|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

miana: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 22.8.2011
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/31


 

Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 

Ник: miana

Датум на породување: 24.12.2007  година

Тип на породување: природно

Болница: Државна болница

 

 

Се' се случи во еден зимски ден. Последните контроли ги правев во државна болница .Тој ден 24.12.2007 год докторот ми ѕвонел неколку пати на мобилен, а јас воопшто го немав видено телефонот. Со сопругот бевме излезени во град за да ја купиме нашата новогодишна елка и украсите за истата . Кога се вратив го погледнав мобилниот и веднаш се јавив кај докторот за да го прашам зошто ме барал. Тој ми кажа дека ме барал за да дојдам да ме породи со  провокација зошто докторката која е најдобра била на смена ( тој е хирург) ,но веќе си заминала, па рече ај нареден пат кога ќе биде дежурна ќе дојдеш. Инаку терминот за породување ми беше истиот тој ден. Јас и мојот сопруг почнавме да ја украсуваме новогодишната елка и да им се радуваме на сите работи кои што си ги купивме. Бевме сами бидејќи моите свекор и свекрва беа излезени кај пријатели. Јас почнав да пржам компирчиња. Така пржејќи компирчиња почувствував како нешто  малку ми протече во гаќите. Во тој момент се запрашав што ли може да е ? Се прашував себеси дали е можно да е водењакот. Не сакав да паничам, но веќе целата бев збунета. Седнавме да вечераме и повторно нешто протече. Во тој момент му кажав на мојот сопруг но исто така и му кажав дека не сум сигурна бидејќи многу малку ми протекуваше. Реков да не паничиме, ако продолжи ќе му се јавиме на докторот и ќе видиме што ќе каже. Ја накитивме елката и и се восхитувавме. После поминати 10 минути од последното протекување, повторно и повторно почна да ми протекува и тоа се повеќе и повеќе. Влегов да се истуширам и да  се средам меѓутоа сеуште се сомневав. Беше околу 17 часот. Откако излегов од туш почна постојано да ми тече водичката и  тоа во големи количини. Веднаш му се јавив на докторот и му ја кажав ситуацијата. Тој паничар каков што е и рече веднаш облекувај се и право во болница можно е да си одма за на бокс. Нас не фати голема паника а и кола немавме во моментот бидејќи нашиве беа излезени со неа, а живееме далеку и да викнеме такси нема  да дојде. Се јавивме кај нашите и не сакавме да им кажеме дека дојде моментот за да не рашират на пријателите, им кажавме дека докторот ми е дежурен и ме повикал да ме прегледа да си дојдат веднаш. Јас и сопругот почнавме да паничиме и да се тресеме постојано. Водичката течеше и течеше се посилно и посилно. Сопругот повторно се јави кај свекор ми да ги праша до каде се и кога тие му рекоа дека се на пат веќе за накај дома тој им кажа за што се работи за да побрзаат. Наскоро стигнаа нашите со колата и уште кога ја слушнавме излетавме во двор. Влеговме во колата и со многу голема брзина појдовме накај Државна болница.

Кога стигнав таму еден млад доктор кој ми рече да се соблечам за преглед. .Мене ми беше премногу срам бидејќи целата ¨течев¨.  Ми рекоа дека сум отворена само два и пол прсти и дека има време. Силните болки почнаа околу 20 часот и му реков на сопругот да си замине. Почнав да галамам бидејќи веќе ме болеше се повеќе и повеќе а сеуште бев отворена само три и пол прсти. Почнав да викам и сестрите решија да ме качат горе. Кога прашав дали може да добијам спинална ми рекоа дека е доцна веке. Ми ставија чепче, ми направија ЦТГ и тоа беше тоа. Моите болки се зголемуваа и се зголемуваа и покрај моите барања некој да ми помогне, сите само ме гледаа и ништо не превземаа. Залудно се трудев да правам и вежби и да дишам кога болките беа неподносливи. Почнав и да лазам по ходници но никој не ме забележуваше. Од време на време ќе поминеше по некој доктор ќе ме натераше да легнам да ме прегледа но никако да се отворам повеќе. Се по еден прст на 5 саати.

 Цела ноќ викав, плачев и молев но залудно. Утрото собрав сили да му напишам порака на мојот сопруг да ми го најде докторот и да го замоли да ми даде некоја инјекција бидејќи јас бев пред нервен слом. Во 8 часот дојде и докторот и кога ме виде не му се веруваше дека сум јас истата насмеана личност која што се смееше на секој преглед. Ме прегледаа бев отворена 7 прсти .Така преморена и жива ненаспана го замолив со двете раце докторот да ми стават безболна бидејќи веќе не можам да издржам. Тој ме погледна жално, така навикнат да ме гледа насмеана  праша – што не се смееш сега?  Дојде и професорката Адамова и во тој момент докторот ја замоли да ми стават малце провокација. Таа го погледна и му вели- Зошто кога си се отвора полека, полека? Тој и одговори- па се мачи од вчера од 17 часот. Таа дозволи да ми стават провокација а мојот доктор го викна анестезиологот и го замоли да ми стават мала доза спинална за да ме смират малце. Така и се случи. Кога ми ја ставија спиналната ,насмевката на моето лице се врати. Почнав да се смеам, да разговарам и никако да заспијам. Ме ставија на ЦТГ и во едната рака ми течеше провокација. Наскоро дојде една жена со близначиња и мене ми рекоа да станам од креветот за неа да ја вклучат на ЦТГ. Станав и така стоечки ја примав провокацијата. Така стоејќи постепено почнав да чувствувам болки кои се повеќе се зголемуваа. Почнаа и моите први напони. Во тој момент случајно влезе сестра во собата и почна да вика по мене? Што ми се напнуваш ти тука? Јас напнувајќи и велам- не можам да издржам веке. Таа почна да вика по мене – ајде дојди да те видам ваму. Ме ставија на боксот за прегледи и почнаа да викаат – Женава се пораѓа!!! Ме преместија во породилно и му се јавија на мојот доктор. Докторот стигна, а јас веќе напнував. Напнував и кога ќе издишев се смеев на глас. Докторот фатен за глава почна да вика : леле оваа ќе се породи смеејќи се. Ми викаа да издишам една контракција но јас не можев,веднаш напнував. Ми ставија дополнителна провокација во раката и ми рекоа дека овој пат морам да дадам се од себе и бебето да излезе.Така и се случи. Бебето излезе но не плачеше. И ставија некое цевче во устата, ја забришаа, ја прегледаа, се роди со 2650 кг и ми ја ставија така голичка на моето рамо. Во тој момент плачев и се смеев во исто време кога ги видов тие мали, невини, црни очиња како убаво и мило ме гледаа. Ми ја дадоа да ја бакнам и ја однесоа. Дојде  специјализант мене да ме среди и после тоа се напив вода и заспав. Докторот му се јавил веднаш на мојот сопруг да го извести. Ме симнаа долу кај жените и го донесоа моето сонце. Ги прашав останатите жени дали треба да и дадам да цица. Чувството кога бебето прв пат почнува да цица е непоимливо. Го вклучив мобилниот и почнаа ѕвонењата на мојот мобилен. Ми се јави сопругот, ми се јавија моите најблиски и почнаа да стигнуваат најубавите смс пораки кои што и ден денес ги чувам и читам. Бев најсреќната личност и заборавив на целата непреспиена нок. Наскоро дојде и мојот сопруг ми го даде фотоапаратот да ја сликам принцезата за да ја види. Ја сликав и ја снимив за да можат сите да ја видат. Се беше така убаво додека не сфатив дека нешто не е во ред со моето бебе. Го земаа на секои 4 часа и го врака со боцкана глава. Секое утро се надевав дека ќе не пуштат да си одиме а тие велеа – не,вие останувате леукоцитите и се покачени. Моите нерви повторно почнаа да откажуваат и постојано плачев, не јадев и бев многу депресивна. Дојде петок 29.12.2007год и дојде часот кога визитата треба да помине. Моментот кога рекоа денес си одите за мене беше спасов ден. Му се јавив на сопругот да му кажам да дојде да не земе, станав, се растрчав, почнав да јадам (од радост изедов се што ми имаа донесено ) го ослободив креветот, се облеков и чекав да дојдат да ме земат. Пристигна и мојот сопруг но веднаш отиде кај мојот доктор да го почести а свекрва ми јас гледавме како го облекуваат нашето бебе. Откако си дојдов дома разбрав дека бебето голтнало плодова вода и од таа причина не држеа во болница.

Моментот кога стигнавме дома ми беше најубавиот во досегашниот живот. Мојот сопруг постојано ме прегрнуваше и со саати седеше со насолзени очи (од радост) над креветчето на нашата ќеркичка и ја гледаше и велеше- многу е убава, преубава е.

Беше многу мала, црна и убава. Ја избањавме и и се восхитувавме.

Сега е нашето второ дете на пат и со нетрпение го очекуваат мама, тато и дадичка.

 

Сите кои го немаат доживеано ова Ви посакувам најпрво убава и лесна бременост и живи и здрави дечиња.

 

 

Рингераја и посакува среќно детство на ќеркичката на miana !

 

Топ 10 породилни приказни

 

Melanija *: Мојата породилна приказна

 nadica: Мојата породилна приказна

 Тања: Мојата породилна приказна

 Anushka: Мојата породилна приказна

cecka: Мојата породилна приказна

ananikol: Мојата породилна приказна

 kikicka: Мојата породилна приказна

 AnnaMolly: Мојата породилна приказна

 мичо: Мојата породилна приказна

 Palce: Мојата породилна приказна

 

 

Сакате да ни ја испратите Вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.

 

 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Подобрување на интимноста за време на брем...
Бременоста е извонредно искуство кое носи безброј промени во телото и животот на жената. Како што се развива секоја неде...
6
Киретажа - значајна гинеколошка процедура
Киретажата претставува мала хируршка операција која се користи како за поставување на дијагноза од материјалот што се до...
6
Cysticare таблети, помош при уринарни инфе...
HealthAid Cysticare таблетите се специјално формулирани со користење на природни и високо квалитетни билни екстракти кои...
4
Snow Queen: Мојата породилна приказна
Моментот кога јас се претворив во “ние”
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?