|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Мирис на ацетон од детската уста

Редакција Рингераја, 17.5.2012
Се работи за доста чест проблем на малите деца, а причините можат да бидат различни. Со тек на растењето симптомите се намалуваат за потполно да исчезнат по 12. година од животот

image
/11


 

 

Состојбите кои предизвикуваат појава на мирис на ацетон во детскиот здив и кои можат да доведат до појава на ацетонемија, обично се јавуваат кога детето има покачена температура, по долго гладување, консумирање на мрсна храна (помфрит, мајонез, путер, чоколадо, пржени јајца) и зголемен телесен напор кој трае подолго време.

 

Симптоми на ацетонемија се:

  • епизоди на повраќање на храна кои продолжуваат со повраќање на течност со примеси на желудочно жолтило
  • болки во стомакот и главоболка
  • малаксаност, поспаност, раздразливост
  • одбивање на храна и вода
  • тежок мирис на ацетон од устата
  • темни кругови околу очите
  • сув јазик, обложен со жолтеникаво-бели наслаги

 

Како помош во тој момент доволно е да се консумираат напитоци со додаток на шеќер како чај или свеж овошен сок на собна температура.

Ако почнало и повраќање детето треба да пие само чај во мали голтки, бидејќи му е надразнет желудникот. Кога детето ќе се чувствува подобро понудете му двопек со мед, суви кекси натопени во засладен чај од камилица, јогурт, а подоцна ориз и тестенини со многу малку маснотија.

Важно е да се знае дека ацетонемијата не е болест, туку симптом кој предупредува дека во детскиот организам има недостаток на шеќер и заради тоа почнал да ги користи зачуваните извори на енергија, а тоа се мастите. За да се реши проблемот од исхраната треба да се елиминираат производите кои содржат премногу масти и да се даде предност на исхраната во која има повеќе шеќер.

Ако ацетонемичната криза не се смирува и доаѓа до нејзино влошување, потребно е болничко лечење.

 

 

Забелешка:

Сите материјали, статии, коментари, теми и категории, како и целата содржина на Рингераја.мк, се од информативен карактер и истите НЕ можат да заменат консултација со лекар за дијагностика и лечење. За се што е поврзано со Вашето и здравјето на Вашето дете, консултирајте се со матичниот лекар.

 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што треба да знае дете на 2-годишна возраст?
Секое дете се развива индивудуално, но постојат некои граници и нешта кои може да ни укажат на тоа дека детето има потен...
4
Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дека вашата севкупна исхрана придонесува за вашето ор...
4
Календар на детски развој
Ново на Рингераја !
3
Игри за поттик на интелегенцијата кај децата
Општо познато е дека периодот од раѓањето до седмата година е период на најинтензивен раст и развој на детето, како во ф...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?