Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Што може да предизвика главоболка кај децата?
Постојат голем број фактори кои можат поединчено, икли во комбинација да предизвикаат главоболка кај децата – од невролошка или не невролошка природа. Доколку главоболката не е поврзана со невролошка природа, често е поврзана со акутни респираторни инфекции, покачена температура воспаление на увото, синуси или анемија. Интересно е што дури и уринарните инфекции кај децата може да предизвикаат главоболка. Главоболката може да настане и како резултат на емоционална напнатост под чиј притисок е детето подолго време. Исто така може да биде реакција н а лекови доколку детето се лечи од некои други болести (на пример астма). Недоволно спиење или внесување на мала количина на вода во текот на денот, може да предизвика главоболка. Доколку постои семејна историја на главоболки, се зголемува можноста и детето да страда од такви болки. Повредите на главата исто така може да предизвикаат главоболка.
На која возраст може да се јави главоболка?
Тоа може да биде многу рано. Секако, потребно е говорот да биде развиен за детето да може да Ви каже дека нешто го боли, а тоа е 2-3 година од животот. За да се открие причината за главоболка, најважна е опсервацијата на родителите или блиските лица, кои може да воочат дали и кога детето се жали на главоболка и дали навистина ја има, или тоа жалење е начин да привлече внимание.
Дали и децата може да имаат мигрена?
Секако. Мигрената може да се јави зачудувачки рано кај децата. Додека е доенче, или во втората година од животот детето може да има симптоми кои укажуваат на мигренозни болки. Најчести симптоми се нестабилност при движење, вртоглавица, болки во стомакот, повраќање раздразливост, изненадно заспивање...Се јавуваат одеднаш, траат извесно време, а потоа престануваат. Почесто се јавува кај момчињата отколку кај девојчињата.
Дали на децата треба да им се даваат лекови против главоболка?
За да се дијагностицира било кој вид на главоболка, потребен е одреден период на опсервација од нерволог, што обично трае четири до шест недели. Тоа е период во кој родителите водат дневник на главоболки и ги опишуваат сите промени поврзани со однесувањето на детето и ситуациите кои претходат на појавата на главоболка. Потребно е на детето да му биде даден лек против болка, бидејќи не е во ред да се остави да го боли главата. Добар ефект се постигнува со Парацетамол или Ибупрофен во доза препишана од лекар.
Постои ли начин да се спречат главоболките?
Тоа всушност спаѓа во најважниот дел. Исклучително е значајно да се препознаат факторите кои можат да провоцираат главоболка и да се работи на нивна елиминација. Здравиот начин на исхрана со три главни оброци и две ужини, земањето на доволна количина течности, посебно во летните месеци и после физичка активност и доволно сон, се некои од мерките кои помагаат во спречување на појава на главоболка. Доколку забележите дека кај детето се развива главоболка, поттикнете го да легне во кревет, затемнете ја собата и отстранете се' што му пречи. Исто така, избегувајте ги ситуаците во кои Вашето дете чувствува напнатост, или заради тоа е уплашено или нервозно, па обидете се да ги избегнете.
Превенција од појава на главоболка
Доколку детето Ви се пожали на главоболки кои се повторуваат, задолжително обратете се кај педијатар. Ако е неопходно, педијатарот ќе Ве упати кај невролог, кој ќе го одреди понатамошниот начин на испитување, ќе ја открие причината и ќе одреди терапија.
Она што родителите можат да направат е да му обезбедат на детето вообичаена дневна рутина адекватен одмор, пријатни и среќни моменти и здрав начин на исхрана. Тие се главните фактори за спречување на појава на главоболка.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Правилна исхрана на мали деца во лето
Малите деца, особено во лето се повеќе изложени на ризик од болести ко...
Зошто магнезиумот е важен во бременоста?
Магнезиумот е минерал од витално значење во текот на нашите животи. Ос...
Колку вода да пиете додека сте бремени?
Предлогот за пиење вода за време на бременоста е околу шест до осум ча...
Бременост.
пеперутка16
Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?