализирана, а јас ќе имав помалку од триесет дена да го напишам романот. Половина книга беше готова, затоа што двата проширени раскази се почетната точка на романот „Тегли“ и знаев дека можам да завршам во предвидениот период иако дејството на остатокот од романот не ми беше целосно познато. Пишував секој ден по четири до шест часа, а кога велам пишував тука влегува и времето во кое гледате во екранот без да чепнете на тастатурата, и во рок од дваесет дена ја имав работната верзија на „Тегли“.
6. Од каде инспирацијата за неа ?
Се почна со двата раскази кои ги спомнав, а тие беа инспирација за романот. „Пријателско соседство“ беше инспириран од помислата што би се случило кога би поканиле странец дома во една снежна зимска ноќ, додека „Стаклена безбедност“ беше инспириран од разговор со три дами, туристи, кои раскажуваа како им влегол провалник дома и додека тој претурал во дневната на приземје едната од нив само го гледала не знаејќи што да направи. Прашањето кое мене ми се наметна беше што ако провалникот влезе во куќа на сериски убиец.
7. За која читателска публика е наменета? 
Би рекол само дека не е за деца. Секој кој чита треба да ? даде шанса, затоа што иако е трилер, има елементи на повеќе жанрови, опфаќа неколку социјални теми, има мала доза на крвави сцени (не експлицитни) и добра количина на хумор. 
8. Импресии од промоцијата?
Беше феноменална. Чувството да се застане, поточно седне, на сцената на кино „Фросина“ во МКЦ-Скопје, со прекрасни луѓе покрај мене, како што се Јулијана Величкоска и Мерсиха Исмајлоска, со кои разговараш за нешто што си го создал неможе да се опише со еден збор. Возбуда, задоволство, среќа... 
Посебно ми беше драго што видов дека имам голема поддршка, затоа што имаше четириесетина луѓе дојдени тука за мене и „Тегли“. Нивното присуство ме остави без зборови и со огромна насмевка на лицето и затоа им сум многу благодарен. 
jordan3
9. Кој е твој омилен жанр и автор? 
Немам еден омилен жанр, но моментално читам трилер, хорор, научна фантастика и фантазија. Во моментов сум навлечен на Керин Слотер, која ја сметам за мајстор на информацијата, затоа што во своите дела успешно си поигрува со тоа што ќе му го открие на читателот за потоа да додаде нешто друго што целосно ќе ја смени перцепцијата на читателот. 
Во омилените автори би ги набројал Стивен Кинг, Нил Гејман и Брeндон Сандерсoн. 
10. И самиот си активен член во читателските групи, па каков впечаток имаш, колку се читаат и ценат македонските автори? Имаш ли некој омилен меѓу нив? 
Ми се допаѓа тоа што постои тенденција на зголемена заинтересираност за домашните автори кај читателската публика. За жал и јас бев еден од читателите кои ги избегнуваа домашните автори, но во последните четири години наоѓам простор за нив. Немам омилен автор меѓу домашните, но последно уживав додека ја читав „Сфинга на гневот“ од Жарко Кујунџиски. 
11. Покрај професионалните обврски, сопруг си на познатата блогерка Весна и родител си на две деца Како изгледа вашето секојдневие? Како се снаоѓаш во секојдневните улоги, особено во татковската? 
Нашето секојдневие е доста динамично, посебно затоа што јас и сопругата работиме како туристички водичи, што значи флексибилно работно време (некогаш и цел ден) и непредвидливост кога ќе имаме работа. Во тоа време треба да се вметне и потребата за креирање објава на Инстаграм на Весна, како и мојата за пишување. Затоа научивме како да се синхронизираме и да си пренесеме обврски еден на друг.
Од друга страна тоа значи и повеќе време за децата. Обожавам кога сум надвор со нив, посебно на прошетки. Често наоѓам инспирација за пишување од нашите заеднички игри и нивната фантазија. Гледам да поминам колку што можам повеќе време со децата и мора да Ви признам дека тоа знае да ме исцрпи повеќе од работен ден поминат со туристи. Но затоа уживањето со нив е незаменливо. 
Му благодариме на Јордан за издвоеното време и му посакуваме успеси и во иднина! 

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

15 DIY Велигденски изработки
Во пресрет на Велигден, еве неколку идеи кои ќе ви послужат за да поминете креативно време со вашите деца. Тоа вклучува ...
5
Вештачката интелигенција ги управува апара...
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќинството имаат функции напојувани од алгоритми за ...
4
Тајната на бакнежот
Што се случува во нашиот организам за време на бакнувањето?
3
Ги избричија главите заради болната пријат...
Потресна пријателска приказна. Во име на пријателството ги фрлија на подот своите коси за да се солидаризираат со пријат...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?