|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

мичо: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 7.10.2010
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/21


Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 


Детали

Ник: мичо

Датум на породување: 30.01.2008 година

Тип на породување: природно

Болница: Градска болница - Велес

 

 

 

Поминаа веке 10 дена од предвидениот термин.На факултет колегите ме дочекаа со уште едно разочарување, нивната нетрпеливост ја зголемуваше и мојата трпеливост.....Мојата најдобра другарка веќе се породи во Битола, има син - Јован, ми рече дека и јас ќе се породам за 3 дена.Термините ни беа 3 дена разлика а јас едвај чекав.

Во предвечерните часови веќе почнаа некои слаби болки за кои што си претпоставив дека се "тие" болки и дека ова е почеток. Во утринските часови почна моето шетање околу станот, не го разбудив сопругот затоа што знаев дека сум прворотка и дека ова ќе потрае. Веќе утрото по моја желба тргнавме пешки до кај докторот да  го потврди она на што веќе бевме сигурни. Докторот го потврди почетокот на отварањето и ни предложи пак пешки да си одиме дома, за да добијам во време и да го припремам родилниот пат. Дома  сопругот веќе почна да го запишува времето на болките, односно кога почнуваат, колку траат и на колку време се јавуваат....штом почнаа да зачестуваат решивме да одиме во болница. А за цело време дома ја гледав детската емисија Супер звезда и му реков на сопругот дека штом ќе заврши песната со Бајга ке тргниме....тој веќе го губеше трпението   а јас сакав да го забавувам бебето и да го припремам на  еден весел живот....Во болницата беше преполно, сите "решивме" тој ден да раѓаме. Сопругот го испратив на работа, се договоривме да кажуваме дека сум дома и одмарам кога ќе се јават нашите родители. Сестрата дојде и ме припремаа за породување, чудно ме погледна и ме праша дали јас воопшто имам болки.Позитивно и одговорив, па таа се пошегува со мене:

   - Па викни малку гласно да не те заборавиме, да знаеме дека имаме уште една родилка!!!

Баш убаво ми дојде позитивен персонал, па веке во 23 часот јас бев на боксот спремна да го донесам на свет моето бебенце. Она од што се плашев беше епизиотомијата, знаев дека непотребно викање е само трошење енергија, а за раѓањето ќе ми треба многу сила. А она што ме храбреше беше моето бебе. Па предност им дадов на позитивните мисли - да, ова е денот  на раѓањето на моето бебе. Она што си решив со сама себе е дека ќе дадам се од себе затоа што му требам на моето бебе и треба да му обезбедам убав родилен пат, барем она што зависи од мене а после со Господ напред...Контракциите болат но ние сме мајки, и можиме се да издржиме за нашите деца, па зошто не и некој час физичка болка...И верувале или не самиот чин на излегување на бебето не ме болеше воопшто, најверојатно мајката природа си го прави своето. Имено  контракциите кои што болат предизвикуваат напон и само тогаш не ги осеќаш болките а тоа е правиот начин да излезе бебето. И веке слушнав плач, гласот на мојот син, го гледам, и прво му ги фатив рачињата....да тоа е мојот син и веќе ништо не беше важно освен тој. Место епизиотомија завршив со руптура и да шиењето малку болеше но желбата да  да го држам син ми беше мнооогу поголема. И тогаш ги замолив сестрите да излезaт да му соопштат на сопругот дека имаме син....а тие се насмеаја и ми рекоа дека надвор нема никој. Но јас бев упорна и знаев дека мојот сопруг  е таму и покрај тоа што е полноќ, чувствував....На нивно изненадување - да, мојот сопруг беше таму и за моја среќа место да ме однесат од сала директно во соба ме однесоа во ходникоот да се видам со сопругот. На мое инсистирање го добив мојот син Лука уште првата вечер, докторката сметаше дека треба да одмарам вечерта но како се смеев јас. Се роди син ми, со неговото раѓање се роди и уште една мајка, се родив и јас, ниту една мајка не е уморна за своето дете а не сум ни јас....Не спиев наредните 48 часа затоа што го гледав, го допирав, го бакнував му се смеев, гледав дали дише....ја имав цела среќа на светот, го имав син ми. Едвај го дочекав утрото да станам да го избањаме син ми да го облечиме во алиштенцата кои неуморно ги спремав за него.Секоја болка беше мала во споредба со големата желбата и среќата да се држи своето чедо....И веќе се беше поубаво....А Лука заспа со првата молитва за него од мама и тато, и сеуште заспива така...а веќе утрото го дочекува со ведрина и енергија.  

Секоја жена ќе стане комплетна кога ќе стане мајка, кога ќе ја добие грижата на мајка, затоа за сите наредни мајки кои треба да раѓаат мал совет, да не го доживуваат раѓањето како страшна работа, болна, само позитивни мисли и размислување дека вие сте му потребна на вашето бебе, слушајте го персоналот и се ќе биде најдобро.

 

Искрени поздрави од уште една среќна мајка на Рингераја:)

P.S Другарка ми беше во право се породив на денот кога кажаа таа и сега нашите најмили растат заедно:)

 

 

Рингераја му посакува среќно детство на Лука !

 

 

Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Бременост 28-ма недела
Мамичке, не грижи се што не мрдам...ми се спие!
4
НЕ, за мобилниот во бременоста!
Спиете со мобилниот, а бремени сте? Се надеваме дека откакао ќе ја прочитате статијава, нештата ќе се променат...
4
Киретажа - значајна гинеколошка процедура
Киретажата претставува мала хируршка операција која се користи како за поставување на дијагноза од материјалот што се до...
4
Бременост со висок крвен притисок
Во тек на бременост, при СЕКОЈ преглед, МОРА да се мери крвен притисок.Слободно потсетете го гинекологот и инсистирајте ...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?