|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Кога ќе се споменат вошки сите превртуваме со очите. Многу лесно се пренесуваат од глава на глава, па може да се случи да ги добиеме повеќе пати.

image
/11


Вошките се мали инсекти кои живеат во човечката коса. Нехигиената не е пресудна за тоа дали ќе имате вошки, бидејќи тие живеат и во чиста коса. Штом ќе се каже вошки, веднаш се помислува на градинка, бидејќи скоро секој од нас ги имал во тој период. Освен преку непосреден допир глава со глава, тие се пренесуваат и преку други работи кои ги користиме ние и уште некој (кој во случајот има вошки), како чешел, капа, па дури и во автобус може да ги закачите од самите седишта.

Како да знаете дека имате вошки? - Предизвикуваат силно чешање по главата.

Се сеќавам, во градинка штом некому ќе му најдеа вошки, ние останатите седнувавме на столчињата и воспитувачките почнуваа да не прегледуваат. Тоа секогаш ме потсетуваше на мајмуните кои се чистат, со таа разлика што кога воспитувачките ќе најдеа вошки не ги јадеа. Како да се препознаат? Нивните ситни бели јајца се лепат за коренот на влакното, а впечатливи се и црвените траги кои остануваат под косата од нивното каснување.

Кога широката народна маса би ја прашале што да направите доколку вашето дете има вошки, тие ќе ви кажат : “Ќе одиш во аптека и ќе бараш лосион против вошки, не знаејќи дека не е сеедно кој, бидејќи постојат хемиски и билни препарати. Ако приметите дека црвените траги на главата од детето се претвориле во ранички од чешање и чешлање, немој да користите хемиски, туку билни препарати. Како што дознав, хемискиот препарат делува на нервниот систем на вошките, но преку раничките на детската глава, можно е да навлезе и во детскиот крвоток.

Во секој случај, нашиот народ повеќе го сака она што е природно и на билна основа, па затоа ќе го прикажеме тој тип на лекување. Билните препарати се најчесто масла и шампони. Вошките, како и останатите инсекти дишат на отвори (дупчиња) на телото, па со нанесување на маслото (или шампонот) на косата, па и на самите вошки, нивните отвори се затвораат и тие умираат, бидејќи не можат да дишат. Но тука не е крајот на вашите проблеми, зошто вошките многу брзо се размножуваат, така што постојат  и нивните јајца.

Всушност, поголем проблем се јајцата, од самите вошки, па затоа е многу важно да се исчистат, зошто во спротивно ништо не сте направиле. За таа ситуација постои специјален чешел за отстранување на гниди од косата. Главата се чешла одназад кон челото, и тоа се прави над када за да не паднат на под. На овој начин би требало дефинитивно да го решите својот проблем.

Секако, се што било во контакт со вас во времето на вошките треба да се испере, а тоа подразбира гардероба, капи, постелнина, чешли. СЕ! Најбрз начин за отстранување на оние вошки кои последни се извеле е или вриење (на гардеробата) или замрзнување (на оние работи кои не можат да се вријат, на пр. чешелот). Работите кои не можат ниту да се вријат, ниту да се замрзнуваат, ставете ги во пластична ќеса, врзете и оставете да одстојат десетина дена. Доколку вошките не можат да цицаат крв – ќе умрат од глад.

Обавезно да се прегледаат и останатите членови од поблиското семејство кои биле во контакт со детето кое има вошки. Секако и возрасен човек може да ги има...но, многу ретко слушаме за таков случај.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дека вашата севкупна исхрана придонесува за вашето ор...
4
Ќотекот НЕ е излезен од рајот
Родителите имаат многу улоги во животот на детето. Тие се воспитувачи, доктори, тренери, возачи, учители, медијатори, го...
3
Зошто девојчињата се порано влегуваат во п...
Акни, непријатна миризба на телото – пубертетот може да биде навистина тежок. Но работите можат да станат уште покомплиц...
3
Албумите со сликички – радост за сите гене...
Голем број детства низ повеќе генерации се обележани со собирање сликички и пополнување албуми. Единствено нешто кое е п...
3




Анкета

Mihail
Jasmince



(82%)

(18%)


Број на сите гласови: 55

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!