|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Можеш да купиш се освен мир во душата. Границите на моќта на парите

Колумна на Давид Давидовски, 30.10.2025
Во денешно време често го замислуваме богатството како врата кон сe: слобода, удобност, успех. Но, зад блескавата фасада се крие прашањето: дали парите навистина можат да купат сe, особено нешто толку скроено и лич¬но како душевниот мир?

image
Фото:Canva/Можеш да ја полниш куќата со работи, но душата се полни само со љубов, искреност, спокој и чувство дека си на свое место. Парите имаат сила, но не ја имаат онаа најважната.
/11


Финансиската сигурност без сомнение носи свој придонес. Полесно е да ги покриеш основните потреби, да имаш помал стрес од недостаток на финансии, да можеш да одбереш кока сакаш време за себе и за оние што ти значат.

Но, еден мудар цитат ни напомнува: „Парите не можат да купат душевен мир. Не можат да излечат скршени односи, ниту да создадат смисла во животот што нема таква.“ - Ричард (Рич) Девос.

Наравоучение: парите се моќна алатка, но не се цел сама по себе.

 

Каде лежи таа граница?

Границата се појавува таму каде што материјалното почнува да ни го диктира животот. Кога вниманието ни е насочено првенствено кон „колку имам“, многу лесно го губиме од вид она што не се купува, а тоа се спокојот,искрените односи со луѓето околу нас, чувството дека живееме за нешто поголемо од нас самите.

 

Tоа не значи дека парите се непотребни, туку дека нивната улога е услужна, а не доминантна. Да се има доволно е важно. Но, да се мисли дека повеќе пари автоматски значат повеќе мир, тоа е идеја што треба да ја преиспитаме.

 

Размисли за себе.

Дали твојата потрага по пари е само за удобност, или и за слобода, време, смисла?

Дали ги користиш парите како средство, а не како мерило на твојата вредност?

Што за тебе значи „душевен мир“ и дали твојата финансиска реалност ти помага да го постигнеш?

 

Парите можат да отворат многу врати (така сме слушале од деца), но тие не ги отвораат сите. Душевниот мир, вистинскиот спокој, често се гради во избори кои не се мерливи со пари, во времето што го посветуваш на луѓето кои ти значат, во мирот што го имаш кога си сам и кога животот не е ставен на максимална брзина.

 

Затоа да бидеме благодарни за она што можат да го направат парите и мудри за она што не можат. Да не заборавиме дека мирниот сон, парите не можат да го купат.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Благодарам
Денес ве поканувамe да го видите убавото што веќе го имате.
4
Да го чуваме она што вреди
Во брзината на секојдневието често забораваме колку е важно да ги негуваме односите со луѓето што ни значат.
3
Тивок разговор со иднината
Затворете очи само за момент и замислете го вашето идно јас. Не некаде далеку, не во некоја совршена верзија на животот,...
3
Среќата што не може да се купи
Постојат прашања на кои човек постојано се навраќа, без разлика на времето и генерациите. Едно од нив е дали парите нави...
3




Анкета

izbor na ime
dona

eve predlozi za mojata princeza

stefani (61%)

tamara (39%)


Број на сите гласови: 41

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!