|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Матичен млеч - совршенство од природата

www.rak.mk, 22.10.2011
Матичниот млеч е совршен производ од природата. Тој е корисен за зачувување на здравјето, за зголемување на апетитот и за закрепнување на организмот.
Клучни зборови:

image
/11


 

Уште од времето на Хипократ познато е корисното дејство на матичниот млеч. За неговата лековитост знаеле и старите Кинези кои не го користеле во чиста форма, туку на болните и старите лица им давале ларви од матичњак, бидејќи верувале дека тие го продолжуваат животот, ги обновуваат (регенерираат) клетките и помагаат при оздравувањето.

Млечот има бела до бледожолта боја, во зависност од примесите на цветниот прав, но тоа не му влијае на неговиот квалитет и на неговите фармаколошки својства. Има карактеристичен киселкаст вкус и мирис и се со помала или поголема густина.

Матичниот млеч има незаменливо место во јакнењето и одбраната на имунолошкиот систем. Тој содржи разновидни соединенија, протеински комбинации, имуноглобулини, незаситени масни киселини. Сите овие состојки на матичниот млеч вршат детоксикација (чистење) на организмот, ги ревитализираат и регенерираат клетките, доведуваат до јакнење и подобро функционирање на природниот имунолошки систем на човекот. Благодарение на присутните незаситени есенцијални масни киселини, како и на витамините Е и А, матичниот млеч помага во елиминирањето на слободните радикали, кои се предизвикувачи на тешки заболувања.

 

Пчелично млеко

Матичниот млеч е производ од секрецијата на жлездите на младите пчели и претставува за нив исто што и мајчиното млеко за децата, односно тоа е нивна храна. Ларвите се хранат во првите три дена од својот живот исклучиво со матичниот млеч, а матицата постојано се храни со него. Благодарение на таа храна, матицата е во состојба, да за еден ден, снесе и до 2000 јајца, кои се два пати потешки од неа. Ваквата импресивна биолошка репродукција поттикнала бројни клинички истражувања. Сите тие испитувања го потврдиле благотворното дејство на овој природен биостимулатор и врз човечкиот организам.

 

Состав на матичниот млеч

До сега, во природата не е пронајдена ниедна материја која содржи толку голем број на разновидни витамини и во толкава количина, како матичниот млеч.

Фармацевтите и хемичарите тврдат дека матичниот млеч е мултивитамински производ со многу сложен и комплициран состав.

Современите анализи покажуваат дека матичниот млеч е биолошки високоактивна и многу комплексна супстанција која, покрај белковини, аминокиселини, јагленохидрати, масти и минерални материи, содржи и многу витамини (анеурин B1, рибофлавин B2, придоксин B6, цијанокобаламин B12, биотин витамин H, инозитол, фолна киселина, витамин B9, токоферол, витамин E), како и некои супстанции кои се слични на хормоните.

Научниците тврдат дека матичниот млеч содржи повеќе пантотенска киселина (витамин B5), важен за продолжување на животот, отколку било која друга супстанција од растително или животинско потекло. Во 1 грам матичен млеч најдени се 89 милиграми на витамин B5. Овој витамин (пантотенската киселина - витамин B5) го забрзува растењето и е составен дел на многу коферменти, со што влијае на функцијата на ендокриниот (хормонскиот) систем кај човекот.

 

Лековитото дејство на матичниот млеч

Матичниот млеч ги регенерира (обновува) клетките на организмот. Тој ја намалува вознемиреноста, го враќа мирниот сон, помага при сенилноста, при Паркинсоновата болест, при астеничните неурози...

Посебно се постигнати добри резултати кај децата заболени од хипертрофија, а корисен е и за зголемување на телесната тежина, подобрување на општта здравствена состојба, за подобрување на апетитот, за еластичноста на кожата и поткожното масно ткиво.

Во бројни клинички студии е докажан позитивниот ефект на матичниот млеч и како природен антибиотик.

Кај спортистите, матичниот млеч ја зголемува нивната физичката издржливост.

Познато е дека зголеменото ниво на триглицеридите и мастите е причина за појава на кардиоваскуларните болести. Во болницата Сент Мери, во Њујорк, при крајот на 80–тите години од минатиот век, било спроведено клиничко испитување кое опфатило голем број пациенти. Клиничката студија имала за цел да ја докаже ефикасноста на матичниот млеч во намалувањето на нивото на мастите во крвта. Оваа клиничка судија открила значителен пад на мастите во крвта, па затоа млечот бил препорачан како корисна дополнителна терапија во лекувањето на кардиоваскуларните заболувања.

Битно е матичниот млеч да се користи најдоцна 48 часа по вадењето од кошницата, бидејќи после тоа време, неговата биоактивност опаѓа.

Руските научници успеале, со постапка наречена лиофилизација, да го одржат млечот во активна состојба година дена, но важно е тој да се чува во фрижидер.

 

Во комбинација со медот

Се препорачува матичниот млеч да се зема помешан со мед, бидејќи тогаш му се зголемува дејството, или растворен во 20 или 40% алкохол и да се накапе на јазикот, бидејќи на тој начин влегува директно во крвта, бидејќи алкхолот ги шири порите на слузницата.

 

Испитувањата покажале

Испитувањата покажале и дека во природна форма, матичниот млеч дава многу добри резултати, а се препорачуваат една до две лажички дневно. еден час пред доручекот.

Млечот чессто се користи кај пореметувања во исхраната кај децата, за обновување на општите белковини и за зголемувањето на нивото на албуминот и алфа-глобулинот, против слабокрвност, за лекување на бронхијална астма, за комбинирано лекување на нервниот систем, па дури се користи и во козметиката.

Кај жените, матичниот млеч позитивно делува во периодот на менопаузата. Тој ги ублажува симптомите на менопаузата, како што се: раздразливост, депресија, го намалува потењето, топлотните бранови и друго.

Млечот е корисен и за мажите. Тој ја зголемува прокрвеноста на простатата, а со тоа и го намалува отокот на простатата и притисокот врз мочниот канал. На тој начин и го олеснува мочањето.

 


Извор: www.rak.mk

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Стриите избледуваат со помош на мајчино мл...
Дали сте слушнале за ваков обид – избледување на стрии со мајчино млеко? Звучи по малку смешно а можеби се работи за нач...
4
Evy Baby - нови бебешки пелени!
Со комбинација од искуството и најновата технологија за среќни бебиња и мамички, Evyap ги вклопи сите карактеристики што...
3
Календар на исхрана од 4-12 месеци
Воведувањето на цврста храна кај доенчињата може да биде забавно, весело и интересно, но е предмет на сомнежи и двоумење...
3
Зимско мени за децата
Ниските температури го принудуваат детскиот организам да работи со двојно повеќе енергија, за да се компензираат енергет...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?