|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

На кафе кај Ивана Стојановска Милеска, Мис на МК 2004

Марина Кљајиќ Петковски, 6.4.2021
Ивана Стојановска Милеска е жената која во 2004 година се закити со титулата Мис на Македонија. По професија дипломиран социолог, вработена во ОУ како социолог-стручен соработник, за што изјавува дека работата со деца ја исполнува и e мајка на Лена

image
/11


На социјалните мрежи е позната по блогот @7to3fashion, преку кој вели дека во слободно време ја изразува креативноста, а сопственичка е и на брендот Woolloow.mk и онлајн продавницата @woolloowmk


Рингераја: Во светот на социјалните медиуми, препознатлива си по блогот @7to3fashion и по онлајн продавницата @woolloowmk. 


Ивана
: Да, освен работата како социолог, пасија од дете ми е модата. Пораснав шиејќи фустани за моите барбики.. а мајка ми - мојот идол, ми беше огледало за тоа како треба да изгледа една жена. 7то3 фешн е токму тоа, како што и самото име кажува, како треба една успешна жена да изгледа на своето работно место. Woolloow настана како резултат на 7то3 фешн.. Двете се начин на израз на мојата креативност.


Рингераја: Во однос на титулата Мис на Македонија, сигурно чувството е преубаво, ретко која девојка не сонува за таа титула.
Кажи ни за твоето искуство на модните писти, како, од кога, до кога чекореше на нив? 


Ивана:
Во 2004 година ја освоив титулата Мис на Македонија за Мис на универзум. 
Чувството е прекрасно кога ќе добиеш признание за твојата убавина, нека не звучи нескромно, “најубава жена во Македонија” ми ја зголеми самодовербата, ми донесе многу соработки и модни ангажмани, широко отворени врати кон светот, но и стапала на цврсто тло. Не ме промени, не ги промени моите планови и желби да бидам тоа што сакам да бидам, само беше еден прекрасен период во кој живеев како филмска ѕвезда. 
Манекенството е интересно некое време, но животот носи нови предизвици: факултет, студентски денови, колоквиуми, испити, стремеж за десетки во индексот, па така модните писти ги заменив сo библиотеки и читални. Повеќе време вложував во надградба на сопственото знаење и вештини во насока на професијата која ја избрав да ми биде животна определба. 

 

blog


Рингераја: Блогот @7to3fashion - од кога датира, со која намера го создаде?

Ивана: Уживам да бидам опкружена со убави луѓе, насмеани, расположени, дотерани... Мојот Инстаграм профил@7to3fashion  постои веќе една година и служи за да им олесни на жените во комбинирање различни парчиња облека, да ги мотивира, да им покаже дека кога сте убаво облечени, тогаш и потешките работни обврски се полесни за извршување. 


Рингераја: Од каде љубовта кон филцањето? Почетоците, како дојде до идејата за продавница? Кои производи ги нудиш?  


Ивана: Постојано сакам да правам нешто, сакам да создавам, среќна сум што својата креативност можам да ја изразам и да ја претворам во креација. Пресреќна сум кога финалниот производ ќе насмее нечие лице и ќе му го разубави секојдневието некому. Всушност идејата ми беше вистинска продавница, но условите наложија таа засега да биде онлајн и да се вика @woolloow.mk.


Рингераја: Колку потрошувачите се заинтересирани за твоите производи и колку се цени рачната изработка?

Ивана: Изработувам накит од мерино волна- венчиња, брошеви, ланчиња, обетки, приврзоци, но и разни украси, кои ги продавам во мојата онлајн продавница woolloow.mk. Има голем интерес за рачните изработки и секоја пофалба од моите клиенти ми е мотив и желба да создавам уште повеќе и уште подобро.

Рингераја: Вработена жена, мајка, блогерка и сопственик на приватен бизнис - како успеваш да менаџира меѓу сите овие улоги?
Наоѓаш ли слободно време за себе? Како го исполнуваш истото?
Како изгледа еден твој ден?

Ивана: Некогаш сакам да се клонирам :) Најчесто ми недостигаат дополнителни часови во денот за да направам се што ќе посакам и плус да го спасам светот од неправди. 
Наоѓам време и за кафе и разговори со моите другарки.
Слободното време го користам за едукативни игри со мојата ќерка, која ми ја надополнува сета енергија што ќе ми ја одземат обврските. Станувам рано, а легнувам доцна и тоа секогаш со книга. 

 

filc

Рингераја: Кога сме кај книгите, што читаш, кој ти е омилен жанр, автор? Која книга ти го променила животот и која книга секоја девојка /жена би требало да ја прочита според тебе?

Ивана: Книги читам премногу, интересно е тоа што скоро секоја прочитана книга ја имам во мојата малечка библиотека во мојот дом. Кога сакам да одморам од стручната литература, читам интересни животни приказни, една од омилените авторки ми е Лусинда Рајли, а мојата библиотека ги има сите нејзини наслови. Многу често знам да си се почастам со некое мотивирачко четиво. “Храбри наместо совршени” од Решма Саџани, е книга која ја препорачувам на секоја жена која сака да чекори напред и да цели високо.


Рингераја:
Живееме во време на пандемија од која сите сме затекнати. Како истата влијае врз вашето семејство, врз твојот бизнис? 

Ивана: Пандемијата не ме промени како личност, но ми даде до знаење дека треба да си ги средам приоритетите и повеќе време да си посветувам себе си.

 

lena

Рингераја: Мајка си на четири годишната  Лена. Како те промени мајчинството? 

Ивана: Имав мирна и лесна бременост, се породив во септември и за роденден си ја добив најпрекрасната ќерка. Лена е центарот на мојот универзум. 
Беше мирно и прекрасно бебе, бебе цицалче, кое од првиот ден знаеше што точно сака. Ја доев година и пол и малку тешко се одвикнавме од доењето. Но кога е Лена во прашање за мене се е лесно. 
Од кога ја имам Лена, мојот свет се промени, сфатив дека можам многу повеќе и повеќе, умеам за своето дете и планини да поместам.. мојот свет се вика Лена. 

Рингераја: Твоја препорака за секоја жена во однос на мода, стил, нега.

Ивана: Секоја жена е посебна, уникатна, убава... затоа што секоја жена има неверојатна моќ да гради, создава и менува. 
Модата е минлива и менлива, но манирите и стилот ги градиме и по нив сме препознатливи.
Сакајте се себеси, дајте си време, исполнувајте си желби, поставете си приоритети, остварувајте ги сопствените соништа!

 

Костими за капење за трудници
Долгото топло лето е зад аголот, а тоа Ви дава изговор да одите на плажа и да го покажете Вашето стомаче во еден од овие...
4
Зошто спермата е добра за здравјето на жен...
Темата за спермата и нејзиното влијание врз здравјето на жената често пати се заобиколува. Но, зошто? Бројни истражувања...
4
Мажи опишаа каков вкус има вагината
Овие мажи многу живописно го опишаа вкусот на вагината на нивните партнерки. Прочитајте
4
НОВА ГЕНЕРАЦИЈА на препарати за здравје на...
Уникатна колекција на протеини и аминокиселини, кои се градежни блокови неопходни за здравјето на зглобовите. Формулата ...
3


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

Dali?
Jana9

Dali vasite deca imaat strav ili pocit kon vas?

Strav (0%)

Pocite (100%)


Број на сите гласови: 1

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!