|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

На одмор со дете? Неколку корисни совети

Мирјана Велева, 6.6.2013
Одмор на море и одењето на плажа за повеќето семејства, особено за оние со мали деца, може да биде возбудливо но и со многу неочекувани и непредвидени ситуации
Клучни зборови:

image
/11




Периодот на летните одмори започна.Тоа е период во кој семејството може да си дозволи да биде заедно повеќе време.

Одморот на море и одењето на плажа за повеќето семејства, особено за оние со мали деца, може да биде возбудливо, но и со многу неочекувани и непредвидени ситуации.

Кога моите деца беа мали , одевме заедо со нив на одмор и имав можност да гледам и други семејства, исто така со мали деца и забележував работи што сум ги направила или не сум ги направила подготвувајќи се за одмор.Така мојот одмор со децата беше уште еден предизвик. За тие неколку години додека одевме заедно на одмор научив неколку правила кои се неизбежни кога се подготвувате на одмор со децата.


Следниве совети може ќе Ви помогнат да го направите Вашиот одмор попријатен за сите.

1.Неколку дена пред да тргнете на море искористете го сонцето дома и сончајте се по неколку минути. Ова важи за сите, но за малите деца е неопходно, зашто нивната кожа е многу почувствителна на сончевите зраци. Понесете  на пат кремови за заштита од УВ зраците. Се препорачува кремовите наменети за деца да не се помалку од фактор 15. Педијатрите препорачуваат за деца од 6 до 10 години најдобро е да биде со фактор 30, додека за бебињата до 6 месеци не се препорачува изложување дирекно на сонце.

2.Треба да предвидите дека може  на  плажа да се случат несакани случки како: убоди од инсекти или каснување од некоја залутана медуза. За  да не бидете во неволја како прва помош  понесете во едно шишенце обичен вински оцет. Облоги од  оцет помагаат и при отоци од убод од комарци, ако состојбата е полоша тогаш секако ќе се обратите кај лекар,  мислам дека сега скоро во секој хотел има прва помош.

3. Не заборавајте да понесете сандалчиња за на плажа. Навистина  тие ќе се полнат со песок, но тоа е поподносливо отколку одење бос по жешкиот песок, асвалтот е исто така жежок, а покрај тоа може да има остатоци од скршено стакло или некој друг отпад.

 4. На плажа одете рано предпладне или доцна попладне.Тоа е најдобро и најбезбедно време за децата да бидат изложени на сонце. Напладне ставете ги децата да се одморат или занимавајте се со некои друштвени игри, не лути се човече, игра меморија или асоцијации или пак искористете го тој период  да им прочитате некоја интересна приказна.

5. На плажа секогаш  носете  доволна количина вода за пиење. Сонцето и водата знаат многу да го исцрпат детскиот организам и потребно е да пијат доволни количини вода, затоа што може малиот организам многу брзо да дехидрира и да се јават симптоми  како: вртоглавица, гадење или суви усни.

6. Со текот на годините поминати со моите деца на море дојдов до заклучок дека од играчките повеќе се  одушевуваат родителите отколку децата. Затоа кога  сте на плажа  не се оптоварувајте со носење играчки за децата. Насекаде околу има доволно песок и вода а тоа е најсаканата и најинтересната игра  за децата.Тие сакат да копаат дупки, да градат замоци а за тоа не им треба  скоро никаква играчка, евентуално една лопатка  иако тие тоа повеќе ќе го прават само со своите  рачиња и ќе им биде многу интересно.

7. Секогаш бидете смирени со пријатно расположение дури и тогаш кога децата ќе го истресат песокот на Вашата крпа или пак на крпата на Вашиот сосед. Решете го тоа со насмевка, зашто знаете дека  децата сакаат да фрлаат песок насекаде околу себе.

8. Сум била сведок на многу немили настани на плажа кога децата  се оставени сами да си играат покрај брегот. Никогаш не се потпирајте на бебиситерки или слично, Вашето будно око е најсигурно. Кога играат децата покрај брегот или се во вода со гума не ги испуштајте од вид ни за момент.

9. Во продавниците за сувенири ќе видите многу  интересни школки, децата ќе сакаат да ги имаат, подобро ќе биде и поинтересно да направите мала прошетка во плитката вода на морето каде што ќе најдете многу школки, морски полжавчиња интересни камчиња што ќе го направи интересен денот за Вашите деца, а исто така и за Вас.

10. Вие со Вашето семејство сте на одмор. Ако добро се организирате нема  да имате  потреба  од часовник. Времето ќе ви го определат Вашите потреби. Релаксирајте се и уживајте во друштво на Вашето семејство.

Одмор на море е прекрасно. Направете си план пред да појдете, спакувајте го она што е најнеопходно за Вашите деца и за Вас и пријатен одмор.



Преземено


 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Одберете го најдоброто за хранење на вашет...
Хранењето на Вашето бебе има витално значење за бебето особено во првите неколку месеци, па затоа е важно да го направит...
4
Рецепти за првиот оброк на бебето. Од каде...
И покрај тоа што е традиција во нашите региони, додатоците во исхраната да започнуваат со овошје, словенечките автори на...
4
Колку сон им треба на бебињата? Табела за ...
На бебињата им треба многу сон, но колку точно на секоја возраст? Овој пост ќе ве научи колку спиење му е потребно на ва...
4
Педијатарот и родителите
Педијатарот, секогаш за свои партнери ги има родителите бидејќи имаат заеднички интерес, а тоа е здравјето на детето
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?