|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Митови и факти за бебешката храна

Bebelan, 9.3.2015
Како нова мајка, Вие сте затрупана од сите страни со совети за тоа како и со што да го храните Вашето бебе. Додека некои совети се поддржани со логика и здрав разум, други може едноставно да ве остават збунета
Клучни зборови:

image
Митови и факти за храната
/11


 

Овозможено од

1

 

Како нова мајка, Вие сте затрупана од сите страни со совети за тоа како и со што да го храните Вашето бебе. Информацијата може да дојде од добронамерни членови на семејството, но и дури од тотално непознати луѓе од улицата. Додека некои совети се поддржани со логика и здрав разум, други може едноставно да ве остават збунета. Овде ќе разгледаме некои од нејчесто среќаваните, со цел да ви помогне да ги разликувате фактите од измислиците.

 

1.Ако имате мали гради, нема да можете да произведете доволно млеко за да го храните Вашето бебе.

ЗАБЛУДА: Големината нема никакво значење!

Ткивото на градата неопходно за да цица бебето се зголемува во процесот на бременоста, независно од големината на градите. Тоа е во така нареченото функционално ткиво каде што се распоредени млечните канали, а не во масното ткиво, кое е одговорно за големината на градите. Така треба да бидете сигурни, дека независно од тоа дали сте А или D размер, Вашите гради се способни да му обезбедат доволно млеко на Вашето бебе.

 

2.Tреба да се пие пиво или боза, за да го зголемите „производството“ на млеко

ЗАБЛУДА: Според специјалистите, конзумирањето на пиво или боза нема никаква врска со количеството на излаченото млеко. Поскоро тие им советуваат на доилките воопшто да не конзумираат алкохол, од време на време е можно и не претставува проблем пиењето на еден пијалок но после доење, бидејки алкохолот слободно преминува во мајчиното млеко. Кога има алкохол во млекото, бебињата не пијат многу од мајчиното млеко, бидејки не им се допаѓа вкусот. Два до три часа после пиењето на пијалокот не останува никаква трага од алкохолот во млекото. Најдобриот начин за зголемување на „производството“ на мајчино млеко е со зголемување на времето во кое млекото излегува од градата било преку хранење на бебето или преку одмолзување со пумпа.

 

3.  Треба да се јаде само незачинета храна додека доите

Можеби да, а можеби не.

За времето, за кое што храната, која ја јадеме се свари и се искористи за создавање на мајчино млеко, потенцијално растројувачките елементи и состојки се разградени од телото и воопшто не би требало да му влијаат на Вашето бебе. Со други зборови, ако ви се јаде зелка или брокула, малку е веројатно, вашето бебе да добие гасови од истите. И ако се оддадете на некои зачинети сосови, вашето бебе веројатно нема да се откаже да цица. Сепак има некои видови на храна кои откако ќе проминат во мајчиното млеко водат до растроен стомак кај некои бебиња.

Многу мајки кои дојат го користат методот „пробај и набљудуивај“. Не го менувајте вашиот начин на исхрана и набљудувајте дали бебето ќе има проблеми. Ако изгледа неспокојно, откако јадете определен вид на храна, експериментирајте и променете ја вашата диета.

 

Јани Ведер, диетолог во Hochdorf Nutritec AG – Швацарија, вели дека е важно да даваме само по еден тип на храна наеднаш и да дадеме определено време до давањето на друг тип, исто така да му предлагаме голема разнообразност од различни нешта. „Ако бебето има реакција кон одреден тил на храна, можете да ја отстраните, пред да започнете да давате следен тип на храна“, вели таа. „Изгледа, дека поголемата разнообразност, која ја предлагаме, ги прави децата поголеми конзуматори кога ќе пораснат“.

Понекогаш се наложува да предложите определен тип на храна многу пати (понекогаш над 10 пати) додека Вашето дете да почне да ја прима – затоа не се откажувајте брзо.

 

Како препорака на шест месеци се дава прво само каша од ориз заради железото кое го содржи, потоа овошје и зеленчук, додека воведувањето на месо е од околу седмиот месец.

 

Митови и факти за бебешката храна - 2 дел

 

,,Редовно проверувајте го нашиот оддел „Митови и факти за бебешка храна“ на web страната: www.bebelan.mk  за да откривате нови, актуелни, интересни и полезни приказни. 

Ако Ви се допаѓа оваа статија, и мислите дека и некој друг може да има корист од информацијата во неа, слободно споделите ја. 

Следете не и на Facebook на: https://www.facebook.com/Bebelan.Macedonia

 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Лоша навика кај децата – цицање прсти
Цицањето прсти или цицањето на палецот е една од најчестите лоши навики за време на детството. Кои се причините и како д...
4
Спирулина
Мали количества на екстрактот од спирулина ја намалуваат вирусната репликација, додека големи концентрации целосно ја за...
4
Кога во семејството имате близнаци
Уште од самиот почеток на бременоста животот со близнаците е покомплициран и бара поголем надзор.
3
Масирање на бебиња
Масирањето е одличен начин на воспоставување и зацврстување на врската со детето, бидејќи на секое дете допирот му е нео...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?