|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Медикаментозниот абортус е понов метод за прекинување на несакана бременост со употреба на таблети, наместо со хируршка интервенција која што е позната и како киретажа. Таблетите се пијат ИСКЛУЧИВО по препорака и под надзор на гинеколог

image
/11


 

 

Планирањето на семејство значи и подобро репродуктивно здравје на жените и нивните семејства. На секоја жена треба да и се обезбедат доволно можности и средства за да може самостојно да го планира бројот на децата кои сака да ги има, а со тоа да и се овозможи поздрав и поквалитетен живот. Но, несаканата  бременост се случува и понекогаш жените носат одлука за абортус, односно за прекинување на бременоста. Абортусот е дел од здравствената заштита на жените, а секој поединец има право на здравствени услуги по највисоки можни стандарди, вклучувајќи ги и придобивките од употребата на најновите научни сознанија.

 

Што е медикаментозен абортус?

Медикаментозниот абортус е понов метод за прекинување на несакана бременост со употреба на таблети, наместо со хируршка интервенција која што е позната и како киретажа. Таблетите (кои се пијат ИСКЛУЧИВО по препорака и под надзор на гинеколог) се земаат или преку уста или се ставаат директно во вагината, за да предизвикаат спонтан прекин на бременоста. 

 

Кога се изведува и колку е ефикасен?

Медикаментозен прекин на бременоста може да се изведе во текот на раната бременост па се до 24-та недела од бременоста, сметајќи го првиот ден од последната менструација. Дозата на лековите се менува во зависност од тоа дали прекинот на бременоста се изведува во 9-та недела, од 9-та до 13-та  недела или од 13-та до 24-та недела. Стапката на успешност е најголема во првите девет недели од бременоста.

 

Што ќе почувствува жената за време на медикаментозниот абортус?

Жената која ќе избере да ја прекине бременоста на овој начин ќе почувствува болки во стомакот слични на менструалните и ќе има вагинално крвавење. Кај најголемиот број жени, сето ова започнува по 1-7 часа по земањето на лекот. Вагиналното крварење за време на медикаментозниот абортус е посилно отколку она при менструацијата. Крварењето е посилно во текот на првите 4 часа, а потоа станува послабо и може да трае 9-13 дена, а во ретки случаи и до неколку недели. Количеството и должината на крварењето зависат од должината на бременоста и од видот на користените лекови.

 

Дали има несакани ефекти од медикаментозниот абортус?

Може да се јави гадење, повраќање, дијареја, треска или  главоболка, кои поминуваат за кратко време. Најчесто не се потребни лекови за нивни третман.

 

Кои жени не смеат да го изберат медикаментозниот абортус?

Определени состојби како оштетувања на црнот дроб, генетски болести или појава на алергија на некој од лековите, како и постоење на сомневање за вонматерична бременост, претставуваат пречка за изведување на овој метод. Кај жени кои се на долготраен третман со кортикостероиди или имаат пореметување во крварењето потребна е поголема претпазливост.

 

Каде се изведува?

Секоја жена која се одлучила за медикаментозен абортус  прво мора да се советува со гинеколог, за да ги добие сите потребни информации и совети. Лековите потребни за изведување на медикаментозниот абортус се даваат во здравствена установа – болница.

Прашањето каде ќе се земаат лековите зависи од законите и протоколите на државите каде што овој метод е достапен.

По 7-14 дена неопходно е да се направи котролен преглед за да се утврди дали прекинувањето на бременоста е успешно.

 

Која е разликата меѓу медикаментозниот абортус и итната контрацепција?

Ова се сосема две различни работи. Таблетките кои се користат како итна контрацепција (познати уште како “утро потоа”), се користат за да спречат забременување во првите денови по незаштитениот сексуален однос. Медикаментозниот абортус предизвикува абортус кај жени кои се веќе бремени.

Со Вашиот гинеколог советувајте се за употреба на контрацепција која најмногу одговара на Вашата возраст и стил на живеење. Така ќе ги намалите шансите за непланирана бременост и ќе се избегне потреба од правење абортус. Денес постојат повеќе контрацептивни средства со кои може успешно да го планирате своето родителство и семејство и да придонесете кон подобра грижа за Вашето репродуктивно здравје.

 

Колку е достапен медикаментозниот абортус?

Медикаментозниот абортус се применува во повеќе од 30 земји во светот, вклучително и во голем број од земјите од Европската Унија.

 

Дали во Македонија се применува  медикаментозниот абортус?

Постојат сознанија добиени со истражувања дека извесен број гинеколози во Македонија имаат знаење и искуство во примена на овој метод, како и дека постојат жени кои побарале ваков прекин на бременоста. Сепак, овој метод се уште не е официјално достапен, поради фактот дека лековите кои се потребни за негово изведување, се уште не се регистрирани во земјава.

 

Преземено

Како изгледа водењето љубов за време на бр...
Да ги насмееме идните мајки
20
10 изненадувања по породувањето
Претпоставувам дека сите луѓе кои имаат деца веќе го виделе пеколот, па не сакаат да се навраќаат назад. Но бидејќи јас ...
10
Ова мора да го погледнат сите мајки на дев...
Видео кое е задолжително за сите мајки на девојчиња. Да придонесеме кон спречување на малолетничка бременост!
5
Хормон на бременоста – hCG
Клетките на растечкиот ембрион започнуваат да лачат хормон наречен хуман хорионски гонадотропин или hCG, супстанција кој...
4


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

/
Jana9

Dali odite vo kino so svojot partner?

Da (0%)

Ne (100%)

Ponekogas (0%)


Број на сите гласови: 2

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!