|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Микробранова – тивок убиец или безопасна печка?

Редакција Рингераја, 8.4.2013
Практични се, функционални, штедат пари и време, одмрзнуваат, затoплуваат и ни го олеснуваат животот. Но на некои ова не им значи ништо бидејќи се уверени дека овој уред му нанесува на телото повеќе штета отколку корист. Меѓутоа...

image
/11


 

 

Како  всушност работи микробрановата?

Микробрановата печка не произведува класична топлина како обичната печка, туку внатре во неа се создава магнетно поле кое го произведува електронската цевка магнетрон. Тие микро бранови се насочуваат во храната и предизвикуваат  триење на молекулите на вода присутна во храната и на тој начин создаваат топлина која загрева и термички ја обработува храната. Затоа храната која содржи повеќе вода се затоплува и печи многу побрзо од останатата храна. Микробрановата енергија се претвора во топлинска енергија откако храната ќе ја апсорбира., што значи дека храната не може да биде озрачена ниту на било кој начин уништена во микробрановата печка. Значи не постои никаква опасност ниту за личноста која ракува со микробрановата печка, бидејќи микро брановите не се шират надвор, а нивната емисија се прекинува штом ќе се отвори вратата.

 

Митови:

Мит 1:

Микробрановата печка ги уништува хранливите материи. Независно дали користите микробранова, грил или скара на соларна енергија, на губењето на хранливите материи влијае топлината и времето на готвење, а не методот на загревање. Што подолго се готви храната, толку повеќе се губат хранливите материи.

Мит 2:

Радијацијата од микробрановата создава опасни хемиски слоеви во храната. Радијацијата е збор кој предизвикува страв, но всушност означува енергија која патува  во бранови. Во радијација спаѓаат микро бранови, радио бранови и бранови на енергија кои ги гледаме како светлина, како и опасните Х зраци и гама зраци, кои претставуваат ризик по здравјето. Освен тоа, промената со храната која се случува во микробрановата е резултат на влијанието на топлната, а не на самите микробранови.

 

Значи...

Подготовката на храна во микробранова печка може да биде поекономична од готвење и печење на класичен шпорет или во рерна затоа што производите се многу побрзо сварени и печени.  Готвењето  и печењето во микробранова печка не влијаат  на нутритивната вредност на производите, ништо повеќе од класичниот начин на подготовка.  Напротив, храната подготвена во микробранова дури може  да содржи  поголем број на витамини и минерали благодарејќи на тоа што се готви и печи побрзо.

 

Што може, а што не да се става во микробранова

При купувањето на керамички, стаклени, пластични, или силиконски садови проверете дали имаат ознака  да се користат во микробранова печка.  Пластични шишиња, влошки од стиропор  и садови за еднократна употреба, не ставајте во микробранова печка, бидејќи тие материјали не се отпорни на високи температури. Можат да се деформираат и растопат и да ја загадат храната со штетни хемиски материи.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Привикнување на нокшир за момчиња - 5 чекори
Времето брзо помина и вашето малечко веќе не е бебе. Дојде време кога размислувате дали да започнете да го привикнувате...
4
Целосно повивање на бебиња - да или не?
Традиционалното целосно повивање на бебињата повторно се враќа како тренд меѓу младите мајки, но експертите нагласуваат ...
4
Доењето и предвреме роденото бебе?
За повеќето нови мајки доењето е нешто што очекуваат да се случи како последична врска на раѓањето, но како е во случајо...
4
Оброци, десерти и сокови
Во првата година бебето расте многу брзо, па во периодот меѓу четвртиот и шестиот месец исхраната со мајчино млеко стану...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?