|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Македончето родено 440 грама порасна!

Редакција Рингераја, 16.8.2013
Ќерката на Тереза и Роберт Милошески, Стела е родена во 23 недела со тежина од само 440 грама. Модерната медицина обично е немоќна да ги спаси бебињата родени пред 23 недела, но Стела е исклучок од правилото. Македонче е!

image
/11


 

 

Стела е родена во 22 недела и 5 ден – само 1 недела постара од најмалото родено и преживеано бебе во светот. Докторите велат дека Стела преживеала бидејќи е едно од најхрабрите бебиња кои ги имаат видено и благодарение на дарежливите донатори на крв кои дарувале за 8 трансфузии на девојчето.

Кога Стела се роди на 19.март во King Edward Memorial Hospital во Австралија, тежеше само 440 грама. Докторите им кажаа на родителите Роберт и Тереза да се подготвуваат за најлошото, бидејќи бебињата родени толку мали имаат многу мали шанси да преживеат.

Но по 18 недели интензивна нега и специјален третман од најстручниот тим за предвреме родени деца, Стела имаше неверојатно оправување.

 

1

 

“Таа е силно девојче. Мора да биде таква, инаку нема да биде овде.”

“Многу е необично  што реанимиравме бебе родено во 23 недела. Јас не се сеќавам на бебе кое направило се' како што треба, како Стела што го направи тоа. Таа навистина е извонредно преживеано бебе.”

Професорот Симер објасни дека Стела имала само 40 мл. крв кога се родила и потребни и биле осум трансфузии, бидејќи толку малите бебиња не можат да ги надополнуваат своите резерви, особено со сета крв што се зема за извршување на медицински тестови.

“Стела ги охрабри луѓето да донираат крв за неа. Тоа е апсолутно суштински дел од грижата за предвреме родените бебиња. Тие не можат да преживеат без донација на крв. Тоа за нив е најубавиот подарок.”

 

4

 

5

 

По поминати четири месеци во болницата, Стела ја достигна тежината на нормално родените бебиња и беше подготвена да си оди дома.

 

2

 

“Многу сум благодарна на неонаталниот тим во болницата King Edward Memorial Hospital што и дадоа на Стела шанса за живот”, рече госпоѓа Милошески. “Таа не би била овде без нивните интервенции и се разбира без великодушноста на крводарителите, бидејќи Стела имаше многу трансфузии на крв.”

 

6

 

Роберт и Тереза Милошески се македонци кои живеат во West Leederville Австралија, повеќе години.

 

3

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Како да и помогнете на мама кога бебето пл...
Дали навистина знаете каква е ВИСТИНСКАТА поддршка на мајката кога нејзиното бебе плаче и има проблеми да го утеши? Пров...
6
Календар на исхрана од 4-12 месеци
Воведувањето на цврста храна кај доенчињата може да биде забавно, весело и интересно, но е предмет на сомнежи и двоумење...
5
Фото: Тамара Тодевска на плажа со семејството
Тамара Тодевска сподели фотографии од семејниот одмор на плажа со сопругот и двете деца Хана и Дарен
4
Хурем стана мајка!
Актерката Мерием Узерли, славната султанка Хурем од серијата Величенствениот, вчера стана мајка!
4




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?