|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Маститисот е особено карактеристично заболување за доилки. Иако ретко, од маститис може да страдаат и мажи и деца.

image
/11


 

 

Што е маститисот?

Маститисот претставува инфекција на дојката и се изразува во воспаление на млечните жлезди. Веројатноста и двете гради да се воспалат истовремено  е минимална. Болеста е карактеристична за доилки. При појава на некои од симптомите на маститис, потребен е задолжителен преглед со цел навремено да бидат преземени мерки. Дури и ако не станува збор за сериозно заболување, важно е маститисот да се лекува навреме, за да не се претвори во апсцес. Обично гноен маститис настапува по прекин на доењето, ако се појавил, а не е навремено лечен.

Што го предизвикува маститисот?

Обично инфекцијата се појавува при запушени млечни канали, мали ранички, модринки, или лупење на кожата околу брадавицата. Можно е инфекцијата на навлезе во жлездите на млечните канали без да има мали ранички. Главната причина за појава на маститис е задржувањето на млеко во градите, или неправилното доење. Намалениот имунитет е исто така значаен фактор во појавата на маститис. На маститисот влијаат стресот, анемијата, неправилната исхрана, а може да е последица на носењето на премногу стегнат градник.

Иако ретко, од маститис може да страдаат и мажи, а причините се кријат во намалена функција на тестисите и болести на црниот дроб. Маститисот кој се појавува во фаза на адолесценција, обично се должи на хормонални нарушувања.

Симптоми на маститис

Родилки, кои за прв пат во својот живот дојат, се особено заплашени од болеста маститис. Уште во првите денови по породувањето може да се појави т.н. застоен маститис, предизвикан од недоволната циркулација на млекото. Во овој случај симптомите се набрекнати гради, болка при допирање на градите, проширување на поткожните вени, напната кожа, црвенило. Постои веројатност т.н. застоен маститис да се претвори во гноен . Следува покачување на телесната температура, истекување на млеко, замор, вртоглавица. При појава на маститис доењето станува непријатно и болно, така што задолжително побарајте медицинска помош.

Како се лекува маститис?

По потреба се прави ехо-преглед на дојка за да се утврди со сигурност болеста, да се види отокот на млечната жлезда и да се преземат соодветни мерки. Ако доите, многу е важно бебето да го исцица млекото, или Вие да го измолзете остатокот, за да не се задржува млеко во градите. При гноен маститис потребна е хируршка интервенција.

Една од заштитните мерки против оваа болест е подготовка за доење, неколку недели пред породувањето. Потребно е по секое доење да ги измиете брадавиците бидејќи при присуство на мали ранички може да се појави инфекција.

По започнувањето на третманот за лекување на маститис не е потребно да го прекинете доењето. Дури доењето на секои два часа ќе Ви помогне болеста да не се развие во гноен маститис. Непријатното чувство и болката во градите ги тера некои жени да се откажат од доење. А всушност доењето претставува еден од најефикасните третмани за лекување на маститис. Болеста не води до загадување на мајчиното млеко, како што веруваат многу жени, така што не брзајте со одлуката за премин на вештачка храна. Постои веројатност млекото да стане погусто, но секако е добро за бебето. Само во одделни случаи мајчиното млеко може да содржи гној или крв.

 

 

 

Забелешка:

Сите материјали, публикации, коментари, теми и категории, како и целата содржина на Рингераја.мк, се од информативен карактер и истите НЕ можат да заменат консултација со лекар за дијагностика и лечење. За се што е поврзано со Вашето здравје, консултирајте се со својот матичен лекар.

 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Бебешкиот фото албум на Принцот Вилијам
И Принцот Вилијам некогаш беше бебе. Погледнете го неговиот фамилијарен албум со фотографии од неговато најрано детство.
4
Дали знаете дека...
Коските некогаш престануваат да растат?
4
Како антибиотиците влијаат на здравјето на...
Дали некогаш сте се запрашале како давањето антибиотик на детето во најрана возраст може да влијае на него кога ќе порас...
4
Дали го вакциниравте Вашето дете?
Дали го вакциниравте Вашето дете против мали сипаници?
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?